Контакт

Забава

Облечи машки панталони!, ѝ рекле на Ева Лонгорија пред аудицијата за улога на режисер

Објавено пред

Ева Лонгорија откри дека ја добила својата најнова улога на режисер кога се преправила во маж белец.

dobivaj vesti na viber

Ѕвездата од хит-серијата „Очајни домаќинки“ се обидувала да стане дел од актерскиот тим на Flamin ‘Hot, биографија за човекот што го измисли Cheetos.

Актерката (45) разговарала со продуцентот на хит-серијата „Очајни домаќинки“, Брајан Танен, пред да почне аудицијата кога тој ѝ рекол да престане да прашува и, наместо тоа, да оди низ собата како веќе да си ја обезбедила улогата.

Неговите совети ѝ помогнале да го добие ангажманот.

„Јас вежбав за улогата со него и тој ми рече: Застани тука. Облечи машки панталони и престани да бараш да го снимаш овој филм. Почни да се движиш низ собата како да е тоа твој филм и како ти да го режираш и кажи им дека вака ќе глумиш, вака ќе снимаш“, открива Лонгорија во интервју за весникот The Sun on Sunday.

„Си помислив: „Јас не сум маж и не сум бела, па не би помислила да го сторам тоа“. Тоа беше промена во пристапот кон секоја реченица што ми излезе од устата. Затоа што ние жените сакаме да бидеме подложни, отворени за сугестии. Ние жените сакаме да нè гледаат како кооперативни“.

Холивудската убавица објасни и зошто неодамна им ја покажа побелената коса на своите следачи на „Инстаграм“.

„Секојпат кога сум на црвениот тепих, мојот изглед е илузија. Тоа не се моите трепки и тоа не е мојата боја на косата или моето деколте. Отсекогаш сум била отворена кон луѓето. Нема ништо страшно во врска со побелената коса, можете да ја поправите“.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Интернетот експлодираше: Ким Кардашијан се појави јавно за прв пат со своето ново познато момче

Објавено пред

Веќе некое време кружат гласини дека Ким Кардашијан започнала врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, но потенцијалната двојка цело време добро се криела.

dobivaj vesti na viber

Иако сè уште не ја потврдиле својата врска, на некои им е доволно тоа што не ја негирале, а потоа посакаа да „излезат од илегала“. На овогодинешниот Супербоул во Санта Клара, новопечениот пар конечно беше виден и се чини дека ова е потврда за нивната врска.

Ким и Луис само седеа еден до друг и пријатно разговараа, па сега сите веруваат дека тие се официјално пар. Инаку, би биле премногу случајности за неколку дена.

Риалити ѕвездата за оваа пригода избра долг црн капут и впечатлива, „впечатлива“ огрлица од чокер, а цело време носеше и очила за сонце. Бидејќи овие фотографии брзо станаа вирални на социјалните мрежи, некој коментираше дека Ким сè повеќе личи на нејзината мајка, Крис Џенер.

Ким Кардашијан и Луис Хамилтон се познаваат со години, па дури и нејзиниот поранешен сопруг, Канје Вест, му љубомореше некое време и беше убеден дека Ким флертува со познатиот шампион. Можеби раперот успеа да ја предвиди иднината, којзнае…

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Кралицата на лошите пластични операции едвај дише: Нејзиното лице повеќе не е во центарот на вниманието

Објавено пред

Зимските олимписки игри во Милано и Кортина официјално се отворија, а гости од светот на познатите личности се собраа во театарот „Театро Ала Скала“ и покажаа уникатни модни изданија.

dobivaj vesti na viber

Мараја Кери настапи на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри и ги воодушеви сите со својот „кристален“ фустан. Но, пред самата церемонија, почнаа да се собираат познати ѕвезди, па целиот свет имаше можност да ужива во вистинска италијанска мода.

Меѓу собраните беше и познатата Донатела Версаче, чиј моден израз никогаш нема да остане незабележан. Иако се повлече од својата позиција како директор на модната куќа Версаче, и иако често е критикувана за големиот број пластични операции, Донатела е повторно на врвот.

За церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри, Донатела избра тесен црвен фустан со средна должина. Моделот беше таков што совршено ја следеше линијата на телото, но се чинеше дека кралицата на пластичните операции, како што ја нарекуваат, едвај дишеше.

За да го направи своето модно издание што е можно подраматично, Донатела носеше високи црни платформи и самоуверено позираше за собраните фотографи.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Маја Саздановска и Елвир Мекиќ снимија спот за песната „Опасно“, по 18 години го оживеаја заедничкиот хит

Објавено пред

Од

Елвир Мекиќ и Маја Саздановска со изненадување за публиката – хитот „Опасно“ по 18 години конечно доби спот

dobivaj vesti na viber

Цели 18 години откако беше промовирана, песната „Опасно“ на Елвир Мекиќ и Маја Саздановска, конечно доби свој официјален музички спот.

„Идејата за конечно да снимиме спот за песната што ја испеавме пред скоро две децении беше на Иван Јованов – Iwayo, и со Маја веднаш се сложивме. Но бидејќи сакавме да ги вклучиме и фановите, решивме во спотот да учествуваат и тие и да ни испраќаат свои видеа како ја пеат ‘Опасно’,“ вели Елвир.

Дополнително, во реализацијата на видеото се вклучија и познати македонски инфлуенсери како Дора, Нина Ред, Октај Сејди, како и мејкап артистот Даниел Николовски.

„Опасно“, која пред 18 години се создаде по музика на Јован Јованов, а за која текстот го напиша Елвир, и денес звучи модерно и современо, докажувајќи дека добрата музика не познава време.

Елвир ќе ја испее оваа песна и на големиот заеднички концерт со Јован Јованов, кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ на 6 јуни 2026. Билетите за концертот се веќе во продажба.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во...

Свет1 час

Врските на Епстин со Силиконската долина биле многу повеќе од комуникација само со Гејтс и Маск

Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина...

Европа2 часа

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...

Европа3 часа

(Видео) Моќен напад со дронови врз Одеса: погодена зграда, едно лице загина

Руските сили извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови во текот на ноќта. Во Одеса,...

Европа3 часа

Зеленски: Русија секојдневно ја напаѓа нашата железничка инфраструктура

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија речиси секојдневно ја напаѓа железничката инфраструктура на Украина, но дека Киев сè уште...

Македонија4 часа

Почувствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23...

Македонија17 часа

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија18 часа

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија21 час

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...

Македонија21 час

Кајмакоски е дома; Рашиќ: „Смирено и храбро се соочил со киднаперите, но му треба мир“

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана...

Македонија1 ден

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со...

Култура1 ден

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here...

Свет1 ден

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден...

Свет2 дена

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија2 дена

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија2 дена

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија2 дена

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија2 дена

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет2 дена

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...