Забава
Неделен хороскоп: Близнаците ќе добијат пофалби од шефот, Раковите важен мејл, Овните порака од старата љубов
Неделна астролошка прогноза за периодот од 31 март до 6 април 2025 година
Овен
Работа: Во вторник имате сериозен разговор со шефот – бидете подготвени да ги браните своите ставови.
Љубов: Партнерот би можел да искаже поплака која долго време ја држел внатре. Слободниот Овен ќе добие порака од поранешна љубов.
Здравје: Главоболката кон средината на неделата е сигнал дека ви треба повеќе одмор и помалку стрес.
Бик
Работа: Неделата носи неочекуван предлог за деловна соработка – прифатете само ако се е црно-бело.
Љубов: Можни се тензии со партнерот околу планирањето на заедничката иднина. Слободните запознаваат некој кој е интригантен преку работата.
Здравје: Дигестивни проблеми околу четврток – избегнувајте брза и тешка храна.
Близнаци
Работа: Ќе добиете пофалби од претпоставените, но и задача која бара целосна концентрација до петок.
Љубов: Некој ќе ви се отвори и ќе ги признае чувствата – нема да останете рамнодушни.
Здравје: На почетокот на неделата ќе се чувствувате исцрпени – квалитетниот сон нека ви биде приоритет.
Рак
Работа: Во среда ќе добиете важна е-пошта што може да го промени вашиот работен тек во април.
Љубов: Партнерот ќе биде расположен да зборува за минатото – бидете искрени.
Здравје: Ментален пад околу викендот – ви треба мир и изолација од негативни влијанија.
Лав
Работа: Голем проект влегува во завршна фаза – не дозволувајте ситниците да ви ја уништат репутацијата.
Љубов: Зафатените Лавови ќе доживеат љубоморен испад од партнерот, а слободните во четврток ќе влезат во интересен флерт.
Здравје: Ќе почувствувате напнатост во грбот – време е за повеќе движење или масажа.
Девица
Работа: Можна грешка во документацијата ќе предизвика нервоза во четврток – бидете прецизни.
Љубов: Партнерот ќе предложи заеднички проект или план кој дополнително може да ве поврзе.
Здравје: Чувствителниот стомак и недостатокот на апетит можат да ви го нарушат ритамот – јадете редовно.
Вага
Работа: Некој од тимот ќе се обиде да ја преземе вашата идеја – задолжително документирајте се’.
Љубов: Излегувањето во петок би можело да ви донесе ново познанство кое ќе ве заинтригира.
Здравје: Можни се блага вртоглавица – внимавајте на внесот на течности.
Скорпија
Работа: Ќе бидете под притисок поради роковите – обидете се да делегирате задачи.
Љубов: Партнерот ќе бара јасност во вашите чувства, а слободните Скорпии би можеле да се заљубат на прв поглед.
Здравје: Ќе доживеете несоница на почетокот на неделата – намалете го кофеинот и избегнувајте екрани пред спиење.
Стрелец
Работа: Ненадејно може да се појави патување поврзано со работата – одлуката ќе зависи од вас.
Љубов: Врската влегува во помирна фаза, но под површината демнат неискажани сомнежи – зборувајте.
Здравје: Заморот и исцрпеноста ќе бидат присутни цела недела – телото бара одмор.
Јарец
Работа: Вашиот претпоставен ќе ви даде задача која може да биде пресвртница во вашата кариера – не ја пропуштајте можноста.
Љубов: Партнерот може да ја отвори темата за заеднички живот или селење.
Здравје: Можни се болки во рамото и вратот поради премногу седење.
Водолија
Работа: Кон средината на неделата ќе добиете вести кои ќе ве мотивираат да започнете сопствен проект.
Љубов: Некој од кругот на пријатели ќе ви покаже романтичен интерес – вашата реакција ќе биде пресудна.
Здравје: Ќе почувствувате пад на енергијата – повеќе сон и свеж воздух ќе бидат доволни за закрепнување.
Риби
Работа: Ви претстои деловен предизвик – решавањето на конфликтот во тимот ќе зависи од вашата дипломатија.
Љубов: Партнерот ќе ве изненади со искрен гест. Слободните би можеле да ги обноват контактите со поранешниот партнер.
Здравје: Можни промени во расположението – воведувањето рутина ќе помогне да се стабилизирате.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
По олимпиското злато, пирсингот на Алиса Лиу станува опасен вирален тренд
Откако американската уметничка лизгачка Алиса Лиу го освои златниот медал на Зимските олимписки игри во Милано, стоматолозите предупредија за здравствените ризици поврзани со виралниот тренд што таа ненамерно го започна. 20-годишната Лиу привлече внимание и со својот пирсинг, кој многумина почнаа да го копираат.
Лиу го освои златото во поединечна конкуренција на 19 февруари, откако претходно славеше во тимска конкуренција. Таа стана првата Американка што освои поединечен олимписки златен медал во уметничко лизгање за 24 години и првата медалистка за Соединетите Американски Држави во оваа дисциплина од 2006 година.
Додека медиумите известуваа за нејзиниот медал, на социјалните мрежи кружеа видеа на кои се гледаше сребрен накит над нејзините заби. Станува збор за таканаречен „смајли“ пирсинг, кој се поставува во тенката кожа што ја поврзува горната усна со непцата и е видлив само кога лицето се насмевнува широко.
Интересот се зголеми уште повеќе кога Лиу во јануари за NBC изјави дека самата го направила пирсингот, со помош на нејзината сестра. „Го направив тоа пред повеќе од две години. Сестра ми ми ја држеше усната, а јас само ја зедов иглата и ја ставив низ неа“, рече таа.
Стоматолозите сега предупредуваат дека ваквите процедури не треба да се прават дома. Американското стоматолошко здружение (ADA) истакнува дека оралниот пирсинг носи голем број ризици бидејќи устата е дом на голем број бактерии.
„Устата е дом на милиони бактерии, поради што инфекциите и отокот се чести. Отекувањето на јазикот или усните може да биде толку силно што го отежнува дишењето, а постои и ризик од задушување ако дел од накитот се откине“, според упатствата од MouthHealthy, организација која работи во соработка со ADA.
Стоматолозите, исто така, предупредуваат за можноста за оштетување на забите при гризење на накитот и трајно оштетување на непцата поради постојано триење. Можни се и компликации како што се крварење, лузни, враснат накит што бара хируршко отстранување и дренажа на раната.
„Најдобро е да размислите за отстранување на накитот пред да стане проблем. Оралниот пирсинг бара постојана грижа и одржување. Консултирајте се со вашиот стоматолог за совет“, велат тие.
фото/ЕПА
Забава
(Видео) Која е убавицата во црвениот фустан што привлече внимание на доделувањето на БАФТА наградите?
Маура Хигинс беше ѕвездата на црвениот тепих на доделувањето на наградите БАФТА, а нејзиниот драматичен црвен фустан стана главна тема на разговор на социјалните мрежи.
Во тесен црвен сатенски фустан со долг црн дел што се влече, ријалити ѕвездата беше една од највпечатливите на престижната церемонија.
Која е Маура Хигинс?
Маура Хигинс е 35-годишна ријалити ѕвезда која се здоби со слава во 2019 година како финалист во популарното британско шоу „Love Island“.
Моментално може да се види во ријалити шоуто „The Traitors“. Таа се појави на настанот во Кралската фестивалска сала заедно со голем број познати актери.
За оваа пригода, таа избра фустан украсен со црни монистра, а комбинацијата ја заокружи со црни проѕирни ракавици. Фустанот беше доволен сам по себе, па не претеруваше со накит. Косата ја собра во елегантна пунџа, а шминката ѝ беше воздржана и поприродна.
Иако таа вечер не беше меѓу номинираните, Хигинс неодамна го имаше своето актерско деби во ирската комедија „The Spin“.
Според „Дејли меил“, иако има само неколку реплики во филмот, нејзиното пристигнување на црвениот тепих наводно ги импресионирало филмските инсајдери и „големите холивудски шефови“. Велат дека многумина прашале за нејзините планови во филмската индустрија.
Забава
Петнаесет минути во Лувр: Фотографија од апсењето на Ендру осамна покрај Мона Лиза
Петнаесет минути Мона Лиза и Милоската Венера имаа нов сосед, Ендру Маунтбатен-Виндзор. Активистите закачија фотографија од апсењето на поранешниот британски принц во музејот Лувр во Париз за да покажат „како светот ќе го памети“, пишува „Евроњуз“.
Британската антимилијардерска група „Сите го мразат Елон“ објави фотографија вчера на ѕидот на познат француски музеј, со натпис „Сега се поти“. Тоа е референца на катастрофалното интервју за „Њузнајт“ од 2019 година со Емили Мејтлис, во кое поранешниот принц тврдеше дека не може да се поти и затоа ја обвини жртвата Вирџинија Џуфре дека лаже кога вели оти го видела испотен во ноќен клуб.
Џуфре, која изврши самоубиство минатата година, го обвини Маунтбатен-Виндзор дека имал сексуални односи со неа кога таа била малолетничка, со која тргувал педофилскиот финансиер Џефри Епштајн.
View this post on Instagram
Фотографијата го прикажува Маунтбатен-Виндзор на задното седиште на „рејнџ ровер“ откако ја напуштил полициската станица во Норфолк. Тој помина 11 часа во притвор таму откако беше уапсен во четвртокот под сомнение за злоупотреба на службената должност. Тоа беше прво апсење на висок член на британското кралско семејство од апсењето на кралот Чарлс I во 1647 година.
Групата „Сите го мразат Елон“ сподели видео на Инстаграм од своите членови кои ја прикачија фотографијата, со опис: „Велат ‘закачете го во Лувр’. Така и направивме“.
„Мислевме дека ќе му покажеме на поранешниот принц Ендру како светот ќе го памети со објавување на оваа иконска фотографија од неговото апсење во Лувр“, изјави групата за Ројтерс. „Да се надеваме дека ова е само почеток. Правда за сите жртви на Епстин“.
Персоналот на Лувр ја отстрани фотографијата 15 минути подоцна.
Маунтбатен-Виндзор беше уапсен откако американската влада објави милиони документи поврзани со Епстин. Меѓу нив беа копии од е-пошта што наводно покажуваа дека Маунтбатен-Виндзор споделувал класифицирани информации со Епстин додека работел како британски трговски претставник. Маунтбатен-Виндзор продолжува да негира какво било кривично дело.
Поранешниот војвода од Јорк останува осми во редот за наследување на тронот, а минатата недела беше објавено дека владата на Сер Кир Стармер разгледува закон за отстранување на Ендру од редот на наследници, со што ќе се спречи тој некогаш да стане крал.

