Забава
Обожавател побара потпис од Анџелина Џоли, ѝ даде постер со Бред Пит на него

Анџелина Џоли беше на филмскиот фестивал во Њујорк, каде што ѝ пријде обожавател и побара автограм. Но, тој сакаше да го потпише плакатот за филмот „Господин и госпоѓа Смит“, во кој таа играше заедно со својот поранешен сопруг Бред Пит.
Според „Пејџ сикс“, Џоли добро се справила со тоа обидувајќи се да не го погледне делот од постерот со лицето на Пит на него.
Многумина се налутија од ваквиот потег на нејзиниот обожавател.
„Замислете да тврдите дека сте обожавател на Анџелина Џоли, а потоа да ѝ дадете постер од нејзиниот вознемирувач да го потпише“, беше коментарот на социјалната мрежа „Икс“.
„Веројатно тоа е некој што само сака да го продаде нејзиниот потпис за многу пари, луѓето го прават тоа цело време“, коментира друг.
Анџелина Џоли и Бред Пит се заљубија во 2005 година на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“. Тие се венчаа во 2014 година, а добија шест деца, од кои три посвоија. Медокс, Пакс и Захара се посвоени, а Шајло, Нокс и Вивиен се нивни биолошки деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Ја реновирале куќата и откриле нацистички бункер со морничава порака

Кога Шон Талиер (35) и неговата сопруга Каролина (32) почнале да ја реновираат куќата во октомври 2021 година, не можеле да замислат какво изненадување ги чека.
Под нивниот дом на островот Гернзи, близу брегот на Нормандија, се криел огромен нацистички бункер од Втората светска војна!
Парот го открил масивниот комплекс со две големи простории, пренесува „Дејли стар“.
Талиер знаел дека островот бил под германска окупација во периодот 1940-1945 година, кога нацистите ги претвориле Каналските острови во воени тврдини. Сепак, не очекувал да најде бункер токму под својот дневен престој.
„Знаев за бункерите по островот, но никогаш не би помислил дека еден се наоѓа под мојата дневна соба“, изјавил тој за локалните медиуми.
Претходната сопственичка, гледајќи фотографии од куќата на Фејсбук, го прашала парот дали ги пронашле просториите под темелите, откривајќи дека како деца се играле таму пред нивниот татко да ги затрупа со земја.
Парот ангажирал багер и отстранил десетици тони земја, по што откриле бетонски влез во бункерот.
Кога слегле внатре, останале без здив. Внатре имало две простории со димензии 5×3 и 5×6 метри, поврзани со коридор долг девет метри. Бункерот се наоѓал на осум метри длабочина.
Внатре пронашле стари шишиња, излез во случај на опасност, но и застрашувачки пораки испишани од нацистите за време на Втората светска војна. Особено внимание им привлекла пораката: „Внимание, непријателот слуша“ (Achtung, Feind hört mit).
„Ова не се само неколку простории, ова е историја. Студено, влажно и застрашувачко сведоштво за она што луѓето го поминувале тогаш“, рекол Шон.
Парот планира да го претвори бункерот во просторија за забави — со билјард сала и мини-теретана, при што ќе вградат 80 тони бетон за да ги обезбедат ѕидовите и скалите. Пораките на германски јазик планираат да ги зачуваат и реставрираат со калиграфија.
„Каролина сака да ја завршиме куќата, но јас ветив забавa за Ноќта на вештерките во бункерот“, се пошегувал Шон. „Морам да го исполнам тоа ветување“.
Забава
Британската монархија во нов проблем: пронајден документ што го зголемува притисокот врз кралот Чарлс

Британскиот крал Џорџ IV лично профитирал од работата на робови на плантажите во Гренада, покажува најновото истражување, што дополнително ја зголемува јавната критика кон монархијата да се соочи со својата улога во времето на ропството.
Дезири Баптист, независен истражувач, пронашла документ од 1823-24 година во Националниот архив во Лондон, кој сведочи за уплата од 1.000 фунти (што денес изнесува околу 103.000 фунти или околу 120.000 евра) од две кралски плантажи во Гренада каде што работеле стотици поробени луѓе.
Парите биле наменети за приватната каса на кралот Џорџ IV и, според Баптист, придонеле за неговиот „раскошен начин на живот“.
Баптист истакнува дека досега никој британски монарх јавно не признал дека Круната поседувала и профитирала од поробени луѓе.
Нејзиното истражување е дел од поширока студија наречена „Робови, сопственост на Неговото Величество: Џорџ IV и Гренада“.
Професорот Едмон Смит од Универзитетот во Манчестер, кој ја води студијата за улогата на кралската фамилија во ропството, изјави дека оваа уплата може да биде „само врвот на ледениот брег“.
Тој заедно со Ник Дрејпер од Универзитетскиот колеџ во Лондон ги потврдиле наодите на Баптист.
Смит додаде дека доказите укажуваат на поширок образец на колонијална експлоатација во потрага по приходи од карипските колонии.
Бакингемската палата не дала коментар на извештајот.
Крал Чарлс претходно изразил жалење поради ропството во говор пред лидерите на Комонвелтот во 2022 година и ја поддржал академската студија за историската улога на монархијата, но засега не ја признал директната вмешаност на Круната во робовласништвото, пренесе Ројтерс.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек со нови проблеми по разводот

Џенифер Лопез и Бен Афлек го завршија својот брак минатиот август по две години, но споровите околу имотот сè уште траат.
Поранешната двојка го повлече својот дом во Лос Анџелес вреден 68 милиони долари од продажба откако го финализира разводот.
Џенифер Лопез и Бен Афлек го направија овој потег по неуспехот да ја продадат куќата во Беверли Хилс што ја огласија уште во јуни 2024 година, објавува „Пејџ сикс“.
„Додека се надеваа дека ќе можат да го продадат имотот, во исто време не сакаа да претрпат голема финансиска загуба. Ја намалија цената за да привлечат поголем интерес, а кога тоа не се случи, им беше советувано да го повлечат од пазарот“, рече изворот.
„Тоа беше деловна одлука што ја донесоа заедно“, додаде тој.
Извор од недвижнини изјави за медиумите дека „пазарот во моментов е лош за продавачите, особено за недвижности во тој ценовен опсег“.
„Повлекувањето на понудата сè додека пазарот не стане поповолен за продавачите изгледа како најпаметен потег“, рече истиот извор.
Претставниците на двојката не беа достапни за коментар.
Поп-ѕвездата и актерот ја намалија цената на вилата со 12 спални соби и 24 бањи на 59 милиони долари, пред официјално да ја повлечат од продажба.