Забава
Одлучно ги отфрлам сите обвинувања, силувањето е грозоморно злосторство, напиша Роналдо на „Твитер“
Напаѓачот на португалскиот национален фудбалски тим и „Јувентус“, Кристијано Роналдо, ги негира обвиненијата за силување на американката Кетрин Maјорга во 2009 година во хотел во Лас Вегас.
„Одлучно ги отфрлам сите обвинувања. Силувањето е грозоморно злосторство што е против сето она во што јас верувам”, напиша португалската ѕвезда на социјаната мрежа „Твитер“.
I firmly deny the accusations being issued against me. Rape is an abominable crime that goes against everything that I am and believe in. Keen as I may be to clear my name, I refuse to feed the media spectacle created by people seeking to promote themselves at my expense.
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) October 3, 2018
Американката во интервју за германскиот неделник „Шпигел“ го обвини напаѓачот на „Јувентус“ дека на 13 јуни 2009 година ја силувал во нејзиниот апартман во Лас Вегас, а Роналдо следната година, како што рече таа, ѝ платил 375.000 долари за да молчи, но осум години подоцна таа одлучила да го тужи.
Германскиот неделник тврди дека има документи што ги потврдуваат обвинувањата на 34-годишна жена, а полицијата во Лас Вегас повторно го отвори случајот.
„Одбивам да го нахранам медиумскиот спектакл што е создаден од луѓе што сакаат да се промовираат на мојот трошок. Мојата совест е чиста и мирно ги чекам резултатите од истрагата“, додаде Роналдо.
My clear conscious will thereby allow me to await with tranquillity the results of any and all investigations.
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) October 3, 2018
Португалцот исто така, вчера, на социјалната мрежа „Инстаграм“ објави видео на кое тврди дека не е виновен.
„Не, не, не. Она што тие го велат се лажни вести. Тие сакаат да се промовираат користејќи го моето име. Тие сакаат да бидат познати со изговарање на моето име, но тоа е дел од работата“, коментира во видеопораката португалскиот фудбалер во врска со обвиненијата за силување.
Мајорга во 2009 година првпат поднесе тужба, но тогаш попушти под притисокот и се согласи да го решат проблемот надвор од судот.
Во меѓувреме таа дипломирала новинарство на универзитетот во Невада и го промовирала движењето против сексуално вознемирување #MeToo, кое, според нејзините изјави, ја инспирирало овој случај повторно да биде отворен и расчистен и поднела нова тужба.
Во американската сојузна држава Невада во статутот не постои застарување на дело за силување, а ако се докаже дека Роналдо навистина ја силувал, на фудбалерот му се заканува доживотна казна затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Никол Кидман блесна во божествена креација на Мет Гала: 800 часа работа се потрошени само за рачно везење
Мет Гала 2024 се одржа во Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк, а овогодинешната тема беше „Заспаните убавици: повторното будење на модата“.
Гостите мораа да се придржуваат до кодексот на облекување наречен „Градината на времето“, чија тема е именувана по приказната за еден гроф кој, за да ја одбрани лутата толпа што се приближува до неговиот замок, сече роза од неговата градина за да го забави времето додека не остане ниту еден цвет.
Дамите беа доста креативни во изборот на стајлинг, а една од најзабележителните беше актерката Никол Кидман која блесна во црно-бела креација. Овој фустан е омаж на креација од пролетната колекција на Баленсијага од 1951 година.
View this post on Instagram
Во тоа време славната Доријан Ли носеше необичен црно-бел фустан, а фотографијата што тогаш ја направи Ричард Аведон стана легендарна. Кидман изјави дека и самата сакала да соработува со овој фотограф, но „не успеале да се вклопат“.
Според Vogue, фустанот што го носела Никол Кидман барал 800 часа за рачен вез и внимателно шиење на 3.000 пердуви на 150 метри свила. Дополнително, во ателјето биле потрошени уште 400 часа за да се спојат двете одделни парчиња во едноделен фустан.
View this post on Instagram
„Фустанот претставува природен момент од целосниот круг на времето – тоа е прослава на делото на Ричард што ќе живее, но и почит на уметничката визија на Баленсијага која продолжува беспрекорно да ја комбинира илузијата на минатото, сегашноста и иднината“, изјави актерката.
Забава
(Видео) Ирска со сатанистички обред на Евровизија: „Јас сум посебна оти сум квир и вештерка“
Ирската претставничка го привлече вниманието и згрози дел од јавноста со сатанистички настап на годинешното издание на Евровизија.
Ирската претставничка Bambie Thug се пласира во финалето, а на прес-конференцијата разговараше со новинарите и беше прашана што ја прави посебна.
„Тоа што сум квир и вештерка ме прави посебна“, изјавила Бамби.
Забава
(Видео) Финецот излезе од јајце со гол задник на Евровизија
Финецот Windows95Man на сцената на Евровизија излезе од јајце и настапи со гол задник.
На себе носеше само танга во боја на кожа.
Во продолжение неговиот настап.