Забава
(Видео) Петтото продолжение на „Индијана Џонс“ – солиден крај на серијалот
Џејмс Менголд е еден од оние проспиени режисери, чија главна карактеристика е и причината поради која многумина не го спомнуваат доволно често во разговорите за денешните несомнено талентирани режисери.
Имено, секој филм на Менголд е приказна за себе и огромен жанровски скок поради што многу е тешко да се стави во фиока.
Многуте негови филмови и новиот „Индијана Џонс“ на хартија изгледаат како потполно неповрзани филмови од сосема други луѓе. Додека, од една страна, имаме режисери со препознатлив стил, како Тарантино или Скорсезе, Манголд повеќе спаѓа во категоријата со Содерберг.
Теоретски, стилот на камелеон на Манголд е совршен за ситуација кога префрлате филмска сага во рацете на нова личност по 40 години, како што е случајот со „Индијана Џонс“, која по три одлични и едно не толку одлично продолжение, ќе му вдахне нов живот.
Иако приказната е типична за серијалот, има солиден заплет, кој воопшто не заостанува зад ниту едно од претходните продолженија.
Она што автоматски му успева на Манголд е отворањето на филмот, во кој гледаме подмладен Џонс со глас на старец. Сепак, и покрај малку послабите CGI-моменти и фактот што помладиот Форд звучи како старец, тој е пример за добро подмладување и петтиот дел навистина успева да нè врати во деновите на гордоста и славата.

„Индијана Џонс: Бројчник на судбината“, најверојатно, е последниот филм од франшизата. Според критичарите, идејата да се заврши една од најдолгите серијали со друг режисер, барем на прв поглед, не изгледа паметна бидејќи најочигледно нешто што многумина ќе помислат е дека Манголд е одличен, но тој не е Спилберг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Нов пресврт во правната сага меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони: нејзината тужба останува, неговата падна
Правната битка меѓу ѕвездите од „Тоа завршува со нас“ има нов епилог. Актерот и режисер Џастин Балдони ја повлече својата контратужба за клевета од 400 милиони долари против колешката Блејк Лајвли откако го пропушти клучниот рок за повторно поднесување.
Според Ролинг Стоун, федерален судија официјално ја заврши тужбата на Балдони. Неговиот случај првично беше отфрлен во јуни, но му беше дадена можност да ја измени и повторно да ја поднесе. Сепак, судијата Луис Лиман, кој го надгледува случајот, забележа дека Балдони и неговата компанија, „Вејфарер студиос“, не успеаја да го исполнат рокот од 17 октомври или да одговорат на судската наредба.
Додека случајот на Балдони против Лајвли сега е затворен, нејзината тужба против него за сексуално вознемирување и одмазда е сè уште активна и во тек. Балдони ја поднесе својата тужба како одговор на нејзините обвинувања.
Забава
Тамара Глоба предвидува блескав ноември за четири хороскопски знаци
Познатиот руски астролог Тамара Глоба предвидува дека ноември ќе донесе среќа и нов почеток за четири хороскопски знаци – Близнаци, Рак, Вага и Водолија.
Глоба најавува „крај на еден вознемирувачки период и почеток на посветла етапа“, со големи промени и нови можности.
Близнаци – ќе почувствуваат налет на креативна енергија, хармонија во љубовта и финансиска стабилност, но со потреба од внимателност во приватниот живот.
Рак – ќе уживаат во професионален напредок и профитабилни можности; крајот на месецот ќе бара повеќе внимание кон семејството.
Ваги – ги очекуваат нови средби, деловни понуди и лични промени; успехот ќе ги следи ако носат промислени одлуки.
Водолии – ќе имаат поддршка од блиските и пријателите, а во деловниот сегмент ќе им се отворат нови извори на приход.
Според Глоба, ноември ќе биде период на нови можности, финансиска стабилност и личен раст, но ќе бара мудрост и внимателност во одлуките.
Забава
Мајка ѝ е кралица нa „Ноќта на вештерките“, но и Лени Клум воодушеви со својот костим
На годинешната забава на Хајди Клум за „Ноќта на вештерките“ во Њујорк, во центарот на вниманието беше нејзината ќерка Лени Клум, која со креативниот костим го привлече вниманието на сите.
Дваесет и едногодишната манекенка се претстави како ликот Камил Крим од детската книга „Необичниот случај со пругите“. и го обои целото тело во шарени пруги – еден од највпечатливите костими на вечерта.
Хајди Клум се појави како Медуза, нејзиниот сопруг Том Каулиц како сребрен витез, а неговиот брат близнак Бил Каулиц како Сејлор Мун. На забавата присуствуваа и останатите деца на Клум од бракот со Сил.

