Забава
Откриен лек што го враќа видот и го спречува слепилото

Спиноцеребрална атрофија тип 7 е многу ретко заболување што ги зафаќа и ги дегенерира нервите во различни делови на мозокот, поради што најчесто се губи видот. Меѓутоа, дури и луѓето со овој вид на слепило сега имаат шанса да оздрават.
Спиноцеребралната атрофија, освен слепило, може да доведе и до отежнато движење и говор и губење на рамнотежата.
Болеста се јавува кога краткиот дел од ДНК кој носи атаксин 7 ген, диспропорционално се повторува и се јавува подеднакво и кај младите и кај старите.
Меѓутоа, сега постои нов лек што ја уништува информациската РНК пред таа да биде претворена во протеин и на тој начин спречува да се повтори спорниот ген.
Истражувањето даде извонредни резултати на испитување на глувците како заморчиња при тестирање на овој лек.
Третманот може да го запре слепилото, па дури и да доведе до тоа луѓето повторно да гледаат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Никол Кидман го откри комплиментот што мрази да го слуша

Никол Кидман во едно од нејзините нови интервјуа откри дека мрази да ја нарекуваат „супержена“.
Тaa верува дека не го отелотворува тој поим. Таа за магазинот „Тајм“ изјави дека се заморува како и сите други и се опиша себеси како некој кој секогаш се труди да ги задоволи другите, понекогаш премногу.
Затоа таа верува дека таквите комплименти, како и пофалбите како „храбри“ и „силни“, не земаат предвид колку труд, енергија и време всушност вложува човекот.
„Тие ја игнорираат цената на успехот“, нагласи таа.
Нејзината последна улога е во филмот „Бејбигрл“, кој привлече големо внимание.
Забава
Се зборува дека Ирина Шајк има ново момче, тие веќе еднаш беа заедно

Супермоделот Ирина Шајк и познатиот освојувач на „Супер Боул“, Том Брејди, наводно се повторно заедно, дознава „Пејџ Сикс“.
Изворите тврдат дека тие се зближиле по повеќе од една година по завршувањето на нивната кратка романса.
„Том и Ирина повторно почнаа да се забавуваат“, открил изворот.
Пензионираната НФЛ ѕвезда и руската манекенка раскинаа во октомври 2023 година, по помалку од четири месеци врска. Друг извор претходно слушнал дека планираат заедничко патување.
„Разговараат на телефон. Ниту еден од нив моментално не е во сериозна врска, па зошто да не одат на патување заедно? додаде изворот.
Шајк претходно беше во четиригодишна врска со Бредли Купер до 2019 година. Со него има и ќерка, седумгодишната Леа Де Сејн.
Брејди е сингл откако тој и познатата манекенка Жизел Бундхен го финализираа нивниот развод во октомври 2022 година, по 13 години брак.
Забава
Дениз Ричардс: Ја поддржувам ќерка ми за „Онли Фанс“, но не си ги гледаме објавите

Дениз Ричардс не се чувствува непријатно поради нејзината одлука да се приклучи на платформата „Онли Фанс“, но има едно јасно правило: не ја гледа содржината објавена од нејзината ќерка.
Поранешната ѕвезда на The Real Housewives од Беверли Хилс, која ги има ќерките Сами (20) и Лола (19) со поранешниот сопруг Чарли Шин, а ја одгледува ќерката Елоиз (13) со сопругот Арон Фајперс, се приклучи на платформата за возрасни веднаш откако и нејзината најстара ќерка се приклучи.
Но и двете се согласуваат во едно – не си ги проверуваат објавите.
„Не, тоа би било чудно“, рече Сами во интервју за „Пипл“, објавено на 20 февруари, а Дениз додаде: „Да, тука ја повлекуваме линијата“. И покрај ова правило, мајката и ќерката се поврзуваат преку заедничко искуство на „Онли Фанс“. Дениз, која сега има 54 години, призна дека решила да отвори сметка на платформата за да ја поддржи Сами поради критиките на социјалните мрежи.
„Кога видов дека Сами добива толку многу негативни коментари, навистина ме погоди – не само како мајка, туку и како жена во овој бизнис“, објасни Ричардс.
„Луѓето ме гледаат како секс симбол со години поради разни снимања, а сега ја напаѓаат ќерка ми затоа што ја презеде контролата врз сопствената сексуалност и го правеше она што го сакаше. Затоа решив да ја поддржам и да се приклучам“.