Забава
Оваа утринска навика е најопасна за здравјето на жените
Опивачкиот мирис на најпопуларниот пијалак во светот и кофеинот што го содржи се најдобриот начин да се почне денот. Или можеби не?
Кафето е еден од најпопуларните напивки во светот со причина, но треба да ги знаете времето кога да го пиете и мерката за да работи во наша корист. Зошто пиењето кафе рано наутро има лош ефект врз жените?
Студија објавена во дигиталното издание на библиотеката на Националните медицински институти на САД покажа дека пиењето кафе на празен стомак, особено кај жените, има негативно влијание врз здравјето.
Поради природните биолошки ритми, нивоата на кортизол во телото се највисоки наутро кога се будиме, а најниски навечер кога одиме на спиење.
„Пиењето кафе рано наутро, кога нивоата на кортизол се највисоки, ги нарушува хормоните во телото и ги нарушува циркадијалните ритми. Кортизолот има негативен ефект врз овулацијата, хормоналната рамнотежа и тежината“, објаснува нутриционистката и лекарка Карлин Розенблум за порталот „Пјур воу“.
„Земањето кофеин кога нивоата на кортизол се највисоки стимулира зголемено лачење кортизол. Иако сè уште не е објаснето зошто се случува ова, веруваме дека кафето влијае на одредени витамини и минерали во телото“, заклучува д-р Розенблум. Таа предупредува:
„Кортизолот, како и сите други хормони, е неопходен за функционирање на телото, но проблемот се јавува кога сме постојано под стрес и кога телото постојано го лачи. Ова може да доведе до зголемено ниво на шеќер во крвта и до инсулинска резистенција.“
Освен што го стимулира дополнителното лачење кортизол, кафето на празен стомак може да предизвика проблеми со варењето и да го зголеми нивото на желудочна киселина. Доколку имате проблеми со желудникот, добро е да знаете дека ладното кафе е 70 % помалку кисело од топлото.
Кога да го испиете првото утринско кафе?
Ако станувате околу седум часот наутро, најдобро е првото кафе да го испиете помеѓу 9.30 или напладне кога нивото на кортизол е природно ниско. Секако, важно е да се јаде пред тоа.
Со оглед на киселоста на кафето, добра идеја е за појадок да имате храна богата со калциум, како што се бадеми, јогурт или семе од чиа, кои ја неутрализираат киселоста, советува д-р Розенблум. Ако пиете кафе во ова време, ќе го добиете потребниот поттик, но и енергија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Хејли Бибер во тесно бикини го полуде Џастин Бибер
Манекенката и инфлуенсерка Хејли Бибер објави многу провокативна фотографија во бикини, а нејзиниот сопруг Џастин Бибер не остана имун на нејзиниот изглед, кој уште еднаш покажа колку е заљубен во својата сопруга.
Хејли објави серија фотографии во тесни бикини за да ја промовира својата нова линија костими за капење бргу собирајќи милиони „допаѓања“ и коментари.
View this post on Instagram
Сепак, еден коментар особено го привлече нејзиното внимание – од нејзиниот сопруг, кој напиша: „О, боже мој“.
Тој јасно стави до знаење што чувствува во врска со Хејли и што мисли за нејзиниот изглед и се чини дека тоа го прави со години.
Обожавателите реагираа веднаш пишувајќи: „Ова е љубов“, „Најдете соба вие двајца! Но, сериозно, толку сте слатки“… А само на коментарот на Џастин Бибер ‘допаѓање“ ставија речиси 50.000 луѓе.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Аријана Гранде за малку ќе настрадаше во Париз, обезбедувањето реагира во последен момент
Поп-ѕвездата Аријана Гранде имаше драматичен момент во Париз избегнувајќи за малку сериозна несреќа. Инцидентот се случи во четвртокот, 7 ноември, кога автомобил одеднаш влезе во пешачката зона пред театарот, каде што се одржуваше европската премиера на филмот Wicked.
Пејачката, за среќа, не беше повредена.
@snmicka je l’aime d’amour #arianagrande #wicked ♬ Popular – Ariana Grande
Гранде позира на црвениот тепих таа вечер опкружена со обожаватели и фотографи во нејзината вообичаена гламурозна атмосфера.
Според медиумските извештаи, додека одела кон својот автомобил, возило се приближило малку премногу до неа додека таа сè уште ги поздравувала обожавателите пред влезот. Автомобилот очигледно влегол во пешачка зона, што ги натерало обезбедувачите веднаш да реагираат токму кога ѕвездата успеала да се тргне. Никој не бил физички повреден, но краткиот хаос предизвикал паника меѓу толпата.
Париската полиција потврди дека била повикана на местото на настанот за да го истражи инцидентот. Портпаролот изјавил дека во моментот на објавување на извештајот немало апсења и дека истрагата е во тек. Возачот наводно соработувал со властите и немало индикации дека нападот бил однапред смислен.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Проѕирен фустан, без градник: ѕвездата од тинејџерската серија во драматична комбинација на црвениот тепих
Актерката и пејачка Тејлор Момсен беше на церемонијата на доделување на наградите Rock & Roll Hall of Fame во Лос Анџелес, а привлече внимание со својата смела модна комбинација.
Актерката позната по улогата во серијата Gossip Girl се појави во долг фустан од тантела, без градник под него, и изненади многумина со оваа смела комбинација.

Имаше силна шминка и популарен smokey eye, а косата ѝ беше лабава и зафрлена на едната страна, малку свиткана во брановидни прамни.
Накитот што го избра не остана незабележан, па се чини дека сакаше да постигне драматичен ефект, што ја направи многу забележана.

Тејлор глумеше во хит-серијата Gossip Girl од 2007 до 2010 година, а неодамна ја откри и причината за напуштањето на серијата.
„Мојот агент, мојот менаџер, сите долетаа до мојата куќа за да ме убедат на аудиција. Моите родители ме убедија да одам на аудиција бидејќи тоа е огромна можност. Gossip Girl е чудно шоу бидејќи, од една страна, беше, знаете, одлично, но од друга, навистина не сакав да бидам таму“, рече таа во поткастот Call Her Daddy.

фото: принтскрин

