Забава
Остатоците од кинеската вселенска станица ќе паднат на земјата, но не се знае точно каде
Остатоците од кинеската вселенска станица Тиангонг-1 ќе паднат на земјата најрано во петок, предупредуваат научниците. Оваа станица беше дел од амбициозната кинеска програма и беше лансирана во 2011. година. Меѓутоа само пет години подоцна мисијата Тиангонг заврши и Кинезите тогаш потврдија дека изгубиле контакт со леталото и дека немаат веќе никаква контрола над истото.
Според последните проценки, сателитот ќе се сруши на Земјата во периодот помеѓу 30 март и 2 април, но се уште е непознато каде. Важна е да се напомене дека не земјата ќе се срушат само остатоците од вселенската лабораторија, бидејќи поголем дел од станицата ќе изгоре додека поминува низ атмосферата.
„Брзината ќе се зголемува, а додека поминува низ атмосферата, станицата тешка 8,5 тони ќе почне да се разградува и да се намалува. На крајот на Земјата ќе паднат само неколку делови“, вели Елајас Абутаниос од Австралискиот вселенски центар и додава дека најверојатно согорувањето ќе биде видливо од Земјата.
Според научниците на земјата ќе паднат неколку делови како остатоци од моторот или резервоарот.
„Искуството ни кажува дека атмосферата ќе ја преживеат помеѓу 20 и 40 отсто од објектот. Се разбира, постои мала шанса дел да падне во населено место, но шансите некој да биде повреден се мали. Би рекол дека постојат поголеми шанси да ве погоди гром два пати во една година откаколку на глава да ви падне остаток од вселенска станица“, вели Абутаниос и додава дека најчесто остатоци паѓаат во океан.
Меѓутоа, за разлика од Тиангонг, останатите сателити кои паѓаат на земјата се контролирани до последниот момент и може да се влијае на местото на падот. Обично се рушат над Пацификот. Се претпоставува дека на дното на океанот има околу 260 сателити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Облече најмало бикини и помисли дека никој нема да ја види: папараците ја фатија на покривот на хотел
Популарната пејачка Дуа Липа моментално е во Рио де Жанеиро за нејзината бразилска турнеја „Радикален оптимизам“, а слободното време помеѓу настапите и пробите го искористи за да се опушти.

Сепак, папараците не ја пропуштија иако беше далеку од јавноста, и ја фатија на базенот на покривот од луксузниот хотел каде што престојува.

Во тесно црно-жолто бикини, Дуа Липа го покажа своето витко, тонирано и исончано тело, особено нејзините извајани стомачни мускули кои е невозможно да не се забележат и да не се коментираат, кои не избегаа од објективите.

Снимена е додека се обидува да се завитка во парео со ист дезен како бикинито, а како моден додаток носеше очила за сонце. Долгата коса лежерно паѓаше преку грбот, а очигледно е дека немаше ни трага шминка додека го впиваше витаминот Д.
Забележлив е и нејзиниот скап веренички прстен, со кој британскиот актер Калум Тарнер ја запроси кон крајот на декември минатата година.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Аманда Холден мами воздишки во чипкана креација
Познатата водителка Аманда Холден (54) се појави на добротворна гала вечер и ги воодушеви сите со својот зачудувачки аутфит.
Убавата русокоса често е мета на папараците, па секој нејзин моден изглед е пречекан со лавина од позитивни коментари, а самата водителка понекогаш се обидува да го привлече вниманието кон себе со провокативни објави.

Токму како што диктира гала вечерта, гламурот и луксузот беа насекаде, а Аманда го следеше тоа „правило“.
Водителката се појави во чипкана црна креација украсена со цветни мотиви, со голем шлиц што оди сè до рамената, дискретно нагласувајќи ги нејзините гради.

Едноставни сандали со тенок ремен, обетки и нејзината насмевка – тие беа таму за да го „зачинат“ овој елегантен и провокативен изглед, додека како и обично, имаше силна вечерна шминка за да ги истакне очите.
Тајната на изгледот на Аманда Холден е секогаш тема, со оглед на тоа што таа е една од најзгодните јавни личности иако е во шеесеттите години. Како што еднаш откри, тајната лежи во избалансиран начин на живот, не ограничувајќи се, но ниту претерувајќи.

фото: принтскрин

