Забава
„Нетфликс“ нема да емитува шпионска драма во Виетнам поради мапата на Јужното Кинеско Море

„Нетфликс“ ја отстрани австралиската шпионска серија-драма Pine Gap од своите услуги во Виетнам по барање од страна на владата на оваа југоисточна азиска земја.
Виетнам трди дека во неколку епизоди од мини серијата се појавува мапа што ги прикажува кинеските тврдења за целосна сувереност врз Јужното Кинеско Море.
Мапата, која кратко се појавува на мониторите во контролна просторија во шпионска база во две епизоди од серијата, ја прикажува еднострано декларираната линија со девет цртички на Кина и е прикажана во контекст на морските побарувања во регионот.
„Прекршувањата на ‘Нетфликс’ ги налутија и ги повредија чувствата на целиот народ на Виетнам“, се наведува во соопштението на Агенцијата за радиодифузија и електронски информации, објавено на нејзината веб-страница на 1 јули.
„Ова е трет пат по ред во последните 12 месеци ‘Нетфликс’ да дистрибуира филмови и ТВ-емисии со содржина што го нарушува суверенитетот на Виетнам“, се вели во соопштението.
Во последните години кинеските и виетнамските бродови се вплеткани во неколкумесечни застои во спорните води.
„Нетфликс“ потврди дека ја отстранила серијата од својата понуда во Виетнам, но рече дека таа е достапна на услуга во остатокот од светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Бракот тројно го зголемува ризикот од дебелина кај мажите, покажа истражување

Бракот тројно го зголемува ризикот од дебелина кај мажите, покажа полско истражување.
Истражувањето кое ќе биде претставено на Европскиот конгрес за дебелина во Шпанија во мај, било спроведено на 1.200 парови во Полска и покажало дека ризикот од прекумерна тежина во бракот е зголемен за двата пола, но ситуацијата е особено акутна кај мажите.
Истражувачите заклучија дека кога се во брак, ризикот од прекумерна тежина се зголемува за 62 отсто кај мажите и 39 отсто кај жените, во споредба со оние кои не се во брак.
Оженетите мажи имаат 3,2 пати поголема веројатност да бидат дебели од слободните мажи, а таква разлика не е забележана меѓу мажените и слободните жени.
Ова потенцијално се објаснува со културните разлики во ставовите кон дебелината меѓу двата пола, се вели во истражувањето.
Студијата заклучи дека ризикот од дебелина исто така се зголемува со возраста. Секоја година, заканата од прекумерна тежина се зголемува за три проценти кај мажите и четири проценти кај жените. Ризикот од дебелина, сепак, се зголемува за четири отсто кај мажите и шест отсто кај жените, пренесува агенцијата ДПА.
Дебелината се дефинира како индекс на телесна маса од 30 или повеќе, а прекумерната тежина се дефинира како индекс од 25 до 29,99.
Истражувањето го водеше лекарот Алича Цича-Миколајчик од Националниот институт за кардиологија во Варшава.
„Возраста и брачниот статус имаат непобитно влијание врз прекумерната тежина или дебелината во зрелоста, без разлика на полот“, заклучува студијата.
Забава
Скарлет Јохансон не сака да се фотографира со обожавателите на улица, ја откри и причината

Актерката Скарлет Јохансон (40) објасни зошто не и е удобно да се фотографира со обожавателите кои ја среќаваат во јавност. Говорејќи на оваа тема додека го промовираше нејзиниот претстоен филм Jurassic World: Rebirth, Јохансон изјави за InStyle дека не сака да биде „идентификувана“ во одредено време и место. „Тоа навистина навредува многу луѓе“, призна таа.
„Секако дека ценам што луѓето се мои обожаватели и среќни што ме гледаат. Но, секогаш им велам: Не сум на работа. А тоа значи дека не сакам никој да ме „сними“ како некој што бил со нив во тој момент и на тоа место. Јас правам нешто свое“, додала таа.
Актерката нагласи и колку и е важно да ја зачува анонимноста на нејзините деца.
„Мислам дека анонимноста треба да се зачува што е можно подолго, барем додека самите деца не одлучат поинаку. Тоа е одлука што ја донесов за нив“, додаде таа.
Забава
(Видео) Српска инфлуенсерка го привлече вниманието на ревијата на Валентино во Париз

Тамара Калиниќ е една од најпознатите модни инфлуенсерки во регионот, чии модни избори секогаш се следат со голем интерес.
Оваа српска блогерка со постојана адреса во Лондон со години инспирира со своите елегантни, префинети и луксузни модни комбинации, а нејзиниот Инстаграм профил го следат речиси два милиони луѓе, кои секојдневно бараат инспирација во нејзиниот моден избор.
Сепак, нејзиното последно модно издание на ревијата на Валентино во Париз, одржана на 9 март 2025 година, предизвика различни реакции.
Тамара за оваа пригода беше облечена од глава до пети во парчиња на Валентино. Таа избра елегантен црн фустан со суптилни бели детали на ракавите од најновата колекција на брендот. Изгледот го комплетираше со црни хулахопки со дезен, салонки со црвен ремен околу глужд, црни очила за сонце и црна чанта.
Сепак, највпечатлив дел од нејзиното издание, што предизвика дискусија во коментарите, беше накитот за уста во форма на метална декорација што оди преку усните.
@tamara @Valentino ♬ original sound – Tamara Kalinic
„Ова е првпат да не ми се допадне ништо друго освен твојата убавина“, „Накитот за усни е ужасен. Веќе има доволно жени замолчени на овој свет за доброволно да носиш такво нешто во името на модата“, беа некои од критиките.
Но, за некои тој детаљ беше омилен дел од нејзината облека. „Накитот за усни ми е омилен!“, „Го сакам! Толку храбар и поларизирачки, тоа е она што го прави стилот одличен!“, „Секогаш најшик“, „Конечно вистинска мода! Накитот за усни совршено ја раскажува приказната за целата облека. Веројатно вашето најдобро издание досега!“