Забава
Неколку модни парчиња кои Џенифер Анистон постојано ги врти во круг и секогаш е добро облечена

Џенифер Анистон се смета за една од најпознатите стилски жени во Холивуд и не е тешко да се разбере и зошто.
Од серијата „Пријатели“, која ја направи славна, до многуте други филмови, таа прошета во бројни модни комбинации кои инспирираат и примамуваат воздишки.
Вешто негувајќи опуштен стил, таа изгледа како најелегантната девојка од соседството.
Анистон секако ги освои нашите симпатии со нејзината улога во култната серија „Пријатели“ од 90-тите, а нејзиниот моден израз секогаш пријатно изненадува, – оддавајќи ѝ почит на улогата на Рејчел Грин, но и создавајќи свој класичен и лежерен стил – токму затоа ја сакаме уште повеќе.
Веќе сте забележале како нејзините најдобри комбинации на облека вешто комбинираат софистицирано палто, докажан тексас, црни чевли… или неизбежните црни фустани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Леонардо Ди Каприо се шеташе на пазар во фустан, откри актерката Миријам Марголис

Актерката Миријам Марголис отворено зборуваше за своето неочекувано пријателство со Леонардо Ди Каприо за време на снимањето на филмот Ромео и Јулија.
Таа ѝ раскажа на колумнистката на Дејли мејл, Брајони Гордон, како со холивудската ѕвезда поминувале часови купувајќи заедно на пазарите во Мексико Сити, каде што носењето фустани од страна на ДиКаприо довело до збунетост.
Марголис го пофали неговиот извонреден актерски талент и единствен начин на гледање на светот, потсетувајќи се дека го запознала кога имал само 21 година.
Во подкастот The Life of Bryony, зборуваше за својата кариера и ја промовираше автобиографската книга The Little Book of Miriam.
„Мислев дека Леонардо Ди Каприо е геј. Носеше фустан и, не знам, имав чувство дека сакаше коментар. Мислам дека му годи кога луѓето зборуваат за него“, изјави актерката.
„Бевме во Мексико Сити и одевме на шопинг. На сетот реков дека сакам да одам на пазар, а Лео ме праша дали може да оди со мене. Дојде во фустан – не знам зошто носеше фустан, тоа треба него да го прашате. Се сеќавам дека беше летен фустан, беше жешко тој ден“, додаде таа.
„Му реков: ‘Мислам дека си геј.’ Тој ми одговори: ‘Не сум, не сум.’ Јас инсистирав: ‘Мислам дека ќе сфатиш дека си, грешиш.’ Сепак, тој не е геј. Мојот геј-радар тогаш згреши“, изјави Марголис.
Таа со насмевка се присети на соработката со младиот Ди Каприо, опишувајќи го како навистина фин човек.
Во познатата адаптација на Ромео и Јулија на Лурман од 1996 година, таа ја играше дадилката.
„Беше многу драг, одличен актер и супер партнер за шопинг. Многу го засакав. Ми се допаѓаше начинот на кој гледаше на животот, а во филмот беше фантастичен“, истакна актерката.
Забава
Мачор авантурист – Кикирикa повторно се појави во паб оддалечен на 50 километри од дома

Пинат (Кикирика) од Линколн, Велика Британија, стана редовен посетител на пабот оддалечен повеќе од 50 километри, откако двапати сам се упатил во Нотингем – во рок од само еден месец.
Овој љубопитен мачор пред една година предизвикал вистинска паника кај своите сопственици кога исчезнал и завршил во пабот во јули, а потоа повторно во август.
„Не можам да му замерам. Ако јас побегнев од дома, паб би било одлично место за почеток на таква авантура,“ изјави сопственичката Чарли Ролингс.
Кикирика бил двапати вратен дома од страна на своите сопственици откако бил пронајден во пиварницата.
Runaway cat travels over 30 miles to pub – twice – tap the pic to read more https://t.co/CBbwMuWied
— BBC Nottingham (@BBCNottingham) September 2, 2025
Госпоѓа Ролингс, која го вдомила чипираниот мачор во ноември, рече дека првпат исчезнал три недели по 3 јули.
За BBC Radio Lincolnshire изјави:
„Никогаш претходно не исчезнал, никогаш не одел далеку од дома, па не можевме да поверуваме каде отишол. Не повикаа од ветеринар и кога ни кажаа каде е, прво помисливме дека можеби го удрил автомобил.“
Таа претпоставува дека Кикирика „влетал во нечие комбе или автомобил“, додавајќи: „со него се случиле и почудни работи.“
По второто исчезнување на 27 август, Чарли сфатила дека решителниот Кикирика повторно го пронашол патот назад.
„Се појави во пиварницата дури во петокот, па почнувам да верувам дека можеби оди пеш. Дефинитивно е многу бестрашен мачор и точно знае што прави,“ вели таа.
Во пиварницата Пинат добил и прекар – Скрич, по едно од нивните пива.
„Ќе мора да го впишеме во програмата за лојалност ако продолжи вака. Прекрасен е, малечок и многу гласен. Го нарековме Скрич затоа што прво го слушаш, па дури потоа го гледаш,“ изјави Џесика Колинс, менаџерка на пиварницата.
Колинс додаде дека кога се затвора пиварницата, Кикирика оди до пабот „Vat & Fiddle“, кој се наоѓа во истиот комплекс. Нејзината теорија за неговото второ појавување е дека можеби одел по шините.
Интересно, при првото исчезнување мачорот се појавил дури по една недела, но вториот пат стигнал за само три дена.
„Изгледа дека сега совршено го знае патот. Секогаш е добредојден, но сепак се грижиме за него,“ заклучува Колинс.
Забава
(Видео) Џулија и Ема Робертс заедно на црвениот тепих по 13 години: Изгледаат како близначки

На гламурозна забава што се одржа во рамките на Неделата на модата во Њујорк, Џулија и Ема Робертс се вратија заедно на црвениот тепих за прв пат по 13 години.
Џулија ја воодушеви публиката во елегантен голем црн костум инспириран од машката мода, носен преку класична бела кошула.
Нејзината внука Ема, ќерка на Ерик Робертс, за пригодата избра светло црн шифон фустан со тенки прерамки. Нивните идентични нијанси на бакарна коса дополнително ја истакнаа впечатливата сличност меѓу нив.
View this post on Instagram
Средбата меѓу тетката и внуката, за прв пат од премиерата на филмот „Исус Хенри Христос“ во 2012 година, беше прикажана во вирално видео споделено од Vogue. Видеото го прикажува моментот кога тие топло се прегрнале и се смееле, пред да позираат заедно пред фотографите.
Патем, во интервју за Variety во јули минатата година, Ема отворено зборуваше за своето восхитување од Џулија и ја изрази својата желба еден ден да работат заедно на проект.
„Би сакала да го најдам совршениот проект за мене и мојата тетка, и знам дека нешто ќе се случи. Но, никогаш не беше вистинскиот“, рекла таа.
Фото: принтскрин, видео