Забава
Нов хит на авторот на „Наркос“: Софија Вергара станува кралица на кокаинот

Колумбиската наркокралица Гризелда Бланко ќе добие своја приказна благодарение на новата серија на „Нетфликс“.
Софија Вергара ќе ја потретира Гризелда, а зад проектот стои креаторот на „Наркос“, Ерик Њуман. Дејството на серијата ја следи снаодливата колумбиска претприемачка Гризелда Бланко, која создаде еден од најпрофитабилните картели во историјата. Згора на сè, таа беше и грижлива мајка, а смртоносната комбинација на шарм и дивјаштво ѝ помогна вешто да ги балансира семејството и работата.
Во описот на серијата стои: „Таа е посветена мајка. Фаталниот микс на шарм и дивјаштво ѝ помогна да го најде патот меѓу семејството и работата поради што стана нашироко позната како кума“.
Проектот се развива веќе осум години, пренесуваат медиумите. Колумбискиот режисер Андрес Баиз ќе ги режира сите шест епизоди.
Ова е и проект од соништата на Вергара, која извлече максимум од него, а Њуман тврди дека овој пат докажала колку е исклучително талентирана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Повеќе земји најавуваат бојкот на Евровизија ако настапи Израел

Неколку европски држави, меѓу кои Ирска, Словенија, Шпанија, најавија дека нема да учествуваат на Евровизија 2026 доколку настапува Израел. Радиодифузерите своите ставови ги темелат на, како што велат, „неприфатливата состојба во Газа и големиот број цивилни жртви“.
Исланд сè уште ја разгледува својата позиција и чека исход од консултациите во Европската радиодифузна унија (ЕБУ). Оттаму велат дека разбираат колку е прашањето чувствително и дека продолжуваат разговори со сите членки за да се најде решение.
Наредното издание на Евровизија треба да се одржи во мај во Виена, а телевизиите имаат рок до средината на декември да потврдат учество. Во меѓувреме, повеќе од 70 поранешни натпреварувачи потпишаа писмо со кое бараат Израел да биде исклучен од фестивалот.
Забава
Три хороскопски знаци кои освојуваат со шарм

Симпатичноста е квалитет што веднаш привлекува – топлина, шарм и лесно склопување пријателства. Според астролозите, овие три знаци се издвојуваат како најпривлечни по својата природна ведрина:
Близнаци
Друштвени и духовити, лесно ja разгоруваат атмосферата и со своите приказни веднаш освојуваат симпатии.
Вага
Зрачат со љубезност и склад, секогаш се трудат сите да се чувствуваат пријатно, што ги прави омилени во секое друштво.
Риби
Нежни и сочувствителни, со искрена грижа и емпатија прават луѓето околу нив да се чувствуваат прифатено и сакано.
Забава
(Видео) Сопружници изнајмиле куќа преку „Ербиенби“ и откриле тајни простории

Брачна двојка од Колорадо стана вирална откако во изнајмена куќа во Кенон Сити открила скриени простории.
Во видеото, кое собра над 4,8 милиони прегледи, Конор и Џес најпрво забележале дека куќата има прозорци на третиот кат, но без внатрешни скали. По подетално истражување, откриле таен премин во бањата кој води до поткровје, а потоа и скриен отвор во кујната што води кон подрумот. Одлучиле да го истражат и тој дел од куќата, а таму затекнале неколку простории и заклучена врата со натпис „не отворај“.
@connormoynihan4 We just found a secret door in our airbnb. Should we go down? #secretdoor #hiddendoor #hiddenroom #creepyhouse #creepyairbnb #hiddenpassage ♬ moments – Teesa
@connormoynihan4 Hidden door in air bnb part 2. You wont believe who we found. #secretdoor #hiddendoor #hiddenroom #creepyhouse #creepyhouse #hiddenpassage ♬ Spooky, quiet, scary atmosphere piano songs – Skittlegirl Sound
@connormoynihan4 Replying to @Cristina Sopranzi Here is the full basement tour. #creepydoor #hiddendoor #hiddenroom #airbnbfinds #secrettunnel #secretdoor ♬ original sound – Jess & Connor
@connormoynihan4 Replying to @SAFI🫡 there’s another hidden door and a mysterious third floor we couldn’t access. #hiddendoor #secretdoor #spookyairbnb #secrettunnel #barbarian ♬ Spooky, quiet, scary atmosphere piano songs – Skittlegirl Sound
Иако просториите изгледале мистериозно, сопружниците велат дека не нашле ништо опасно.
Од „Ербиенби“ (Airbnb) изјавија дека домаќините смеат да означат простории „надвор од границите“ за гостите, а во овој случај не е пријавен формален проблем.