Забава
„Нетфликс“ воведува претплата со реклами
„Нетфликс“ ја претстави својата поевтина опција за претплата со реклами, но повеќето корисници не се импресионирани од количината на достапна содржина вклучена во пакетот.
Поевтината опција Netflix Basic With Ads е веќе достапна во САД по цена од 6.9 долари месечно, и ќе биде достапна во 12 земји: Австралија, Бразил, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Кореја, Мексико, Шпанија, Велика Британија и САД.
Компанијата претходно откри дека опцијата поддржана од реклами нема да го вклучува целосниот каталог на „Нетфликс“, односно ќе недостигаат 5 до 10 проценти од содржината од поскапите пакети.
„Ограничен број филмови и ТВ-емисии нема да бидат достапни поради ограничувањата за лиценцирање. Во зависност од земјата, околу 5 до 10 проценти од насловите нема да бидат достапни на Netflix Basic With Ads, “ изјави главниот оперативен директор на „Нетфликс“, Грег Питерс.

По лансирањето на овој пакетот Basic with Ads, корисниците пријавуваат исчезнување на многу популарни серии и филмови, како што се The Sinner, Arrested Development, The Good Place, House of Cards, New Girl, Good Girls, The Magicians, Skyfall, 28 Days и Peaky Blinders.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото/Видео) Една од најубавите жени во светот го сруши интернетот со разголени објави
Познатата и некогаш најплатена манекенка Алесандра Амбросио, која на 45 години со право се смета за една од најубавите и најзгодни жени во светот, моментално ужива во одмор во родниот Бразил, во придружба на нејзиното момче Бак Палмер.
Како поранешно лице на „Ангелите на Викторија“, таа успешно им пркоси на годините, а нејзиното извајано тело секојдневно инспирира восхит, и се чини дека го живее животот до максимум и ужива во нова љубов.
Таа објави серија провокативни фотографии и видеа од егзотичен одмор, позирајќи во танга бикини и покажувајќи го секој дел од своето совршено тело, а вниманието го привлече и нејзиниот партнер, кој исто така се фалеше со извајани мускули.
Тие се еден од најжешките познати парови со причина, а нивната врска започна во октомври 2024 година.
„Моето парче рај“, напиша Алесандра Амброзио на Инстаграм.
Зачудувачката убавица е сè уште кралица на модните писти, а таа воодушеви со својата самодоверба и изглед на големата ревија за враќање на „Викторијас Сикрет“.
Таа има две деца со поранешниот вереник Џејми Мазур, ќерката Ања и синот Ноа, а тие се разделија во 2018 година, но останаа во пријателски односи.
Забава
(Видео) Во 90-тите, мажите беа луди по неа, а денеска на 57 години таа се уште е неверојатно згодна
Пејачката Гвен Стефани е една од оние дами кои, дури и во своите 50-ти години, сè уште имаат причина гордо да ја покажуваат својата завидна фигура, а во нејзиниот случај и својата неверојатна енергија на сцената.
Со својот настап во Лас Вегас, оваа популарна музичка ѕвезда уште еднаш докажа зошто е на врвот на листата на најубави жени во светот, и привлече големо внимание со својот младешки изглед.
Таа носеше смела комбинација и апсолутно немаше потреба да крие ништо, бидејќи дури и на 57 години е вистинска секс бомба. Во чипкан горен дел што личи на градник и карирани панталони со плисирано здолниште, таа го покажа својот совршено рамен, затегнат стомак и деколте.
Ја собра косата високо, а шминката беше во согласност со нејзиниот стил – со препознатливиот и впечатлив црвен кармин што најчесто го нанесува.
@vegas I’ll never stop talking about seeing @Gwen Stefani at @Lenovo Tech World inside @Sphere ♬ original sound – Las Vegas
Не недостасуваше одлично расположение на сцената и во публиката, а пејачката повторно воодушеви со своето убаво, иако не сосема природно лице – беше критикувана дека е непрепознатлива поради козметички процедури.
Иако никогаш отворено не признала дека направила пластична корекција, разликата во споредба со претходниот период од нејзината кариера е очигледна.
Забава
(Фото) Драстична промена на почетокот на годината: Таа повеќе не е русокоса и тотално нè изненади
Иако Новата година штотуку започна, една од најпознатите модели на денешницата, Џиџи Хадид, одлучи да влезе во 2026 година како „нова“ личност. Иако отсекогаш ја познававме како русокоса, таа направи драстична промена и се приклони кон фаталните бринети.
Своите руси прамени ги замени со трендовска црна боб фризура, а оваа промена се покажа како многу смела, но и совршено одговара кога е во прашање лицето на Џиџи Хадид. Ѝ донесе сосема нов изглед и нова личност со доза на драма, па сега гледаме сосема поинаква Џиџи.
Фотографиите беа објавени на Инстаграм, но не е познато дали новата боја на косата е трајна или само еден од привремените експерименти што моделот се осмели да ги направи во соработка со позната козметичка компанија.
Сепак, со оглед на лавината од позитивни реакции на оваа објава и новиот имиџ на познатата манекенка, таа може да одлучи да биде бринета на долг рок.
Долго време ја гледаме како русокоса, можеби е време за нешто ново…и тоа веднаш откако Бредли Купер ѝ предложи брак на крајот од годината.

