Забава
Некогаш најсилниот човек во светот го уништија стероидите и теговите
Рони Колман (55) е човекот кој го популаризираше бодибилдинг и го крена на највисоки гранки. Тој осум пати победи на елитното натпреварување „Мистер Олимпија“, кое ги собира најдобрите бодибилдери во светот, а речиси не постои списание за вежбање на чијашто насловна страница не бил .
Можеби изгледа невкусно кога неколку мажи од 120 килограми намачкани со масло ќе се качат на сцената и ги покажуваат мускулите, но тоа е спорт.
Патот до врвот и славата бара многу одрекувања, а во однос на бодибилдингот, и употреба на некои забранети средства. Човечкото тело има граници и понекогаш не може да ги поднесе сите тие напори, а тоа на своја кожа го има почувствувано и легендарниот бодибилдер Колман.
Колман на својот профил на Инстаграм откри дека со години се мачи со колената и грбот, а имал и три операции во вредност од два милиони евра за да може да оди, но сè се искомплицирало па бодибилдерот веќе не можеше ни да стои.
„Сметам дека операциите не поминаа како што треба и сè доведе до тоа што веќе не можам ни да стојам на нозете. Мора да сфатите дека не ми е лесно, дека секоја операција е многу тешка и дека една чини околу 500.000 американски долари. Само за последните три операции потрошив околу два милиони долари, но и покрај тоа сè уште не можам да стојам, но нема да се откажам и ќе продолжам да се борам со ваша поддршка“, напиша Колман на социјалните мрежи.
Многу луѓе му префрлаа за масовната употреба на стероиди иако првично тврдеше дека не ги користи. Експертите за бодибилдинг веруваат дека тој е иницијатор на ново движење во кое било важно да се има што е можно помалку масни наслојки, па бодибилдерите изгледале како нацртани и премногу вештачки со бројни стероиди.
И покрај тоа, Колман ќе остане како легенда која го прослави овој спорт и го крена на високи гранки, но тој успех сега го фрли во инвалидска количка и одењето стана луксуз за него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

