Забава
На Флоренс Пју ѝ рекле да го смени изгледот доколку сака успех во Холивуд
На Флоренс Пју ѝ било кажано да ослаби и да го промени обликот на своето лице доколку сака успешна кариера во Холивуд.
26-годишната британска актерка, ѕвезда на психолошкиот трилер Don’t Worry Darling („Не грижи се, драга“), се отвори за своите рани денови во забавната индустрија и откри дека била ужасена кога пристигнала во Лос Анџелес како тинејџерка бидејќи ѝ рекле да направи многубројни промени во изгледот.
Во интервју за весникот „Телеграф“ таа откри: „Се чувствував многу среќна и благодарна и не можев да поверувам дека добив шанса. Но, сите работи што тие се обидуваа да ги променат кај мене – без разлика дали тоа беше мојата тежина, мојот изглед, обликот на моето лице, обликот на моите веѓи – тоа, дефинитивно, не беше она што сакав да го работам или индустријата во која сакав да работам“.
Првата голема улога на актерката дојде во филмот The Falling од 2014 година и таа продолжи со улога во ТВ-филмот „Студио сити“, но Филоренс била разочарана од нејзиното искуство во САД и сметала дека направила погрешен избор за кариера.
„Почувствував дека направив огромна грешка“.
Сепак, Флоренс продолжи со својата актерска кариера назад во својата родна Велика Британија и во 2016 година доби главна улога во „Леди Магбет“. Овој проект ја натерал повторно да се заљуби во киното.
„Мислам дека е премногу лесно за луѓето во оваа индустрија да ве туркаат лево-десно. Имав доволно среќа што на 19 години открив каков актер сакав да бидам“, додаде таа.

Во најновиот филм „Не грижи се, драга“, Флоренс и Хари Стјалс глумат среќен брачен пар што живее во навидум совршена станбена област во САД во текот на 50-тите години. Нивниот дом го обезбедува мистериозната компанија, во која работи сопругот.
Водена од љубопитноста за вистинската природа на бизнисот на својот сопруг, таа открива дека идилата во која живее има своја темна страна. Прашањето е дали е подготвена да изгуби сè за да ја дознае вистината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Брејк објави нова песна „Една во милион“
Музичарот Дарко Гелев‑Брејк објави нова песна „Една во милион“.
Новиот сингл доби и видео спот. Ова музичко дело е плод на наши познати лица од музиката.
Музиката е на Никола Перевски Пере од „Нокаут“, аранжманот на Дарко Димитров, текстот е на Игор Џамбазов, а миксот и мастерингот на Дарко Димитров.
Забава
Бритни Спирс ги продаде правата за сите нејзини хитови
Бритни Спирс ги продаде правата за целиот свој музички каталог, профитирајќи од наследството што го изгради со хитовите како Baby One More Time и Toxic. Според правните документи, каталогот е продаден на издавачката куќа Primary Wave, и иако износот не е откриен, медиумските извори го опишуваат како историски договор споредлив со продажбата на каталогот на Џастин Бибер за околу 200 милиони евра.
Според документите, 44-годишната пејачка го потпишала договорот на 30 декември. Извори блиски до Спирс велат дека таа е задоволна од одлуката и слави поминувајќи време со своите деца, синовите Шон (18) и Џејден (17), кои ги има со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.
Со овој потег, Спирс се придружува на голем број музички ѕвезди кои профитираа од своите каталози во последните години. Меѓу нив се Џастин Бибер, Брус Спрингстин, Боб Дилан, Шакира, Стинг и Фил Колинс.
Каталогот на Бритни Спирс се смета за еден од највредните во модерната поп музика. Нејзината кариера започна во 1999 година со нејзиниот деби албум Baby One More Time, кој се продаде во повеќе од 10 милиони примероци и помина две недели на врвот на табелата Billboard Hot 100.
За време на нејзината кариера, таа постигна 11 синглови број еден, повеќе од 30 песни во топ 10 и издаде девет студиски албуми. Вкупната продажба на нејзините албуми надминува 100 милиони примероци низ целиот свет.
Хитови како „Toxic“, „Oops!… I Did It Again“, „Gimme More“ и „Womanizer“ ѝ донесоа бројни номинации за Греми, МТВ и Билборд награди. Нејзината музика продолжува да генерира огромни приходи од услугите за стриминг, радио емитување, како и употреба во филмови, реклами и на платформи како TikTok.
Забава
(Видео) Најубавата жена на светот е номинирана и за најдобра актерка: Сите зборуваат за нејзиниот стил
Ема Стоун, која ја носи титулата најубава жена на светот, блесна на 98-та гала вечера на номинираните за Оскари. Самиот настан се одржува пред Оскарите и ги собира сите номинирани ѕвезди за таа година во хотелот Беверли Хилтон.
Ема, која беше номинирана за најдобра актерка во филмот „Бугонија“, беше таа што ги привлече сите погледи со необична, но привлечна комбинација. Таа носеше смокинг фустан кој комбинира класичен стил и гламур, и не завршува тука. Црната креација е исто така украсена со доза на сексапил бидејќи има длабоко деколте и мини крој.
Покрај тоа, цветниот детаљ беше забележлив – централниот мотив кој го нагласуваше тоа многу длабоко деколте. За да го комплетира стајлингот, таа се одлучи за отворени потпетици.
Што се однесува до шминката, таа носеше нежни, земјени тонови и едвај забележливи додатоци – ситни обетки.

