Забава
Омилената песна на Џон Ленон ја нема во неговиот култен албум

Легендарниот бенд „Битлси“ сними голем број песни со текот на годините, а Џон Ленон продолжи да снима и по неговото расформирање, но една од неговите омилени песни била тргната од неговиот иконски албум „Рокенрол“ од 1975 година.
Крајот на „Битлси“ беше во 1970 година по неколку години бурни расправии меѓу славната четворка. Иако Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар останаа добри пријатели, тие никогаш не се собраа повторно на свирки или за снимање. По распадот на бендот, секој од поранешните членови објави неколку свои соло албуми.
Ленон издаваше по еден албум годишно од 1970 година, а неговиот последен албум излезе во 1975 година.
Петтииот соло албум на поранешниот „битлс“, „Рокенрол“, беше хит што се искачи на број шест во Велика Британија и САД. Набргу по објавувањето, беше сертифициран со злато во двете земји.
Иако албумот вклучуваше хитови, како Stand By Me и Ain’t That a Shame, во него ја немаше една од омилените песни на Ленон.
На 26 октомври 1973 година Ленон го сними синглот „Енџел бејби“ за овој албум. За жал на фановите, Ленон реши да ја задржи песната надвор од албумот. Не е познато зошто ја изостави, особено затоа што многу ја сакал, коментираат британските весници.
Говорејќи за синглот неколку години подоцна, Ленон рече: „Ова е една од моите омилени песни на сите времиња“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ќе останете запаметени во овие фустани: трендови кои ќе бидат најпопуларниот избор ова лето

Некогаш секое лето носеше нов фустан што мора да се има – оној, специфичниот што ќе го гледаме насекаде околу нас: на улиците, во кафулињата, на социјалните мрежи, на плажите… Но денес? Сè е различно. Циклусот е прекинат, униформноста избледе. И инспирацијата никогаш не истекува.
Кога веќе не сме под притисок да го носиме она што го носат сите други, се отвора простор за модна интроспекција и игра. Инспирацијата доаѓа од книгите, филмовите, уметноста, архивите – и секако, од модните писти. Тука сè уште се фалсификуваат идеите што го обликуваат духот на времето, а имињата на дизајнерите остануваат главни водичи на кројачката револуција.
Во продолжение ви претставуваме пет трендови на облекување кои ќе бидат најпопуларни оваа летна сезона.
Фустан во стил на ноќница
Замислете дека сте станале наутро, сте ги измиле забите, облечете мокасини и – останавте во ноќницата. Но, не било каков вид. Лесен памук, рабови од тантела, бела боја која потсетува на недопрена постелнина. На пистата, тие беа стилизирани со ребрести чорапи и мокасини – идеална комбинација на декаденција и младешка ноншалантност. Овој фустан не вика, шепоти. И секој сака да го слуша.
Фустан со риги
Графички риги, како од стриповите – енергични, разиграни, малку бунтовни. Спојте ги со минималистички сандали или балетанки за контраст или ризикувајте и додајте неонски детаљ. Овој фустан не е таму за да се вклопи – тој е таму за да се памети.
Бохо фустан
Ако модата има душа, тогаш таа е во лебдечки, слоевит бохо фустан. Здолништа со нивоа, органски материјали, земјени бои кои изгледаат како да потекнуваат од соништата. Фустан за оние кои танцуваат боси на тревата, се заљубуваат во непогрешливо погрешни луѓе и носат мирис на лаванда во косата.
Молив-фустан
Ако Дајан фон Фурстенберг ги постави правилата на молив фустанот, денешните дизајнери разиграно ги прекршуваат. Овој фустан е сè уште женствен, но веќе не е само за канцеларија и коктели – сега се носи со патики, предимензионирани јакни, па дури и со спортски панталони одоздола. Идеална комбинација на практичност и естетика.
Фустан со точки
Фустани кои изгледаат како да се од театар, но наместо да се носат на сцената – во нив шетаат жени по улиците. Црно-бели точки, тантела, шапки и сето тоа зачинето со чипкани хеланки или – ако сакате да додадете малку дрскост – моторџиски чизми. Ова не е стил, ова е став.
Забава
Откриена причината за смртта на Мишел Трахтенберг

Речиси два месеци по смртта на актерката Мишел Трахтенберг (39), Уредот на главниот медицински истражител во Њујорк конечно официјално ја објави причината за нејзината смрт.
Според магазинот „Пипл“, портпаролот на Канцеларијата на главниот медицински истражител во средата потврдил дека смртта на актерката била природна, предизвикана од компликации поврзани со дијабетес.
„Конечниот заклучок е донесен по анализата на резултатите од токсиколошките тестови“, рече портпаролот, додавајќи дека „токсиколошкото тестирање може да се направи без обдукција“.
Трахтенберг почина на 26 февруари на 39-годишна возраст, откако службите за итна помош во Њујорк одговориле на повикот и ја пронашле актерката во несвест и без знаци на живот.
Иако смртта не се сметаше за сомнителна, семејството на Трахтенберг одби обдукција поради нивната еврејска вера, па се очекуваше причината за смртта да остане „неутврдена“. Сепак, прегледот на резултатите од токсикологијата на крајот обезбеди одговори и олеснување за нејзините најблиски.
Забава
(Видео) Објавени шокантни фотографии од домот на Џин Хекман и Бетси Аракава

Канцеларијата на Шерифот на округот Санта Фе објави фотографии од домот на актерот Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава.
Фотографиите покажуваат дека нивниот дом е толку преполн со работи што едвај може да се прошета низ собите. Посебно вознемирувачки сцени се снимени во бањата, каде се пронајдени траги од измет и урина.
Околу мијалникот се расфрлани полупразни шишиња со лекови и козметика, а облеката лежи во купови на подот.
Слично било и во една од спалните соби, каде била пронајдена перница со траги од крв. Остатокот од просторот го зафаќаат кревети за кучиња, кафези, книги и повеќе облека, а има и скапани намирници во кујната.
Заедно со фотографиите, објавена е и снимка на која се слуша како полицаец се жали на силна миризба.