Забава
„Нетфликс“ годинава ќе стримува нов филм речиси секоја седмица

„Нетфликс“ ја објави листата со филмови за 2022 година и соопшти дека ќе има барем еден нов оригинален филм секоја седмица.
Стриминг-гигантот векендов откри кои филмови ќе бидат достапни и се чини дека фановите ќе има на што да се радуваат, всушност списокот вклучува 86 филмови, од кои 66 се англиски, а останатите 22 се меѓународни филмови од Франција, Индија и Кореја.
Насловите варираат од пулсирачка акција со Рајан Гослинг и Крис Еванс во The Gray Man („Сивиот човек“) или епска научнофантастична авантура со Хали Бери во The Mothership („Мајчинство“). Тука е и продолжението на крими-драмата на Рајан Џонсон Knives Out („Нож во грб“) со Даниел Крег како детектив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Кралот Чарлс ги откри песните на својата плејлиста: „Ми донесоа радост“

Британскиот крал Чарлс се појави во радио шоуто на Apple Music The King’s Music Room, споделувајќи со слушателите својата листа на омилени хитови, вклучувајќи диско, реге и афробит.
Боб Марли, Кајли Миног, Грејс Џонс и некои современи уметници се меѓу оние кои се најдоа на листата на најдобри песни на Чарлс.
Снимајќи радио емитување за Apple Music 1 во неговата канцеларија во Бакингемската палата, кралот раскажа бројни анегдоти од неговите средби со некои од уметниците и откри кои одбрани песни го формирале саундтракот на неговиот живот. Тој зборуваше за влијанието што музиката го има врз него, нејзината способност да евоцира радосни спомени, утеха во моментите на тага и да донесе радост.
Во придружното видео, кралот е прикажан како седи на својата античка маса и ги снима своите зборови, со осветлен винтиџ знак „On Air“ до него.
„Музиката ми значеше многу во текот на мојот живот. Знам дека им значи и на многу други луѓе. Ја има оваа извонредна способност да врати среќни спомени кои излегуваат од најдлабоките делови на нашето сеќавање, да не утеши во моментите на тага и да не однесе на далечни места. Но, пред сè, може да ни го подигне духот“, рече тој.
„Значи, ова е она што особено сакав да го споделам – песни кои ми донесоа радост“, рече кралот Чарлс.
Забава
Најсилни кога е најтешко: ништо не може да ги скрши овие хороскопски знаци

Имате ли блиска личност која ви помага да ги преживеете најтешките моменти, личност која е најсилна кога е најтешко? Можеби вие сте таа личност?
Во секој случај, ако им се верува на астролозите, нашиот хороскопски знак влијае и на тоа колку личноста ќе биде ментално силна во тешки времиња.
Астролозите издвоија три знаци кои имаат неверојатна внатрешна сила која им помага да ги надминат сите животни препреки, а истовремено им помагаат на своите најблиски да го направат истото.
Ова се трите хороскопски знаци кои се најсилни кога работите се најтешки.
Јарец
Јарците се амбициозни, дисциплинирани, организирани, трпеливи, одговорни, насочени кон целите и бестрашни. Можат да издржат многу, а кога работите стануваат тешки, не се откажуваат така лесно, односно воопшто не се откажуваат.
Во предизвикувачки ситуации, Јарците прават се што можат за да најдат решение. Освен тоа, нивната ментална сила е причината поради која полесно од другите поминуваат низ сите животни предизвици, и лесните и најтешките.
Лав
Ако можеме да кажеме дека секој хороскопски знак е бестрашен и силен, тогаш тоа е Лав. Лавовите се родени лидери, што дефинитивно им помага во тешки ситуации.
Кога ќе се случат, Лавовите стојат на чело на нивната „глутница“ и и помагаат да надмине се што ќе ѝ се најде на патот. Кога на другите им се чини дека нема излез, Лавовите остануваат присебни и неверојатно силни, уверени дека ситуацијата може да се подобри.
Шкорпија
Шкорпиите се страсни, мистериозни, и мирни, и бурни и лукави, но секогаш кога е потребно, тие се и бестрашни и ментално силни.
Родените во овој знак се снаодливи и силни, што навистина им помага во тешките животни ситуации кои секогаш се трудат да ги решат без паника. Откако ќе најдат решение за тешките ситуации, од нив излегуваат уште посилни од порано.
Забава
Камерон Дијаз го привлече вниманието на Модната недела во Париз носејќи необични чевли

Камерон Дијаз ги привлече погледите за време на ретко излегување.
Фотографите ја снимија како пристигнува на модната недела во Париз. 52-годишната актерка пристигна во црна облека, а особено внимание привлече нејзината долга црна кожна јакна.
Таа ја спои со кафена чанта од дизајнерката Стела Макартни и необични црвени чевли.
Фановите ја опколија познатата актерка веднаш по нејзиното пристигнување.