Забава
Новата девојка на Канје Вест е копија на отуѓената сопруга Ким

Најновиот љубовен интерес на Канје Вест, Чејни Џонс, е клон на поранешната сопруга Ким Кардашјан, коментираат таблоидите споделувајќи папарацо-фотографии од Чејни на плажите во Мајами во средата.
Инфлуенсерката практично е копија на Ким додека позира во многу дрзок костим за капење и масивни очила за сонце во неонска нијанса.
Чејни, модел и инфлуенсерка на „Инстаграм“, наводно е во врска со раперот откако тој неодамна ја прекина романсата со актерката од Uncut Gems, Џулија Фокс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Деми Мур ја избриша шминката и се почести со помфрит по Оскарите

Актерката Деми Мур, ѕвезда на филмот „Супстанција“, беше една од фаворитите за Оскар во категоријата за најдобра женска улога, но наградата сепак и избега. Златната статуетка ја доби 25-годишната Мајки Медисон за улогата во филмот „Анора“.
По гламурозната вечер, Мур ја избриша шминката, се облече во бањарка и опуштено уживаше во голема порција помфрит.
Моментот го снимила нејзината ќерка Талула Вилис, која на Инстаграм сподели фотографија од нејзината мајка во лежерна облека. „Мојот победник“, напиша таа во описот на објавата.
Забава
Ким Кардашијан пристигна на забавата на Vanity Fair во венчаница

Ким Кардашијан ги заврте главите на после-забавата на Vanity Fair за Оскарите во 2025 година.
44-годишната реалити ѕвезда пристигна на забавата во фустан кој наликуваше на венчаница од брендот Баленсијага.
Таа, исто така, комбинираше минималистичка шминка, вклучувајќи нуд кармин и лесна шминка за очи, а косата ја врза во пунџа.
Многу луѓе на социјалните мрежи коментираа за модниот изглед на Ким Кардашијан на забавата на Vanity Fair. Некои велат дека фустанот е во ред, додека други напишале дека изгледа како „тоалетна хартија“, „збрчкан чаршаф“ и „искористена салфетка“.
Забава
Оливија Вајлд прошета во проѕирен фустан на забавата по Оскарите

Оливија Вајлд (40) го привлече вниманието со изборот на фустан за афтер-журката која се одржа по Оскарите.
Таа се појави во бел проѕирен фустан под кој и се гледаше долната облека.
Изгледот го комплетираше со златна чанта, едноставен накит и неутрална шминка.
Реакциите на социјалните мрежи се главно позитивни. „Жената изгледа божествено“, „Иако откри малку премногу тело, не изгледа евтино. Секоја чест“, „Изгледа како самовила“, беа коментарите. Имаше и такви кои сметаа дека нејзината облека „не е соодветна“ за ваков настан. „Изгледа сега ќе се напие топло млеко и ќе спие“, се пошегувал некој.