Забава
„Нема шанси!“ На Хари и Меган им забраниле да го фотографираат моментот кога кралицата првпат ја запознава својата правнука
Кралицата им забранила на принцот Хари и на Меган да донесат фотограф во замокот Виндзор за да го сними моментот кога Лилибет ја запознава Лилибет, објавија британските медиуми, алудирајќи на првата средба меѓу кралицата и нејзината правнука.
Војводата и војвотката од Сасекс во четвртокот попладне првпат ја запознаа својата ќерка Лилибет со прабаба ѝ, дознава „Сан“. Тие сакаа да донесат приватен фотограф за да ја сними нивната прва средба лице в лице, но им беше кажано „не“.
Лилибет го доби името по прекарот на кралицата од детството предизвикувајќи бура реакции поради тврдењата дека „на нејзиното височество не ѝ било кажано за одлуката“.

Хари (37) и Меган (40) се вратија во Калифорнија во неделата попладне, без ниту една фотографија, пренесува весникот.
Имаше стравувања дека сите фотографии од кралицата и Лилибет направени од фотографот на парот ќе им бидат споделени од нив на американските телевизиски мрежи.
Истиот извор цитира инсајдер, кој рекол: „Хари и Меган сакаа нивниот фотограф да го сними моментот кога Лилибет ја запознава кралицата“.
„Но, им беше кажано дека нема шанса. Тоа беше приватна семејна средба“.
Бакингемската палата не сакаше да коментира.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

