Забава
На ѕвездата на „Бејвоч“ ѝ е дијагностициран рак: Мислев дека тоа е знак за менопауза
51-годишната ѕвезда од хит серијата „Спасувачка служба“, Никол Егерт, во понеделникот откри дека во декември 2023 година ѝ бил дијагностициран рак во втор стадиум.
Егерт изјави за „Пипл“ дека мислела оти нејзините симптоми се знаци на менопауза додавајќи дека за три месеци се здебелила 11 килограми и дека во октомври почувствувала страшна болка во левата града. По откривањето на грутката при самопрегледот, се јавила на лекар.
View this post on Instagram
„Беше навистина мачно и болно. Отидов кај мојот општ лекар, а таа ми рече дека треба веднаш да се прегледам“, објасни Егерт.
Инаку, Егерт имала тешкотии да закаже состанок кај специјалист бидејќи „секогаш било резервирано“, па таа „морала да чека до крајот на ноември за да го заврши тоа“. Иако мамограмот и трите биопсии потврдија дека има рак на дојката, таа сè уште не знае дали болеста се проширила и на другите делови од телото.
Мајката на две деца ќе мора да се оперира и моментно чека онкологот да утврди кога ќе почне со хемотерапија и зрачење.
„Таму е. Треба да се извади. Прашањето е дали треба да го направам третманот пред операцијата или тие првин треба да ја направат операцијата за да можам да го продолжам лекувањето“, рекла актерката.
Сепак, нејзиниот најголем страв е губењето на децата Киган (12) и Дилин (25), пренесува „Пејџ сикс“.
„Дилин е возрасна, но дома имам 12-годишно дете, кому јас сум му единствен старател. Немам семејство. Немам ништо“, рече таа.
Дополнително, Егерт се присети на ужасот на лицето на Киган кога ѝ ја кажала дијагнозата.
„Ова е нешто низ кое морам да поминам. Ова е нешто што морам да го надминам. Ѝ требам повеќе од што било или кој било“, рече таа. Егерт исто така им кажа на слушателите на еден поткаст дека го прави својот годишен мамограф секој декември, но исто така откри дека „жали што ги вградила имплантите“.
Една од пријателите на Егерт, Минди Молинари, создаде страница GoFundMe за да ѝ помогне на актерката да се справи со претстојниот финансиски товар.
„Егерт е упорна и отсекогаш наоѓала начини да се снајде, но ова е поинаку“, објасни Молинари. „Таа нема да може да работи поради операциите и третманите“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.
Забава
Велат дека изгледаат како „мајка и син“, но тие се сакаат лудо: „Беше многу болно“
Поранешната мисица Пријанка Чопра (43) ужива во хармоничен брак со Ник Џонас (33) осум години, барем така се мислеше претходно, а секој пат кога се појавуваа заедно беше вистински празник за очите. Сè додека гласините за проблеми во бракот и потенцијален развод не станаа почести.
Пријанка и Ник се родители на девојче, Малта, и ако може да се верува на најновото интервју дадено од една од најубавите жени на светот, сите гласини се само обични лаги.
„Заедно сме осум години. Ако луѓето сè уште сакаат да чекаат сè да се распадне, тоа е нивен избор. Веќе не размислувам за тоа“, изјави таа за Variety.
Со оглед на тоа што Пријанка е десет години постара од Ник, можно е ваквите гласини да започнале поради таа разлика, со оглед на тоа што понекогаш погрдно ги нарекуваат „мајка и син“ на социјалните мрежи.
„Мислам дека работата е во тоа што доаѓаме од различни култури, различни земји, различни религии, разлики во возраста. Беше многу болно. Не обрнувавме внимание на тоа што другите зборуваа, наместо тоа само се гледавме и си мислевме ‘не е важно’. Денес, никакви коментари не влијаат врз нас“, истакна кралицата на убавината.
Пријанка Чопра и Ник Џонас се венчаа по само шест месеци врска, што од оваа перспектива можеше да биде лош потег.
„Кога се омажив за него, не бев ни сигурна дали дел од него е вистински. Мислев дека е лудо и дека глуми, но Ник е целосно искрен и тоа ме инспирира секој ден. Тој е секогаш ист“, заклучи Пријанка.

