Забава
Што сѐ сакаат да направат принцот Хари и Меган на првата заедничка турнеја
Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган подоцна месецов ќе заминат на турнеја во јужен Пацифик, која вклучува посети на Австралија, Нов Зеланд, Фиџи и на Тонга.
На нивното прво патување во земјите на Комонвелтот двојката ќе посети центар за младенчиња на коали, ќе се искачи на мост во Сиднеј и ќе посети некои од најубавите плажи во овој дел на светот.
Според протоколот за турнејата, тие пристигаат во Сиднеј на 16 октомври, а потоа летаат за Фиџи и Тонга, а турнејата завршува со Нов Зеланд на 30 октомври.
„Војводата и војвотката од Сасекс се радуваат на можноста до дознаат повеќе за уникатните обичаи и култури во овие четири земји од Комонвелтот и побараа да се запознаат со што е можно повеќе жители“, се вели во соопштението од Кенсингтонската палата.
„Заедно се надеваат дека ќе изградат трајно пријателство со народите на тој дел од светот“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бруклин Бекам станува предмет на потсмев: Кој прави вака шпагети болоњезе?
Бруклин Бекам е долго време во јавноста. По семејната драма, тој одлучи да се врати на своите секојдневни активности, што значи – на својата кулинарна работа на социјалните мрежи.
Овој пат тој објави видео на Инстаграм во кое покажува како подготвува „специјални шпагети болоњезе“, но без да користи шпагети – главната состојка на ова јадење. Наместо тоа, тој користел таканаречени тестенини „орекиете“, што ги налути многу Италијанци кои реагираа бурно во коментарите.
И тоа не е сè. Се чини дека сè во врска со ова видео било погрешно, бидејќи младиот Бекам користел француска песна во видеото – и додека подготвувал италијанско јадење, што дополнително ги налути Италијанците.
„Следниот пат, пуштете италијанска музика ако готвите италијанска храна“, напиша еден корисник.
Сепак, не беше сè толку лошо – некои ја поддржаа верзијата на Бруклин за традиционалното италијанско јадење. Тие изјавија дека во многу домаќинства, сосот болоњезе се јаде со различни видови тестенини.
Забава
Иако го пронајде „вистинскиот“ маж, Хали Бери не сака да се мажи: познато зошто
Хали Бери се појави на насловната страница на списанието „The Cut“, и потценување е да се каже дека овој едиторијал ги воодушеви модните фанатици. Познатата актерка позираше во смели, дури може да се каже и провокативни комбинации кои привлекуваат погледи и воздишки.
Покрај модниот сегмент, интересно беше и интервјуто што Хали Бери го даде за списанието. Таа се осврна на нејзината актерска кариера, но и на нејзиниот приватен живот. Таа го објасни својот став за бракот и зошто не е приоритет за неа да се омажи со Ван Хант.
„Не реков ‘да’“, рече 59-годишната актерка. „Не мислам дека мора да бидеме во брак за да имаме значајна врска. Не знам дали некогаш ќе се венчаме.“
Иако не сака брак, неодамна призна дека нејзината врска со Ван Хант е нешто посебно. Како што рече, таа беше во целибат 4 години пред тој да се појави.
„Морав да поминам низ оган и да се изгорам за да стигнам до точка каде што навистина ќе можам да ценам друга личност“, рече таа.
Во истото интервју, Хали Бери се потсети на моментот кога го освои Оскарот за најдобра актерка во „Monster’s Ball“.
Таа нагласи дека филмската индустрија не се променила многу за неа. Таа вели дека сè уште се соочува со предрасуди кон жените во филмот.
Забава
(Видео) Чорапи, најкратко мини здолниште и капут на гола кожа: Незамисливо, а совршено на неа
Актерката Марго Роби е една од оние жени кои речиси секогаш нè оставаат без зборови со својата убавина, па затоа не е изненадување што познатата ѕвезда е на самиот врв на листата на најубави жени во светот денес.
Не само што изгледа како Барби, туку и нејзиниот стил на облекување е она што секогаш привлекува внимание, а по елегантната и впечатлива креација што ја носеше за време на промотивната турнеја за филмот „Wuthering Heights“, ја гледаме во сосема поинакво издание.
@mtvuk These outfits ❤️ Jacob Elordi and Margot Robbie looking flawless together at the London photocall for “Wuthering Heights” 🌹 #jacobelordi #margotrobbie #wutheringheights #mtvmovies ♬ TOUCH IT x CHIHIRO by Adamusic – Adamusic
Во соработка со нејзиниот стилист, таа донесе архивско парче од колекцијата на модната куќа Диор, кое го носеше моделот Хелена Кристенсен во 1992 година, а кое беше претставено како дел од пролетната колекција.
Се појави во речиси незамисливо издание, бидејќи дефинитивно не го очекувавме од неа.
Доминираат три бои кои едвај се совпаѓаат, а комбинацијата се состои од црвени чорапи со врвки украсени со розова лента и машна, екстремно кратко мини-здолниште и долго светло зелено палто со бројни детали, пердуви на јаката што паѓаат преку рамената и на краевите на ракавите…
Под палтото, шармантната русокоса не носеше ништо, а палтото беше закопчано само со три куки.
Марго го заокружи овој стил со сатенски чевли „Маноло Бланик Каролин“ во ладна сино-сива нијанса, а во ова издание неверојатно потсетуваше на деведесеттите години, кога парчиња како ова доминираа на модните писти.
Ја собра косата во лежерна ниска пунџа, а лицето го украси со ретро-модел очила за сонце, а го заокружи со минималистички избор на накит.

