Забава
Парчиња торта од кралските свадби набргу на аукција
По повод венчавката на принцот Хари и Меган Маркл во јавноста расте интересот за сите кралски задоволства, па така на аукцијата што ќе се одржи следниот месец ќе бидат понудени пет парчиња торта од венчавките на припадниците на кралското семејство во Велика Британија, кои се стари со децении.
Заинтересираните ќе може да си купат торта од венчавката на принцот Чарлс и принцезата Дајана, како и од венчавката на принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.
Се очекува на аукцијата во Лас Вегас на 23 јуни петте парчиња одделно да достигнат цена од неколку стотици, па дури и илјада долари, наведе аукциската куќа „Џулијенс аукшн“, а извршниот директор нагласи дека тортите не се за јадење.
Парче торта од венчавката на Чарлс и Дајана од 28 јули 1981 година се проценува дека ќе достигне цена помеѓу 800 и 1.200 долари.
„Ги донесоа луѓето што беа на венчавката, а досега ги чувавме во ладилник“, рече Џилијен и додаде дека парчињата не се одржувани со помош на други средства.
Понудена ќе биде и торта од венчавката на Чарлс и Камила од 2005 година, како и од венчавката на принцот Ендрју од 1986 година.
На венчавката на принцот Хари и Меган што ќе се оджи на 19 мај повикани се повеќе од 600 лица, а на свечениот прием ќе присуствуваат уште двесте.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Еди Марфи ќе стане дедо по трет пат: најстарата ќерка го покажа своето трудничко стомаче
Прославениот комичар Еди Марфи наскоро ќе стане дедо. Среќната вест ја откри неговата најстара ќерка, Бри, која се појави на премиерата на неговиот нов документарец „Being Eddie“ и го покажа своето трудничко стомаче во тесна облека.
Кога се појави во тесна фустан со долги ракави, сè беше јасно. На премиерата ја придружуваа нејзините браќа и сестри, шест од нејзините девет. Ова ќе биде трето внуче на познатиот Еди.

Бри е во брак со актерот Мајкл Хавиер од 2022 година. Двојката ја организираше својата свадба во Беверли Хилс пред околу 250 гости.

„Моето срце, мојот најдобар пријател, мое засекогаш. Те сакам секогаш. Едвај чекам да се омажам за тебе“, напиша Бри на социјалните мрежи кога се свршија.

Еди Марфи е татко на десет деца, најстарото има 36 години, а најмладото само шест. Во секое интервју, актерот ја користи можноста да зборува за нив и нагласува колку му е важно сите негови деца да бидат добри и пристојни луѓе.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Најсексипилната русокоса освојува со својот „див“ имиџ
Американската ѕвезда Сидни Свини, една од најсексипилните жени и најпопуларните актерки на денешницата, мамеше воздишки на доделувањето на наградите „Мажи на годината“ организирани од познатото списание GQ.
Провокативните изданија се нејзино второ име и кога ќе помислиме дека веќе ги покажала сите свои адути, успева да изненади – уште попровокативно.

По промената на имиџот и фризурата што совршено ѝ одговара, таа се одлучи за елегантен црн фустан што допира до подот, со длабоко деколте и дебели прерамки.
Навидум едноставното издание е всушност многу ефективно и привлечно, бидејќи Сидни го нагласува својот најголем адут – градите, но не заборава да се пофали со своите облини и совршена фигура.

Со оваа непогрешлива креација, таа не носеше никаков накит, освен ѓерданот од чокер, кој полека, но сигурно се враќа на модната сцена, но она што направи голем „бум“ на настанот беше нејзината фризура – разбушавениот страничен дел со малку посилна шминка ја покажа „другата страна“ на познатата актерка што беше полн погодок!
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Мајката и ќерката ги воодушевија луѓето со своите „жешки“ фустани
Познатата германска манекенка Хајди Клум се појави на црвениот тепих во Берлин на доделувањето на наградите „Жена на годината“, заедно со нејзината ќерка Лени, која долго време ги следи нејзините стапки и веќе е препознатливо име во светот на моделингот.
Нивното појавување доаѓа по кампањата за долна облека каде што мајката и ќерката добија многу критики.

Познатата Хајди позираше во краток фустан со тигрест принт украсен со мали циркони, додека Лени избра малку попровокативно издание.
Црниот проѕирен фустан, под кој носеше боди, беше нејзин избор, а на сè додаде драматична вечерна шминка, па се чини дека Лени сакаше и овој пат да предизвика поделени мислења кај публиката.

И мајката и ќерката веќе беа мета на коментари кога станува збор за кампањите за долна облека, па многумина ја сметаа нивната заедничка фотосесија за несоодветна, но ги игнорираа коментарите.
„Во нашето семејство, секогаш се градеше самодоверба кога станува збор за телото, а голотијата никогаш не е нужно сексуализирана“, рече Хајди тогаш.

фото: принтскрин

