Забава
Ники Хилтон и ќерката Лили-Грејс во исти кафеави капути

Таа минатата недела се здружи со постарата сестра, Парис Хилтон, за кампањата Fashion For A Cause („Мода со причина“).
А сега Ники Хилтон се облекува исто како и нејзината тригодишна ќерка Лили-Грејс Ротшилд на ладен ден во Њујорк.
36-годишната Ники му пркоси на њујоршкиот студ во теди капут, дефинитивно најпопуларното парче облека што потсетува на плишано мече. А Лили-Грејс, мала верзија на Ники, е облечена исто како мама.
Модната дизајнерка својот изглед го дополни со мала чанта Хермес Биркин, најскапата чанта на светот чија вредност е 18.000 американски долари.
Биркин чантата е легендарен модел на парискиот луксузен бренд Хермес именуван по Џејн Биркин – актерка, пејачка, хуманитарка, ѕвезда, модна икона.
Има дури и листа на чекање за да се купи оваа чанта. Во 2016 година беше прогласена за инвестиција повредна од злато.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Харисон Форд јадеше чипс среде говорот на својата колешка и ги насмеа присутните

Актерот Харисон Форд (82) привлече внимание на синоќешното доделување на наградите САГ. За време на церемонијата на отворањето на доделувањето на наградите, легендарниот 82-годишен актер загризал чипс, што целосно ја збуни неговата колешка од „Shrinking“, Џесика Вилијамс, додека го држеше својот говор.
„Лос Анџелес е познат како град на соништата – и, навистина, сите мои соништа овде се остварија“, го започна својот говор Вилијамс.
Но, додека таа зборуваше пред камерата, Форд седеше зад неа и јадеше чипс, што и го одвлече вниманието. Таа збунето застана, се насмеа и извика: „Му реков да се сврти!“ Форд потоа се сврте кон масата и продолжи да јаде. „Не гледај!“, викна Вилијамс низ смеа.
Забава
Доделени наградите САГ: на најдобриот филм му предвидуваат и освојување на Оскарот

Психолошкиот трилер за изборот на нов папа, „Conclave“, триумфираше на 31-то доделување на САГ наградите во неделата, освојувајќи ја главната награда. По освојувањето на наградата БАФТА, многумина веруваат дека тој има добри шанси да добие Оскар.
Во телевизиските категории, епската серија „Shōgun“, сместена во феудална Јапонија, и комедијата „Only Murders in the Building“ освоија награди за најдобра драма и најдобра хумористична серија.
„Shōgun“ доминираше во ТВ категориите со вкупно четири награди, вклучително и награди за водечки актери. Хиројуки Санада и Ана Саваи ги добија наградите за најдобар актер и актерка во драмска серија.
Интересно е што ниту еден филм не освоил повеќе од една награда. Победата на „Conclave“ доаѓа во време на непредвидлива сезона на награди, во која контроверзите ги исфрлија од игра поранешните фаворити како „Emilie Pérez“. Филмот „Anora“, кој ја загуби главната награда од „Conclave“, сепак освои награди за режија и продукција, позиционирајќи се меѓу главните фаворити за Оскарите.
Но, имајќи предвид дека „Conclave“ сега ги освои и наградите САГ и БАФТА, се зголемуваат шансите овој филм за изборот на папата да триумфира на Оскарите.
Тимоти Шаламе (A Complete Unknown) и Деми Мур (The Substance) ги добија наградите за најдобар актер и актерка.
Наградата за најдобра споредна машка улога ја доби Киеран Калкин (A Real Pain), додека Зои Салдања (Emilia Pérez) ја доби наградата за најдобра споредна женска улога.
Забава
Секогаш подготвени за кавга, бесот им е второто име: овие хороскопски знаци можат да ги изгубат нервите поради ситница

Со сигурност можеме да ги наречеме кралеви на нервните сломови, нивното трпение секогаш е при крај, па дури и најмалата работа може да ги исфрли од рамнотежа.
Ако некогаш сте помислиле дека некој е премногу драматичен и дека ги губи нервите поради ситници, голема е шансата да припаѓа на еден од овие два хороскопски знаци.
Нивниот стрес, напнатост и емоционални реакции им се познати на сите околу нив.
Овен
Импулсивен, темпераментен и секогаш подготвен за борба, Овните немаат трпение за бавни луѓе, неправда или какво било доцнење. Кога нешто ќе ги исфрли од колосек, нема да морате да погодувате – ќе знаете веднаш.
Девица
Перфекционисти со високи стандарди, Девиците лесно ги губат нервите кога работите не одат според планот. Нивната потреба за ред и контрола ги прави чувствителни на хаос и несовршености.
Без разлика дали се работи за бесот на Овен или за пасивно-агресивна критика на Девицата, овие знаци навистина ја заслужуваат титулата кралеви на нервните сломови.