Забава
Новогодишното украсување во еден романски град почна порано зашто има само двајца работници

Компанијата за комунални услуги во градот Барлад во источна Романија веќе почна да поставува новогодишни светилки, кои зимава ќе го красат градот.
Иако е септември, процесот веќе почна бидејќи само двајца работници работат на оваа задача, а сè треба да биде завршено до 1 декември, пренесуваат романските медиуми.
Инженерот и работникот на располагање имаат само едно возило за да ја завршат работата.
Оваа година градот Барлад купи 238 нови декорации за новогодишно осветление. Тие ќе ги красат градските улици со вкупна должина од 11 километри.
Барлад има речиси 56.000 жители и се наоѓа на брегот на истоимената река. Таму бил роден романскиот принц Александар Јоан Куза, првиот владетел на обединетите кнежевства Молдавија и Тара Романеаска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Жените ги открија најатрактивните физички особини кај мажите и тие се сосема неочекувани

Густа коса, добра смисла за мода, затегнати стомачни мускули, висина? Дали нешто од тоа го прави мажот привлечен? Иако многумина веруваат дека тоа е она што всушност жените го сакаат кај мажите, а слушнавме и што мажите најмногу забележуваат кај спротивниот пол, се испостави дека жените и не се баш „луди“ по тоа.
Истражувањето во кое учествувале повеќе од 2.000 жени покажало дека ги привлекуваат сосема различни физички карактеристики.
Најатрактивни физички карактеристики кај мажите се ќелавите глави, високите јаболчници и зелените очи, барем така покажа истражувањето спроведено меѓу жените.
Следни по популарност беа широките рамења и сините очи, а потоа влакнести гради, руси прамени и темна коса, пишува The Sun.
Тренди брадата се најде на скромното седмо место.
Кафените очи се поставени веднаш надвор од првите десет, како и пирсовите и тетоважите.
Студијата на веб-страницата за запознавање, Illicit Encounters, анкетирала 2.000 жени.
ПР-от на страницата Џесика Леони рече: „Убавината е во окото на набљудувачот. Изгледа одлично, ќелавите глави го доживуваат својот момент. Значи, ако сте ќелави и се чувствувате добро поради тоа, така треба да се чувствувате. На крајот на краиштата, самодовербата е универзално секси, без оглед на косата или недостатокот од неа.“
Забава
Се појавија нови фотографии од Бела Хадид, луѓето шокирани

Манекенката Бела Хадид предизвика лавина загриженост кај своите следбеници.
Фотографирана е во Париз на снимањето на серијата The Beauty, а нејзината вита линија стана предмет на дискусија на социјалните мрежи.
„Еве што се случува кога мајка ти ќе ти каже да изедеш неколку бадеми ако си гладен“, „Не можам да го пребродам новиот моден циклус на изгладнети тела и ниски фармерки“, „Можеш да ѝ ги видиш ребрата, изгледа болно“, „Не сакам да звучам злобно, но овие фотографии се загрижувачки“, „Таа е премногу слаба“, „Овие фотографии се вознемирувачки“, се дел од коментарите на „Инстаграм“.
Многумина спомнаа и нарушувања, како анорексија, или дури и зависност.
„Изгледаше како да закрепнала, што се случи?“, „Не смееме да го нормализираме ова“, „Ми здодеаа овие шетачки реклами за нарушувања во исхраната“, „Нема ништо здраво кај неа“, „Ова е веќе клинички случај“, коментираат тие.
Забава
„Не сакам да изгледам како восочна фигура“: обожавателите воодушевени од лицето на Мишел Фајфер

Актерката Мишел Фајфер важи за природна убавица, која не ги крие брчките на лицето. Таа гордо му ги покажува на светот и не се труди да ги прикрие со многу шминка.
Со текот на времето открила и една мала тајна на својот изглед, а тоа е сосема едноставно – не гледа на туѓите коментари.
„Колку стареам, толку станува полесно. Доаѓате до точка каде што сте целосно задоволни со тоа што изгледате добро за вашата возраст наместо да изгледате помладо за вашата возраст. Стигнав до таа точка“.
View this post on Instagram
„Дали би сакала да изгледам како во моите триесетти? Секако, но тоа нема да се случи и не го чувствувам истиот притисок како тогаш. Искрено, тоа е вистинско олеснување“, изјави таа еднаш за „Опра дејли“.
И за магазинот „Пипл“ изјави дека сака грациозно да старее и одбива да изгледа како восочна фигура.
Мишел неодамна на „Инстаграм“ објави селфи од својот дом, на кое во преден план беше нејзиното лице, без трошка шминка.
View this post on Instagram
Природните црти дојдоа до израз, а фановите на „Инстаграм“ велат едно – дека таа е најубавата жена на светот.
И, навистина, познатата актерка старее како убаво вино, а на 67 години може да се пофали со нереална убавина.