Забава
Необјавена снимка од Џон Ленон се продава на аукција во Копенхаген
Аудиокасета, на која има снимен разговор со Џон Ленон и Јоко Оно додека ја посетиле Данска во 1970 година и досега необјавена песна на Ленон, ќе се најде на аукција денес (28 септември) во Копенхаген.
Лентата со песната Radio Peace е снимена на 5 јануари 1970 година од четири момчиња од Данска, кои успеале да добијат интервју со парот за локално училишно списание.
Аукциската куќа „Брун Расмусен“ соопшти дека аудиокасетата, која четворицата ја продаваат заедно со фотографиите од состанокот, е проценета меѓу 31.500 и 47.000 долари.
За време на 33-минутната снимка, Ленон зборува за мировната кампања на двојката, неговата фрустрација од имиџот на „Битлси“ и за должината на косата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Јупитер утре влегува во Близнаци: три хороскопски знаци ќе уживаат како никогаш досега
Со влегувањето на Јупитер во знакот Близнаци на 4-ти февруари, за многумина ќе се отворат вратите на нови можности и успех. Овој транзит носи придобивки кои ќе се манифестираат преку финансиски напредок, раст на кариерата и лична среќа.
За три среќни знаци, овој период претставува вистински момент за постигнување на целите и започнување на нови, возбудливи фази од животот.
Близнаци
Со Јупитер во нивниот знак, Близнаците ќе уживаат во неверојатна експанзија во сите области од животот. Очекувајте многу инспирација, нови идеи и можности кои ќе дојдат во вистинско време. Ова е совршено време за постигнување деловен успех – без разлика дали се работи за промоција, нова кариера или започнување сопствен бизнис. Вашиот социјален живот ќе процвета, а новите деловни и емотивни врски носат стабилност и среќа.
Вага
Вагите ќе уживаат во можностите што ги носи Јупитер кај Близнаците, бидејќи ќе се отворат бројни можности за учење, патување и професионален развој. Доколку се занимавате со креативна или комуникациска работа, очекувајте нови извори на приходи и значителна поддршка преку деловни соработки, особено во странство. Овој период е идеален за инвестирање во вашето образование и проширување на мрежата на контакти што може да ви донесе долгорочни придобивки.
Водолија
За Водолијата, Јупитер во Близнаци претставува период на големи можности во кариерата и креативните проекти. Ако работите на нешто иновативно, сега е време да ги споделите вашите идеи со светот – успехот е речиси сигурен! Исто така, љубовниот живот ќе ви цвета, па немојте да се чудите ако се појави личност која дополнително ќе ве мотивира и инспирира. Вашата харизма и шарм ќе бидат на врвот!
Забава
(Фото) Тејлор Свифт се појави во црвен фустан, фановите велат: „Му испрати порака на момчето“
Тејлор Свифт се појави на 67. Греми-награди во црвен фустан, а фановите се убедени дека откриле скриено значење зад нејзиниот избор на фустан. Имено, глобалната поп-ѕвезда на доделувањето на наградите се појави сама, а со неа не беше ни нејзиното момче Тревис Келце, НФЛ-ѕвездата со која е во врска од 2023 година.
Свифт позира на црвениот тепих во краток црвен фустан на Вивиен Вествуд со црвени блескави детали. Комбинацијата ја заокружи со црвен кармин и обетки во истата боја, а на многумина им привлече внимание и огромниот прстен со рубини.
Фановите се убедени дека нејзиниот избор на оваа боја е очигледен знак на поддршка за Келце, кој игра за Канзас Сити Чифс, а црвената боја е нивниот заштитен знак. Сепак, тоа не е единствената порака што ѕвездата наводно му ја испратила на своето момче. На ногата ѝ висеше синџирче со приврзок во форма на буквата „Т“.
„Мини фустан?! Приврзок ‘Т’ на ногата?!? Таа кажа сè“, напиша еден фан на „Твитер“, а друг додаде: „Деталите се сè“.
Забава
(Видео) 22-годишната Клавдија ќе ја претставува Грција на Евровизија
Грците избраа кој ќе ги претставува на овогодинешниот избор за песна на Евровизија во Базел, Швајцарија.
Учествуваа 12 песни, а телевизиската мрежа ЕРТ ги повика граѓаните да гласаат за својот фаворит. Покрај публиката, својот глас го дадоа и членовите на националното и меѓународното стручно жири.
Победник на натпреварот е Клавдија Пападопулу со песната „Астеромата“.
Клавдија доби 44 поени, а второпласираната Евангелија со песната „Вале“ 42 поени.