Забава
Отуѓената сопруга на Кевин Костнер ја извади бурмата по поднесувањето барање за развод

Отуѓената сопруга на Кевин Костнер, Кристин Баумгартнер, веќе не го носи својот венчален прстен по поднесувањето барање за развод претходно оваа недела.
Според „Пејџ сикс“, на фотографиите што ги објавија неколку таблоиди 49-годишната дизајнерка навидум укажува дека повеќе не сака да го носи симболичното парче накит што Костнер (68) ѝ го подарил кога се венчале во 2004 година.
Баумгартнер, лежерно облечена во тексас-јакна, плетен џемпер и бели панталони, беше забележана во Лос Анџелес како излегува од автомобилот за дневна прошетка.
Според ТМЗ, таа поднела барање за прекин на 18-годишниот брак со Костнер во понеделникот, а како причина навела непомирливи разлики.
Во своето барање Кристин побара заедничко старателство над трите деца: Кејден (15), Хејс (14) и Грејс (12).
Двојката беше во брак 18 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Дупер ја отвораат летната сезоната со нова песна

Бендот Дупер ја објави својата најнова песна „Некажано“ која има потенцијален да стане хит на летото. Станува збор за лесна и заразна песна која уште на првото слушање влегува под кожа.
Музиката, текстот и аранжманот се дело на Борис Какуринов и Илчо Нечовски, тандемот кој и овојпат испорачува звук што е истовремено модерен и интимен, со мелодии што носат ведрина и текст што се памти од прва.
Видеото, кое веќе е достапно на YouTube, го режираше Трифун Ситниковски и носи визуелна игра која совршено го доловува духот на песната. Неочекувано, динамично и креативно, спотот додава нова димензија на песната без да ѝ го одземе вниманието. Напротив, го збогатува целосното искуство.
Дупер остануваат верни на својата музичка естетика, но и храбро експериментираат со звукот и формата. Со овој сингл, уште еднаш потсетуваат дека се бенд што не брка трендови, туку создава нови.
Забава
Орландо Блум ја објави првата фотографија со Кеjти Пери по раскинувањето: уживаа на јахта

Кејти Пери и Орландо Блум неодамна објавија дека се разделуваат, а сега покажуваат колку уживаат во тоа што се заедно.
Пејачката Кејти Пери и актерот Орландо Блум неодамна потврдија дека се разделиле по девет години.
Актерот сега објави серија фотографии од семејно патување на Инстаграм, од кои на една е Кејти.
Имено, фотографиите се направени на јахта, а Орландо позираше со Кејти, нивната ќерка Дејзи Дав и неговиот четиринаесетгодишен син Флин, кого го доби со Миранда Кер.
Овие фотографии предизвикаа бројни коментари, од кои повеќето беа оние кои велеа дека Кејти и Орландо се доказ дека дури и по раскинувањето, може да се остане во добри односи.
Забава
(Фото) Дуа Липа покажа како се носи малиот црн фустан

Традиционалната Недела на модата во Париз сè уште трае, а познатите личности и нивните интересни модни изданија пристигнуваат. На ред е Дуа Липа, која одлучи да носи креација од пердуви на големиот моден настан.
Иако оваа комбинација доби комплименти, другата комбинација на Липа го привлече вниманието на жените кои сакаат лежерен стил и ненаметливи детали.
Пејачката беше фотографирана пред луксузниот хотел „Костес“. За дневната пригода, таа носеше минималистички фустан кој ја истакнуваше нејзината завидна фигура.
Станува збор за класичен црн фустан кој зрачи со едноставност и високи чизми од брендот „Chrome Hearts“ кои ги истакнуваат витките нозе.
Својот стил го комплетираше со чанта од Шанел и шминка во „nude“ тонови. Косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за меки бранови.