Забава
Невозможно е да се расправате со нив: три хороскопски знаци кои секогаш мора да бидат во право
Тие се одлични познавачи, вистински лидери и помагаат во моменти на потреба, но во исто време се прилично иритирачки. Овие хороскопски знаци секогаш мора да бидат во право и никогаш нема да признаат дека грешат
Има некои знаци со кои едноставно не се осмелувате да се расправате бидејќи знаете дека нема лесно да се ослободите од нив, освен ако конечно не „признаете“ дека се во право (макар и да не верувате). Умеат и најлежерниот разговор да го претворат во предизборна дебата. Полни со самодоверба и тврдоглавост, често ги наоѓаме на лидерски позиции, но несомнено тие не се најпријатните луѓе за разговор. Кои се тие?
Хороскопски знаци кои секогаш мора да бидат во право
Лав
Како знак кој црпи сила од Сонцето, Лавот има непоколебливо чувство на самодоверба и самопочит, кое доаѓа до израз секогаш кога ќе се впушти во разговор, а особено кога се обидува да ги убеди луѓето околу него дека е во право. . Дури и ако очигледно греши, нема да ја ревидира својата позиција, бидејќи чувствува дека му е нарушено достоинството. Значи, ако разговорот со некој ве нокаутира и на крајот се обидувате да го завршите со фразата „ајде да се согласиме да не се согласуваме“, или ако се преправате дека се согласувате и потоа барате излез за итни случаи, веројатно имате Лав пред вас.
Девица
Позната е по практичниот дух, вниманието на деталите, упорната потрага по совршенство, се наоѓа на второто место на листата на хороскопски знаци кои секогаш мора да бидат во право – Девица! И иако другите можат да забележат нечија грешка и сепак да ги остават работите на мира, Девицата сигурно нема да се преправа дека не ја видела и нема да се двоуми да му укаже на оној што ја направил. Без разлика дали не се согласува со колегите или со пријателите и семејството, Девицата никогаш, никогаш нема да се откаже додека не почувствува дека победила. Фактот дека има вештина да задржува многу информации, некои од нив тривијални, и не се двоуми да ги сподели тие информации во секоја прилика, ја прави да изгледа дека знае се.
Водолија
Иако во секојдневниот живот може да остави впечаток дека е „во свој свет“, кога ќе и се даде можност да учествува во расправија, таа дава се од себе. Таа се трансформира, станува исклучително зборлива и самоуверена и не се двоуми да го покаже своето незадоволство ако дури и се посомнева дека нејзиниот соговорник не е доволно информиран. Вистина е дека ужива да биде информирана и да учи во текот на целиот живот, но колку и да е жедна за учење и да изгледа отворена за нови впечатоци и работи, таа никогаш, ама баш никогаш нема да признае дека некој друг е во право. Водолијата може да продолжи да инсистира додека не зајде сонцето, наведувајќи го секој извор што може да ја поддржи нејзината поента.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Светскиот вокален феномен Емели Санде на 7 ноември во Скопје
Скопје станува дел од светската музичка мапа со концертот на единствената Емели Санде, најмоќниот женски вокал на новата светска соул ера. На 7 ноември, во арена „Борис Трајковски“, македонската публика ќе има привилегија да ја доживее во живо артистката која ја редефинираше емоцијата во музиката и со својата автентичност го освои светот.
Со повеќе од 20 милиони продадени изданија, милиони стримови и бројни меѓународни признанија, Емели Санде е уметник со несомнен светски статус. Низ годините, нејзините песни како “Next to Me”, “Read All About It”, “Clown”, “Beneath Your Beautiful” и “My Kind of Love” станаа химни на милиони луѓе. Таа е позната по способноста секоја нота да ја претвори во приказна, а секој настап во незаборавен момент. Нејзиниот вокал, опишан како еден од најпрепознатливите на современата сцена, носи сила, длабочина и искреност што ретко кој артист денес ја поседува.
Концертот на 7 ноември, ќе биде дел од нејзината европска турнеја, на која Емели Санде се претставува во модерно, свежо и драматично продукциско пакување. Настапот во Скопје ќе понуди врвна жива изведба со бенд, моќна продукција, визуелни елементи и сценографија, сет листа што ги опфаќа најголемите хитови и нови песни, интимни моменти во кои Емели ја открива својата уметничка душа пред публиката.
Дополнително, концертот на Емели Санде во Скопје се реализира во рамките на Scream Festival – фестивал кој обединува врвни светски и регионални уметници и носи силна културна и продукциска вредност на домашната сцена. Покрај настапот на Емели Санде, фестивалската програма ќе вклучи и други внимателно одбрани изведувачи, создавајќи неколкучасовно музичко доживување.
Картите се веќе пуштени во продажба и истите може да ги купите преку продажната мрежа на: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК травел во Бисер и Јк Травел Дајмонд.
Забава
(Видео) Трик од 2 секунди: Алиштата ќе ви се исушат двојно побрзо
Овој едноставен трик за сушење алишта би можел да стане ваш мал, но корисен сојузник во зимските домашни работи.
Сите сакаме нашите алишта да се исушат што е можно побрзо по перењето, особено во текот на зимските денови, кога сушењето алишта е вистински кошмар. Сепак, на интернет има многу корисни совети и трикови, а еден таков совет се однесува на перењето и сушењето алишта.
Секогаш кога ви се чини дека сте бомбардирани со трикови за да го олесните животот дома од сите страни, не заборавајте дека некои од нив навистина би можеле да ви го променат животот.
Еден таков совет би можел да биде оној поврзан со перењето и сушењето алишта, особено затоа што знаеме дека е во наш најдобар интерес алиштата да се исушат што е можно побрзо.
Австралијката Шенон Леш, експерт за домаќинство, постојано успева да им помогне на луѓето ширум светот со своите необични и генијални совети во врска со обичните домашни работи.
Еден од советите што е дочекан со ентузијазам е побрз начин за сушење алишта. Трикот трае две секунди и дава неверојатни резултати.
Нејзиниот трик за побрзо сушење стана вирален. Шенон објаснува дека најефикасниот метод е да се стави сува крпа во машина за сушење алишта полна со влажни алишта. Таа тврди дека ова ќе ги исуши влажните алишта три пати побрзо, а исто така ќе потрошите помалку електрична енергија.
Ефикасноста на трикот е потврдена и од други
Корисникот на TikTok, Питер Волш, исто така го сподели овој едноставен совет, кој, според него, може да го скрати времето на сушење во машината за сушење алишта за половина. Тој додава дека овој трик помага бидејќи крпата ја апсорбира вишокот влага и ја подобрува циркулацијата на воздухот во уредот.
@thepeterwalshshowpod A useful life hack
Според искуствата на корисниците, резултатите се видливи по кратко време. Некои тврдат дека забележале значителна разлика по само 15 минути сушење. Други истакнуваат дека го користат овој метод со години, особено со помали количини алишта. Исто така, препорачливо е да се центрифугираат потешки парчиња облека пред сушењето.
Бројни коментари на социјалните мрежи ја потврдуваат ефикасноста на овој трик. Корисниците велат дека ќе го применуваат овој метод со секое перење во иднина. Тие исто така се надеваат на помала потрошувачка на енергија и пократко време на сушење.
Едноставен додаток како сува крпа би можел да стане мал, но корисен сојузник во зимските домашни работи.
Забава
(Видео) Каролина Гочева: Ви благодарам што после 15 години ја вративте песната во живот
Во последно време „Крај“ почна погласно да се пее на сите концерти и сѐ почесто добивам и гледам разни видеа, ремикси… па направив една кратка домашна, инстаграм верзија да ви се заблагодарам што после 15 години ја вративте песната во живот, напиша македонската пејачка Каролина Гочева покрај видеото што го објави на социјалните мрежи.

