Забава
Опасна атракција ги привлекува туристите во Словенија

Сè поголем број туристи кои ја посетуваат Словенија одлучуваат времето да го поминат – набљудувајќи мечки, што може да биде и многу опасен потфат, па посетителите мора да имаат придружба на искусен водич, обично ловец.
„Најдобро е мечките да се набљудуваат кон крајот на летото и почетокот на есента, бидејќи тогаш деновите се долги и тие излегуваат во потрага по храна додека не се стемни“, вели Миха Јернејчич од Регионалниот парк Нотранска.
Набљудувањето на мечките е безбедно ако посетителот го придружува вооружен ловец, вели тој, додавајќи дека сепак нема шанси мечката да им се приближи на луѓето, бидејќи има безбедносен ѕид висок четири метри.
„Ако осетат дека има луѓе во близина, мечките се повлекуваат”, објаснува Јернечиќ.
Освен во регионалниот парк Нотранска, мечките може да се набљудуваат и во шумите на Кочевската Област.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Лавица на теренот, супермодел надвор од него

Арина Сабаленка ужива во летниот одмор во Грција, од каде објави фотографија во бикини и за многу кратко време успеа да стане главна тема.
Тенисерката број еден во светот, Арина Сабаленка, нижи успеси на теренот, па по финалето на Ролан Гарос одлучи дека е време за пауза.
Таа повторно ја избра Грција како своја летна дестинација, поточно прекрасниот Миконос, а друштво и прави нејзиниот партнер, Јоргос Франгулис, успешен бизнисмен кој претходно живеел во Бразил.
Како што еднаш откри, Грците ја освоиле со својата топлина, гостопримство и одлична клима, па затоа нема намера да го промени местото за одмор.
Во серија фотографии од нејзиниот одмор, онаа во бикини привлече најголемо внимание, а луѓето ѝ рекоа во коментарите дека изгледа подобро од кога било и дека треба почесто да објавува такви фотографии.
Забава
(Фото) Кралицата Летиција го носи најубавиот летен фустан

Кралицата Летиција од Шпанија е вистински синоним за совршена елеганција. Без разлика кое годишно време е, таа знае како да доминира.
Неодамна таа воодушеви со својот избор на пролетна облека, а сега можеме со сигурност да кажеме дека има и совршена летна облека за сите пригоди.
Летиција блескаше во миди бел фустан без ракави со висока јака. Материјалот беше особено впечатлив поради својата текстура, а кралицата додаде црн ремен за да ја истакне нејзината зачудувачка фигура.
Едноставни црни чевли со отворена потпетица беа нејзин избор овој пат и повторно Летиција не направи ни најмала грешка.
Таа додаде пар висечки обетки и многу лесна шминка, истакнувајќи ја својата природна убавина.
Забава
Пари, успех и среќа во следните пет години: периодот од соништата доаѓа за четири знаци

Сонцето ќе свети врз претставниците на четирите хороскопски знаци, велат астролозите. Тие ќе бидат многу успешни и среќни, а им се предвидува дека ќе стекнат значително материјално богатство, ќе имаат просперитетен професионален живот и ќе доживеат многу радосни моменти во љубовта. Ќе имаат можност да го остварат својот најважен сон.
Бик
Бикот го очекува навистина посебен период во животот. Учењето и самоусовршувањето ќе ви помогнат да постигнете одлични резултати.
Работите ќе одат добро на работа – постои одлична шанса значително да ја надополните вашата банкарска сметка и да заработите висока позиција.
Пред вас е просперитетна иднина, но важно е да не се плашите од предизвиците, како и да преземате пресметани ризици.
Без оглед на сериозноста на ситуациите во кои може да се најдете, секогаш ќе најдете сила да ги надминете и да ги постигнете своите цели ако имате среќа.
Во следните 5 години, ќе имате целосна финансиска слобода, па можете да заборавите на штедењето и стегањето на ременот.
Рак
Клучот за успех и среќна иднина лежи во помагањето на другите.
Покажете ја вашата сочувствителна природа и помогнете им на оние на кои им е потребна помош.
Благодарение на вашите добронамерни постапки, можете да очекувате постојан проток на среќа во следните пет години.
Ова ќе ви даде повеќе можности да ги покажете вашите таленти, да дадете значаен придонес во општеството и да постигнете голем успех и финансиски просперитет.
Според прогнозите на астролозите, во наредните години ќе го достигнете врвот на успехот во животот.
Водолија
Не го потценувајте вашиот потенцијал, дури и ако работите не одат добро во моментов.
Во следните 5 години, животот ви подготвува неколку вонредни настани, особено во областа на финансискиот просперитет и сигурност.
Ќе ја користите вашата интелигенција и способностите што ги поседувате за да акумулирате богатство без премногу напор.
Сепак, не треба да се однесувате расипнички.
Подобро е полека да ги тргнете парите настрана и да создадете резервен фонд во случај на какви било непредвидени околности.
Покрај тоа, време е да размислите за ветувачки инвестиции што ќе вродат со плод во иднина.
Риби
Во последните години се соочивте со бројни предизвици и пречки.
Сепак, тешкотиите што се појавија ќе станат катализатор за вашиот животен успех.
Во наредните години ќе можете да заработите огромно богатство.
Вашиот успех ќе зависи од вашите професионални таленти и способност да развивате позитивни односи со вашите колеги и клиенти.
Не пропуштајте можности да ги подобрите вашите вештини, да одите на службени патувања или да учествувате во професионални курсеви и семинари.
Со изразување желба за знаење и вредно подобрување на сопствените способности, не само што ќе ги подобрите вашите постоечки вештини и таленти, туку ќе можете да достигнете и незамисливи височини во вашата кариера.