Забава
Неговата поранешна сопруга се омажи вторпат, а тој сè уште е сам: „Мораше да ја прифати нејзината среќа“
Познатата манекенка Жизел Бундшен му го кажа судбоносното „да“ на Хоаким Валенте на интимна церемонија со кого неодамна го доби своето прво заедничко дете.
Поминаа три години од разводот на еден од најубавите парови, Жизел и Том, и сега двајцата тргнаа по свои патишта и се во добри односи поради двете деца што ги имаат во бракот.
Сепак, Жизел најде утеха порано, со оглед на тоа што Брејди официјално не претставил девојка, иако медиумите го поврзуваат со неколку убавици, вклучувајќи ја и Ирина Шајк.
Како што сега открива извор за „Дејли мејл“, Брејди бил информиран за свадбата и единственото нешто што му преостанувало е да го прифати фактот.
„За него, тоа не беше тајна. Сè уште треба да разговараат за децата и иако овие разговори се многу често кратки, важните животни пресвртници, распоредите и нејзината свадба, секако се нешто што таа не сакаше да го крие од него“, рече изворот.
Во 2022 година беше откриено дека Жизел и Том раскинале по 13 години брак. Брејди наводно бил повеќе посветен на спортот отколку на семејството, што била една од причините за разделбата.
„Тој е среќен на едноставен начин. Среќен е затоа што таа е среќна. Можеби и тој ќе се ожени во иднина и би сакал Жизел да го прифати тоа, па затоа мора тој да ја прифати нејзината среќа. Ако беше вознемирен, тоа би значело дека сè уште има чувства кон неа и би било неправедно кон децата ако не сака мајка им да биде среќна и да продолжи понатаму“, додаде изворот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

