Забава
Ново истражување открива кои тенисери се константно на удар на „хејтери“
Француската тениска федерација во соработка со компанијата „Ворлд спортс нетворк“ (WSN) спроведе истражување за тоа кои тенисери трпат најмногу негативни критики на социјалните мрежи.
Резултатите откриваат дека Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка се соочуваат со најгрди коментари на „Твитер“ и на „Фејсбук“.
Ѓоковиќ и Сабаленка имаат најнегативен „фидбек“ на социјалните мрежи, според истражувањето што ги следело реакциите упатени на сметка на играчите на АТП- и ВТА-листата во период од 16 месеци.
Сабаленка е на првото место како најтаргетирана тенисерка на ВТА-листата. Податоците откриваат дека 15 отсто од расположението кон Белорусинката на „Твитер“ било негативно.

Од друга страна, Новак Ѓоковиќ е машката тениска ѕвезда што добива најмногу „тролови“, односно објави со навредлива содржина.
Според добиените податоци, 15 отсто од твитовите во кои се споменува Ѓоковиќ во последните 16 месеци биле негативни и 11 отсто од интеракциите на „Фејсбук“ биле исто така негативни.
Стефанос Циципас се најде на второто место со седум отсто, а на третото место е Карлос Алкараз.

За да дојде до овие податоци, WSN го мери сентиментот на твитовите што ги спомнуваат играчите во негативно светло, како и реакцијата на јавноста кон одредени објави на „Фејсбук“.
Во истражувањето се користел Google Bard (конверзациски четбот на генеративна вештачка интелигенција развиен од „Гугл“) за да ги анализира сите твитови во кои се споменуваат првите шест носители на претстојниот турнир во Париз, „Френч опен“.
Интеракциите на социјалните мрежи беа следени од јануари 2022 до мај 2023 година. Податоците откриваат дека тенисерките се изложени на повисок степен онлајн-тролови во споредба со нивните машки колеги.
Истражувањето покажа зошто треба да се направи повеќе за да се заштитат спортските ѕвезди – не само тенисерите – од злоупотреба на интернет.
Оваа година Француската тениска федерација (ФФТ) откри дека на играчите што ќе учествуваат на претстојниот грен слем ќе им биде понудена вештачка интелигенција за да ги заштити од „тролање“ на социјалните мрежи.
Новата AI-технологија, наречена „Бодигард“, ќе може да ја користат разни тениски ѕвезди на „Ролан Гарос“ како начин да го заштитат своето ментално здравје во текот на турнирот.
„Како дел од својата стратегија да се грижи за менталното здравје на играчите, ФФТ одлучи да соработува со „Бодигард“ за да се бори против сајбер-булингот“, соопшти Тениска федерација на Франција.
Програмата ќе ги следи коментарите што учесниците на турнирот ги добиваат на социјалните мрежи и ќе го филтрира негативниот сентимент за помалку од 200 милисекунди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

