Забава
Новиот „Џејмс Бонд“ ќе претрпи промени во последна минута
Долго време го чекаме враќањето на Даниел Крег како Џејмс Бонд, кој последен пат се појави во улога на тајниот агент 007 во Spectre („Спектре“) во 2015 година. Сега сме на три месеци од излегување на новото продолжение со наслов No Time to Die („Нема време да се умре“).
Но, работите сè уште може да се променат во процесот на правење на филмот. Ханс Цимер во No Time to Die наводно е донесен како нов композитор, односно автор на музиката за филмот.
Германскиот композитор и оскаровец Ханс Цимер ќе го замени Ден Ромер за кого во јули 2019 година беше најавено дека ќе биде автор на музиката за филомот.
Њујоршки „Варајати“ (Variety) објави дека Ромер бил разрешен минатиот месец од страна на „Еон продукција“ – продукциската компанија која стои зад филмовите за Џејмс Бонд – поради креативни разлики и Цимер сега презема одговорност за музичката страна на нештата.
Меѓутоа, имајќи предвид дека No Time to Die е на три месеци од светската премиера, а и дека Ханс Цимер е зафатен со други филмови, како, на пример, Wonder Woman 1984 и Top Gun: Maverick, њујоршки „Варајати“ навестува дека тој ќе добие одредена помош за да се осигури дека филмот ќе излезе на време. За тоа да се случи, музиката, најверојатно, ќе треба да се заврши до средината на февруари, па така тој би можел да ги ангажира поранешните соработници Бенџамин Волвиш („Блејд ранер 2049“, „Скриени фигури“) или Лорн Белф („Невозможна мисија 6“, „Тајните војници од Бегази“) да му помогнат.
Под претпоставка дека сите овие информации се точни, тогаш ова ќе биде првпат во историјата на овој филмски серијал еден композитор да е заменет за време на постпродукција. Што се однесува до филмовите за Бонд во ерата на Даниел Крег, Дејвид Арнолд се справуваше со постигнување на должностите за „Казино Ројал“ и „Квантум на Солас“, а Томас Њуман за „Скајфол“ и „Спектре“.
Новиот филм од серијалот за англискиот таен агент Џејмс Бонд со наслов No Time to Die („Нема време да се умре“) во кој Даниел Крег се појавува во улогата на агентот 007 ќе се појави во киносалите за неколку месеци.
Својата светска премиера ќе ја има на 3 април во Лондон како што е традиција – сите премиери на овие филмови да бидат во главниот град на Велика Британија. Во САД филмот ќе почне да се прикажува од 8 април.
Ликот на тајниот агент со кодирано име 007 и овој пат ќе го толкува Даниел Крег. Тоа ќе биде негово петто по ред појавување во улогата на Џејмс Бонд, но според соопштението на продуцентите – и последно. Уште од сега продуцентите трагаат по нов актер за следните филмови.
No Тime To Die е 25. по ред од овој исклучителен и единствен во историјата серијал од филмови направени за еден ист лик, а кој почна во 1962 година.
Ликот на главниот негативец овој пат го толкува оскаровецот Рами Малик.
Режисерот Кери Џоџи Фуконага во најновиот филм задржува многу од ликовите и актерите од претходниот филм Spectre.
Ликот на шефот на Бонд, М, и овој пат го толкува Ралф Фајнс. Во улогата на секретарката Манипени, пак, ќе се појави Натали Харис, а Бен Варешо ќе биде Q (Кју), експертот за специјалните тајни играчки за агентот 007. Во филмот се враќа ликот на поранешниот агент на ЦИА, Феликс Лајтер, лик што го има во романите на Јан Флеминг, писателот што го има измислено Џејмс Бонд. Во најновиот филм овој лик ќе го игра Џефри Рајт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

