Забава
Отворен апартман за љубителите на „Игра на тронови“

Сите љубители на популарната серија „Игра на тронови“ сакаат да бидат во светот на своите херои, да седат на железниот престол или да го посетат замокот „Winterfall“.
Ова е делумно возможно благодарение на хотелот „Refinery“ во Њујорк, каде што е дизајниран посебен апартман под името „Lannister’s Lair“.
Амартманот инспириран од познатата серија е создаден за сите љубители на серијата кои би сакале да ги гледаат премиерните епизоди на „Игра на тронови“ во вистински кралски стил. Апартманот нуди специјални јадења по пример земен од серијата, чаша полна вино и необична атмосфера создадена од декорацијата: многу свеќи, змејови и што е најважно, пристап до HBO и HBO GO.
Во хотелот „Refinery“ во Њујорк можете да се чувствувате како вистински крал. На рецепција гостите добиваат оброк сочинет од ладно месо и две шишиња црвено или бело вино. На менито се наоѓаат и специјалитети како што се свинска потколеница, грашок, риба, ѓумбир, маслинки, бадеми и компири.
Апартманот изгледа импресивно, а цената за една ноќ е 569 долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, пробајте ја оваа зелена напивка

Состојките се многу евтини, а подготовката трае само 5 минути.
Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, сè што треба да направите е да промените една навика, вашата утринска, за да го забрзате метаболизмот и да ослабете. Тоа е пијалок направен од само 2 состојки – магдонос и лимон.
Оваа течност ќе му помогне на вашето тело да се ослободи од вишокот вода, да ја елиминира надуеноста, да ги разгради масните клетки, да го стимулира мочниот меур да работи подобро и да ги исфрли токсините од вашето тело.
Состојки:
– 1 лимон
– 60 г магдонос
– 60 мл вода
Подготовка:
Исцедете го сокот од лимонот и исечкајте го магдоносот. Ставете ги во чаша и прелијте ги со вода.
Примена: Секогаш пијте го овој напиток на празен стомак. Консумирајте по една чаша дневно 6 дена, потоа направете пауза од 10 дена, а потоа можете да почнете одново.
Ќе забележите резултати по само еден месец.
Забава
(Фото) Лавица на теренот, супермодел надвор од него

Арина Сабаленка ужива во летниот одмор во Грција, од каде што објави фотографија во бикини и за многу кратко време успеа да стане главна тема.
View this post on Instagram
Тенисерката број еден во светот, Арина Сабаленка, ниже успеси на теренот, па по финалето на „Ролан Гарос“ одлучи дека е време за пауза.
Таа повторно ја избра Грција како своја летна дестинација, поточно прекрасниот Миконос, а друштво ѝ прави нејзиниот партнер, Јоргос Франгулис, успешен бизнисмен, кој претходно живеел во Бразил.
View this post on Instagram
Како што еднаш откри, Грците ја освоиле со својата топлина, гостопримството и со одличната клима, па затоа нема намера да го промени местото за одмор.
View this post on Instagram
Во серија фотографии од одморот, онаа во бикини привлече најголемо внимание, а луѓето ѝ рекоа во коментарите дека изгледа подобро од кога било и дека треба почесто да објавува вакви фотографии.
Забава
(Фото) Кралицата Летиција го носи најубавиот летен фустан

Кралицата Летиција од Шпанија е вистински синоним за совршена елеганција. Без разлика кое годишно време е, таа знае како да доминира.
Неодамна таа воодушеви со својот избор на пролетна облека, а сега можеме со сигурност да кажеме дека има и совршена летна облека за сите пригоди.
Летиција блескаше во миди бел фустан без ракави со висока јака. Материјалот беше особено впечатлив поради својата текстура, а кралицата додаде црн ремен за да ја истакне својата зачудувачка фигура.
Едноставни црни чевли со отворена потпетица беа нејзин избор овој пат и повторно Летиција не направи ни најмала грешка.
Таа додаде пар висечки обетки и многу лесна шминка истакнувајќи ја својата природна убавина.