Забава
На патот околу светот одлучи во секоја земја да спие со една жена сè додека не стигна до 90. држава
Mихаел Бернт имаше 23 години кога замина за Австралија. Дотогаш речиси никогаш на заминал подалеку од Кунерсдорф, населба од 400 жители во Дрезден (германска покраина Саксонија). Тој не зборуваше англиски и немаше многу пари, но тоа не беше важно по искуството што целосно ќе му го промени неговиот живот.
„Една вечер се запознав со бразилска девојка во хостел и одеднаш се најдовме во страсна прегратка. Си помислив: ‘Во твојот Кунерсдорф не можеш тукутака да се сретнеш со Бразилка’“, изјави Михаел за „Билд“.
Потоа тој направил план: 100 земји, 100 жени. Тој одлучи дека нема да замине од ниедна земја, без да ја помине ноќта со барем една нејзина државјанка.
Во Шпанија тој првпат присуствуваше на познатиот Фестивал на гаѓање со домати за да заврши во соба со две жени и еден маж, кој ги снимаше во љубовна игра.
„Случајно се најдов во улога на порноактер, а подоцна тоа навистина почнав да го работам“.
Тој се занимаваше со разни сезонски работи и како готвач во австрискиот хотел „Штанглвирт“ ги угости боксерот Владимир Кличко и германскиот фудбалски тим.
На патот до целта Михаел помина низ многу работи, во Мексико беше во затвор бидејќи имаше секс на плажа со страсна Мексиканка.
За време на патувањето низ светот тој се оженил двапати: еднаш за да добие виза за Австралија и уште еднаш во Лас Вегас, во пијана состојба.
Потоа се појави Лиза, која ја запозна во 90-тата земја. Меѓу нив се роди љубов, но Мајкл сепак сакаше да го исполни својот план. Имаше среќа бидејќи Лиза немаше ништо против да ја пополни листата.
Во меѓувреме тие добија две деца и оттогаш патуваат заедно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Генијален трик со кибрити ќе ја спаси секоја билка што вене
Ставањето кибрити во саксија можеби ви звучи како суеверие, но зад овој трик стои и наука. Со негова помош можете да одгледувате поздрави растенија кои побрзо ќе цветаат и ќе даваат плодови.
Доколку вашите билки и собни растенија не напредуваат, иако имаат доволно светлина и топлина, причината може да биде недостиг на есенцијални минерали во почвата или присуство на штетници.
Поставувањето кибрити во земјата околу растенијата во саксии создава средина што ги одбива штетниците, а истовремено ги „храни“ растенијата со неопходни минерали.
Кибритите содржат фосфорен сесквисулфид, калиум-хлорид и мали количини магнезиум и железни оксиди. Некои видови содржат и црвен фосфор.
Сулфурот во кибритите помага во борбата против штетници без употреба на хемикалии штетни за луѓето, додека калиум-хлоридот и црвениот фосфор делуваат како дезинфициенс и природен пестицид и се сметаат за безбедни за употреба, наведува „Ask Prepper“.
Често е тешко да се одреди точната количина ѓубриво за растенијата. Тие најдобро напредуваат со почести и помали дози, што бара редовна рутина.
Растенија како бамја, модар патлиџан и пиперки се особено зависни од хранливите материи во почвата, но и чувствителни на нивната рамнотежа. Прекумерна количина азот од хемиски ѓубрива може да доведе до буен раст на листови, но без цветови и плодови.
Користењето кибрити како природно ѓубриво ги елиминира овие проблеми. Со редовно наводнување, влагата постепено ги раствора главите на кибритите, ослободувајќи сулфур, фосфор и магнезиум, кои ги хранат растенијата.
Фосфорот и фосфорниот сесквисулфид го поттикнуваат развојот на пупки. Доволно е да забодете 10 до 20 кибрити во земјата, така што главите да бидат добро закопани. Најдобро е тие да се постават на половина растојание меѓу работ на саксијата и стеблото. Не ги ставајте премногу блиску до стеблото за да не го оштетите коренот.
pexels
Забава
Застани и погледни каде си: хороскоп за последните денови од 2025
Последните денови од 2025 година не носат големи ветувања, туку тивка, но силна порака – застанете и погледнете каде сте. Ова е период на затворање циклуси, внатрешни пресметки и свесно отпуштање на сè што ве исцрпува. Малите одлуки сега имаат долгорочно влијание.
Ова не е време за пасивно чекање, туку за активна лична одговорност, јасност и искреност кон себе.
Овен – Успорување и поставување граници. Помалку обврски значат повеќе енергија.
Бик – Вредности и пари. Крај на трошоци и односи што не ве почитуваат.
Близнаци – Комуникација. Искрен разговор носи олеснување.
Рак – Емоционален баланс. Учите да не ги носите туѓите грижи.
Лав – Идентитет. Престанувате да се докажувате – суштината останува.
Девица – Здравје и рутина. Мали промени носат брзи резултати.
Вага – Односи. Бирате мир и стабилност, не компромис по секоја цена.
Шкорпија – Контрола. Ослободувањето носи вистинска сила.
Стрелец – Насока. Ги преиспитувате целите и правите искрен избор.
Јарец – Одговорност кон себе. Балансот станува подеднакво важен како и обврските.
Водолија – Иднина и планови. Идеите сега стануваат темел за 2026.
Риби – Внатрешен глас. Интуицијата води – тишината носи одговори.
Забава
„Зooтопија 2“ стана најпрофитабилен холивудски филм за 2025 година
Вториот дел од приказната на неочекуваното дуо, „Зоотопија 2“, е официјално најпрофитабилниот холивудски филм за оваа година.
Анимираното продолжение на Дизни , преполно со животински ликови, веќе достигна импресивни 1,13 милијарди долари светски приходи само 20 дена по премиерата, победувајќи го римејкот на „Лило и бод“, кој заврши со 1,03 милијарди долари.
Сепак, надвор од Асоцијацијата на филмски уметници, кинескиот анимиран блокбастер „Не Жа 2“ останува најголемата заработка во 2025 година со огромни 1,9 милијарди долари.
depositphotos

