Забава
Одлучни, самоуверени, харизматични и страсни: Запознајте ги трите најдоминантни знаци
Во светот на астрологијата, одредени хороскопски знаци се издвојуваат по својата доминација, без разлика дали се работи за нивното присуство, лидерска способност или едноставно волја. Додека доминацијата може да биде моќна алатка во многу аспекти од животот, клучот е рамнотежата.
Учењето кога да ја преземете контролата и кога да дозволите работите да тргнат по својот тек може да им помогне на овие знаци да ги максимизираат своите силни страни и да ги минимизираат потенцијалните загуби.
Овен
Овните се природни лидери. Нивната храброст, иницијатива и бестрашност ги ставаат во првите редови на секоја битка или предизвик. Нивната доминација доаѓа од способноста да дејствуваат брзо и да ја преземат контролата врз ситуацијата.
Овој пристап го прави Овенот да се истакнува во улогите кои бараат решителност и брзи одлуки, како што се менаџерски позиции или претприемништво. Одлични се и во кризни ситуации каде што е потребна итна акција.
Сепак, нивната тенденција да дејствуваат без длабоко размислување може да ги доведе во неволја, особено во меѓучовечките односи, каде што е потребна поголема дипломатија и трпение.
Лав
Лавовите зрачат со самодоверба и харизма. Нивната желба да бидат во центарот на вниманието и природниот шарм ги прават многу доминантни во секоја група. Лавовите сакаат да бидат лидери и лесно ја преземаат контролата.
Оваа доминација ги прави големи лидери во креативните индустрии, забавата и секое поле каде што е неопходно да се инспирираат и мотивираат другите. Лавовите се одлични и во преговарање и убедување, што ги прави одлични професионалци за продажба или маркетинг професионалци.
Нивната потреба за доминација може да ги направи тврдоглави и непопустливи во ситуации кои бараат компромис. Исто така, нивната желба за внимание може да ги доведе во конфликт со оние кои исто така го бараат своето место под сонцето.
Шкорпија
Шкорпиите доминираат со својот интензитет, страст и исклучителна способност да навлезат до срцето на проблемот. Нивната ментална сила и емоционална длабочина им даваат способност да влијаат што ретко може да се игнорира.
Шкорпиите се истакнуваат во секоја улога која бара анализа, истражување и решавање проблеми. Нивната способност да го видат она што другите не можат да го видат ги прави одлични детективи, истражувачи или психолози.
Нивниот интензитет може да биде и нивна Ахилова пета, особено во врските каде нивната склоност кон контрола и љубомора можат да создадат напнатост. Исто така, нивната потреба за длабока поврзаност може да доведе до емоционална исцрпеност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Домашен лек кој прави чуда за болното грло
Засипнатост, печење и болка при голтање се најчестите знаци на грип, особено во зимските месеци.
Пред да посегнете по лекови, можеби веќе го имате решението во вашата кујна. Топла комбинација од мед, лимон и ѓумбир може да ја смири иритацијата и да го намали воспалението.
Медот допира до слузницата и ја смирува иритацијата, лимонот е богат со витамин Ц, додека ѓумбирот има антиинфламаторно дејство.
Во чаша топла (не врела) вода, додадете сок од половина лимон, лажица мед и неколку парчиња свеж ѓумбир. Оставете да отстои неколку минути и пијте полека, во голтки.
Експертите советуваат и пиење доволно течности и избегнување ладни пијалоци. Доколку болката трае подолго од неколку дена или ако имате висока температура, треба да се консултирате со лекар.
фото/Depositphotos
Забава
(Фото) Облините се тука, но тука е и нејзиното „старо“ лице: Дали убавицата ги отстрани филерите?
Парот кој сигурно привлече најголемо внимание уште од првиот ден од нивната врска – Кајли Џенер и Тимоти Шаламе, се појавија заедно на доделувањето на наградите БАФТА, а риалити убавицата се држеше до своето „правило“ и не сакаше да привлекува внимание кон себе кога беше во негово друштво.
Сакала или не, новинарите повторно ја бараат и секогаш кога се појавува со Тимоти, нивната врска станува главна тема.
Kylie Jenner and Timothée Chalamet win cutest couple at the EE BAFTA Film Awards 🥹 pic.twitter.com/FiDr0oXtlO
— Chicks in the Office (@ChicksInTheOff) February 22, 2026
На доделувањето на наградите БАФТА, Кајли блесна во црна елегантна тоалета украсена со големи циркони, меѓутоа, тоа не е она што им го привлече вниманието на сите. Нејзиниот природен изглед стана предмет на коментари, а многумина шпекулираа дека ги отстранила филерите од усните.
„Изгледа како порано“, „Изгледа помлада, но поприродна“, „Многу е поубава вака, како помлада верзија од себе“, беа некои од коментарите.
Timothée Chalamet and Kylie Jenner attend the EE BAFTA Film Awards. pic.twitter.com/z7hRoCYBjT
— 📸 (@metgalacrave) February 22, 2026
Кајли и претходно беше мета на коментари поради козметички корекции, а како што самата призна, почнала да прави корекции на усните како тинејџерка бидејќи била несигурна. Пред осум години таа тврдеше дека ги отстранила филери, но во меѓувреме се појавија сомнежи дека ги вратила.
Во секој случај, сега навистина изгледа дека филерите се отстранети и, судејќи според коментарите, конечно ја воодушеви публиката.
Забава
(Видео) Нова песна на Сара Мејс – „Не ме сакаш“
Македонската пејачка Сара Мејс го објави новиот сингл „Не ме сакаш“, придружен со видеоспот во кој глуми и познатиот актер Стефан Николовски.
Музиката и текстот се на Сара Мејс, а аранжманот, снимањето, миксот и мастерингот се изработени во JustRBProduction.

