Забава
На плажа во европски град, мажите и жените се’ уште ги дели ѕид
Колку ви звучи реално дека во Европа, во 21 век, во 2024 година, на едно многу познато и популарно место, сè уште има ѕид на плажата што ги дели жените и мажите?
Колку и да е необична приказната, таа е вистинита. А сето тоа се случува на плажата во Трст= која мештаните ја нарекуваат „Педочин“. Тоа е последната плажа во Европа која функционира по овој принцип.
Постои од 1903 година, кога Трст бил под австроунгарска власт. Плажата ја преживеа монархијата, дваесет години фашизам, две светски војни, сојузничка окупација и други превирања во изминатите децении. Првично беше поделена со ограда, но подоцна беше заменета со ѕид, кој само еднаш бил срушен и преместен – во 1959 година, кога женскиот дел бил проширен на штета на машкиот.
„Ние рековме не, тие сакаа да го тргнат ѕидот за да ги обединат мажите и жените. Направивме петиција и рековме – не, ѕидот не се чепка. Ова е институција. Институција од времето на Австро-унгарија. Затоа , ѕидот ќе остане како што е“, велат Умберто и Алберто Еторе од Трст.
Зошто доаѓаат тука? Момчињата велат дека доаѓаат тука за сенка и мир, што нагласуваат дека го имаат поради ѕидот што ги дели од жените.
Донатела, Маида и Патриша од Трст истакнаа дека е подобро да се капат без мажи.
„Слободно се чувствуваме, шетаме мирно во долна облека, бидејќи само жени не’ гледаат. Жената може да дојде и тогаш кога не ги направила сите „женски работи“ како депилација и нокти“, нагласуваат тие.
На новинарите им беше потешко да влегуваат во делот за жени и деца до 12 години. Правилата таму се многу построги. Влезот требаше да го одобри градската управа, а посетата беше најавена преку разглас на сите капачи.
Властите неколку пати се обиделе да го отстранат ѕидот, а тоа било решено на референдум одржан во 1943 година. Локалните граѓани одлучија ѕидот долг 74 метри да остане.
Последен пат за ѕидот беше одлучено во доцните 80-ти, но дури и тогаш луѓето уште еднаш гласаа дека сакаат да го задржат. Затоа што е дел од меморијата, традицијата и идентитетот на градот, се наведува.
За оваа плажа се напишани книги, а снимен е и документарен филм кој беше претставен на Канскиот фестивал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
На Никол Кидман и се додворува познат милијардер: на актерката и се насмевнува нова љубов?
Славната Никол Кидман изгледа подобро од кога било во кариерата, се согласуваат многумина. Пред пет месеци, таа официјално се разведе од музичарот Кит Урбан, со кого беше во брак 19 години и со кого има две ќерки.
Животот продолжува, за што сведочи и фактот дека Кит Урбан веќе пронашол нова љубов, а Никол ужива во својот сингл живот – засега. Сепак, можеби нема да остане сама долго, бидејќи наводно и се додворува влијателниот бизнисмен Пол Салем, кој им признал на своите блиски пријатели дека би сакал да ја запознае, пишува Дејли Меил.
Двајцата наводно имаат многу заеднички пријатели и досега се сретнале двапати, но официјално не се запознале, ниту разговарале.
Пол Салем е исто така разведен и е татко на четири ќерки со неговата поранешна сопруга Навин, со која го заврши бракот во 2021 година.
Тој е претседател на одборот на директори на MGM Resorts International, ко-сопственик на бејзбол тимот Worcester Red Sox, а со децении беше еден од лидерите на инвестициска фирма.
Никол Кидман и Кит Урбан постигнаа конечен договор за развод минатиот месец, откако актерката поднесе барање за развод во септември минатата година. Според извештаите, тие го постигнале договорот без поголеми несогласувања, а не е познато дали имале предбрачен договор.
Забава
(Фото) Една од најубавите жени во светот го поддржа својот сопруг во секси облека
Актерката Ева Мендес е во врска со актерот Рајан Гослинг од 2011 година, со кого тајно се омажи во 2022 година, а денес тие се сметаат за еден од најхармоничните познати парови кои изградиле многу стабилен семеен живот.
Познато е дека убавата Ева е меѓу најголемите обожаватели на својот сопруг до ден-денес, а тоа го докажа со објавување на серија црно-бели фотографии на Денот на вљубените на кои позира во кревет, облечена само во маица.
И не е било каква маица, туку една со ликот на Рајан Гослинг, а со овој гест го поддржа неговиот најнов филм „Project Hail Mary“.
Маицата е неколку броеви поголема, но дури и во неа Ева Мендес изгледа неверојатно секси, па, како што се очекуваше, на Инстаграм следеше лавина од комплименти.
И не е прв пат таа да го поддржи својот сопруг на овој начин, бидејќи ова е убава традиција за познатиот пар – да се поддржуваат еден со друг на овој начин – со одбрани маички.
Забава
(Фото/Видео) Ќерката на Синди Крафорд остава без зборови во „гол“ фустан
Моделот Каја Гербер, ќерка на познатата мајка Синди Крафорд, се појави на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Independent Spirit“ во смел фустан во кој изгледаше божествено, докажувајќи дека е свесна за модата и е вистинско олицетворение на еден од најбараните модели на сите времиња.
@voguespain #KaiaGerber y la demostración de que un vestido con transparencias puede ser el look más sofisticado. La modelo y actriz estuvo anoche en los Independent Spirit Awards ✨ #SpiritAwards #modaentiktok ♬ original sound – nj.audios
Каја избра целосно транспарентен, тесен фустан од чипка без ракави кој ја истакна нејзината совршена фигура, а тоа смело модно парче е од престижната куќа „Живанши“.
Во впечатлив фустан, таа привлече и погледи и воздишки, и самоуверено позираше за фотографите и снимателите, вешто правејќи ги најдобрите пози.
Фустанот доаѓа од колекцијата пред есен 2026.

