Забава
Ник Кејв испратил 5.000 книги во Кралската библиотека во Данска
Музичарот и писател Ник Кејв (62) му рекол на еден обожавател дека неговите полици за книги се целосно празни затоа што на Данската кралска библиотека во Копенхаген ѝ испратил повеќе од 5.000 книги, кои ги собирал во текот на годините, пишува „Ролинг стоун“.
„Моите книги сега се дел од една комплетно волшебна, исклучителна изложба Stranger Than Kindness“, напишал пејачот на веб-страницата Red Hand Files одговарајќи на прашањето на еден обожавател дали размислува да состави список од 40 книги што ги сака.
„Во нормални околности, едноставно ќе отидев до полиците за книги и ќе изберев 40 наслови. Но, сега тие се целосно празни. Без библиотека пред мене, тешко ми е да составам широк список со 40 омилени книги“, напиша тој.
„Најдоброто нешто што можам да го направам во овој момент е да нафрлам, без каква било форма и неповрзано, куп наслови што ми доаѓаат на памет во овој момент и кои, од една или друга причина, ги сакав во текот на годините“, заклучи тој.
Потоа навел наслови на педесетина дела, меѓу кои и American Dreams – Sapphire, Break, Blow, Burn – Camille Paglia, The Largesse of the Sea Maiden – Denis Johnson, Biblija – King James Edition, The Christ at Chartres – Denis Saurat, America a Prophecy – Jerome Rothenberg, Ariel – Sylvia Plath, Moby Dick – Herman Melville, The Mayor of Casterbridge – Thomas Hardy.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Роналдо и Георгина ќе се венчаат на родниот остров на фудбалерот
Кристијано Роналдо и неговата свршеница Георгина Родригез, по девет години врска, планираат свадба. Според The Sun, парот ќе се венча летово по Светското првенство, на родниот остров на Роналдо, Мадеира.
Роналдо ја одбрал историската катедрала во Фуншал – најстарата црква во неговиот роден град, позната по својот резбан покрив. Славјето ќе продолжи во еден од луксузните хотели на островот.
Локацијата има лично значење за Роналдо: катедралата е блиску до болницата каде што е роден и до стадионот на неговиот прв клуб, Национал да Мадеира, каде што играл пред да премине во Спортинг.
Роналдо и Георгина се запознале во 2016 година во продавница на Гучи во Мадрид. Заедно имаат две ќерки, Алана (7) и Бела (3), а Роналдо има уште три деца родени од сурогат мајки: Кристијано Џуниор (15) и близнаците Матео и Ева Марија (8). Тој претходно изјави дека токму децата го поттикнале да ја запроси Георгина.
Забава
(Фото/Видео) Започна празничната сезона во Белата куќа, Меланија ја пречека новогодишната елка
Меланија Трамп ја пречека овогодишната елка пред претседателската резиденција, официјално започнувајќи ја празничната сезона во Белата куќа – сезона за која таа често изразуваше фрустрација за време на првиот мандат на нејзиниот сопруг, пишува People.
First Lady Melania Trump receives the 2025 White House Christmas Tree 🌲 pic.twitter.com/exxZAN5Qf6
— Office of the First Lady (@FirstLadyOffice) November 24, 2025
Меланија (55) ја презеде елката од Korson’s Tree Farms од Мичиген, која оваа година ја освои титулата победник на национален натпревар и со тоа ја доби честа да го достави централниот празничен украс во Вашингтон. Korson’s Tree Farms ја освои титулата Grand Champion Growers за 2025 година, доделена од Националното здружение на божиќни елки во јули.
Речиси шест децении, победникот на ова натпреварување ја обезбедуваше официјалната божиќна елка за Белата куќа, а овогодишната беше лично избрана во септември од Дејл Хејни, надзорник на теренот на Белата куќа.

Пристигнувањето на елката значи дека Меланија наскоро ќе ја открие темата на празничните украси за 2025 година, кои беа предмет на критики за време на првиот мандат на Доналд Трамп. Откако се одлучи за традиционален стил во 2017 година, следната година таа направи многу похрабри чекори: 40 конусни елки во крваво црвена боја како дел од темата „Американски богатства“.

Необичниот избор брзо предизвика дебата на интернет. Некои ја споредија бојата и обликот на елките со црвените наметки од „Приказната за слугинката“, додека други потсетуваа на реката од крв од „Сјаењето“.
Контроверзноста се зголеми и со аудио-снимка од 2018 година, објавена две години подоцна од CNN, на која може да се слушне како Меланија се жали на одговорностите за украсување. „Работам како коњ на божиќни работи, а кого го интересираат божиќните работи и украси?“, рече Меланија на снимката.
фото: принтскрин
Забава
„Мислев дека ќе умрам од дрога и осаменост“
Џејн Фонда неодамна се појави во подкастот „The Look“, каде што зборуваше за своето темно минато и чувствата на осаменост. Во интервју со Мишел Обама, поранешната прва дама на Соединетите Американски Држави, познатата актерка откри дека употребата на разни дроги ја обележала нејзината младост.
„Не сум зависник, но мислев дека ќе умрам од дрога и осаменост“, призна таа. „Фактот дека имам речиси 88 години е неверојатен за мене“, додаде таа.
Раното детство на Фонда беше обележано со трагедија, смртта на нејзината мајка, Френсис Форд Сејмур, што доведе до нејзина изолација од остатокот од светот. „Мајка ми почина кога имав 12 години“, објасни Фонда, додавајќи:
„И уште поневеројатно е што сега сум подобра. Фокусирана сум, се чувствувам исполнета и среќна сум. Сама.“

„Никогаш не се плашев од стареењето“
Во понатамошниот разговор, актерката го опиша својот животен пат, како и промените низ кои поминала.
„Никогаш не сум се плашела од стареење и што е поважно, не се плашам од умирање. Ова е почетокот на мојот последен чин.“
Водена од искуството на нејзиниот татко, вели таа, научила да ја прифати смртта како дел од животот. Таа исто така раскажа како била последната средба со нејзиниот татко.

„Го гледав татко ми како умира со многу жалење. Тоа беше важно разбирање на животот за мене, бидејќи ако не сакате да умрете со жалење, тогаш мора да го живеете последниот дел од вашиот живот на таков начин да нема жалење“, рече таа, додавајќи:
„Успеав да му кажам дека го сакам и дека му простив за, знаете, што и да се случи. И се надевам дека ќе ми прости што не бев подобра ќерка. Успеав да му го кажам тоа… И тој не рече ништо, само плачеше. Никогаш порано не сум го видела тоа. Никогаш не сум го видела татко ми да се расплаче.“
фото: принтскрин

