Забава
Пет земји во кои е забрането да се слави Божиќ
Иако Божиќ во многу делови од светот е симбол на заедништво, подарување и мир, во некои земји оваа традиција не е дозволена, па забраните често вклучуваат одржување јавни настани, јавни миси или божиќни манифестации. Исто така, во некои земји не е дозволено јавно да се поставуваат новогодишни украси. Поединци што ќе ги прекршат овие закони може да се соочат со казни.
Во овие земји луѓето мораат да одржуваат прослави во приватни кругови избегнувајќи отворени и јавни манифестации.
Сомалија
Владата во Сомалија со години спроведува забрана за прослави на Божиќ и Нова година. Оваа забрана е во сила од 2009 година и е усогласена со примената на шеријатското право во земјата.
Една од главните причини е нивната загриженост за можни напади од исламистички групи. Според владин претставник од Министерството за верски прашања, прославите немаат врска со исламот поради што се сметале за непожелни.
Додека отворените божиќни прослави, како што се оние во хотели или јавни простори, се забранети за сите Сомалијци, странските државјани сè уште имаат право да ги слават празниците приватно во своите домови. Градоначалникот на главниот град Могадишу, Јусуф Хусеин Џимале, појасни дека овие ограничувања важат само за муслиманите, а оние што не се муслимани може слободно да го прослават Божиќ, без никаков притисок.
Тој додаде дека целта на оваа мерка е да се спречат можни напади на милитантни групи на јавни собири, особено на Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда.
Северна Кореја
Во Северна Кореја, под строгиот комунистички режим на Ким Џонг-ун, божиќните прослави се строго забранети. Повеќето жители на земјата се идентификуваат како агностици или атеисти, а верските активности се предмет на интензивен владин надзор. Според извештајот на „Експрес“, јавните прослави на Божиќ во Северна Кореја се забранети од 1948 година кога династијата Ким почнала да воведува ограничувања на верските слободи во земјата.
Иако Уставот на Северна Кореја ја гарантира слободата на вероисповед, практиката покажува дека верската слобода во земјата речиси и да не постои. Луѓето фатени како учествуваат во божиќните богослужби или прослави ризикуваат сериозни последици, вклучително и затворање, тортура, па дури и егзекуција.
Брунеи
Малата земја во Југоисточна Азија, со која владее султанот Хасанал Болкија, забранува отворени божиќни прослави. Сепак, на жителите им е дозволено да го прослават празникот во приватност под услов однапред да ги известат властите.
Забраната беше донесена во 2014 година поради загриженоста на властите дека прекумерното славење на Божиќ може да го доведе во заблуда муслиманското население на Брунеи. Прекршувањето на законот може да резултира со тешки казни вклучувајќи глоба до 17.000 евра или затворска казна до пет години.
Иран
Во Иран, каде што мнозинството од населението е муслиманско, јавните божиќни прослави се забранети, како и активностите, како што се украсување новогодишни елки, украсување домови со празнични украси или носење празнична облека.
Оние што не ги почитуваат овие закони се соочуваат со глоба или затвор. И покрај тоа, на христијаните во Иран им е дозволено да слават приватно во своите домови или цркви.
Таџикистан
Владата во Таџикистан спроведува забрана за јавни божиќни прослави за да ја одржи социјалната и верската стабилност. Ограничувањата вклучуваат забрана за новогодишни елки, украси и празнична облека на јавни места.
Исто така, лицата што ги прекршуваат овие прописи може да се соочат со глоба или затвор. И покрај забраната, исто како и во Иран, христијаните во Таџикистан сè уште може да го слават празникот во своите домови или цркви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
На Никол Кидман и се додворува познат милијардер: на актерката и се насмевнува нова љубов?
Славната Никол Кидман изгледа подобро од кога било во кариерата, се согласуваат многумина. Пред пет месеци, таа официјално се разведе од музичарот Кит Урбан, со кого беше во брак 19 години и со кого има две ќерки.
Животот продолжува, за што сведочи и фактот дека Кит Урбан веќе пронашол нова љубов, а Никол ужива во својот сингл живот – засега. Сепак, можеби нема да остане сама долго, бидејќи наводно и се додворува влијателниот бизнисмен Пол Салем, кој им признал на своите блиски пријатели дека би сакал да ја запознае, пишува Дејли Меил.
Двајцата наводно имаат многу заеднички пријатели и досега се сретнале двапати, но официјално не се запознале, ниту разговарале.
Пол Салем е исто така разведен и е татко на четири ќерки со неговата поранешна сопруга Навин, со која го заврши бракот во 2021 година.
Тој е претседател на одборот на директори на MGM Resorts International, ко-сопственик на бејзбол тимот Worcester Red Sox, а со децении беше еден од лидерите на инвестициска фирма.
Никол Кидман и Кит Урбан постигнаа конечен договор за развод минатиот месец, откако актерката поднесе барање за развод во септември минатата година. Според извештаите, тие го постигнале договорот без поголеми несогласувања, а не е познато дали имале предбрачен договор.
Забава
(Фото) Една од најубавите жени во светот го поддржа својот сопруг во секси облека
Актерката Ева Мендес е во врска со актерот Рајан Гослинг од 2011 година, со кого тајно се омажи во 2022 година, а денес тие се сметаат за еден од најхармоничните познати парови кои изградиле многу стабилен семеен живот.
Познато е дека убавата Ева е меѓу најголемите обожаватели на својот сопруг до ден-денес, а тоа го докажа со објавување на серија црно-бели фотографии на Денот на вљубените на кои позира во кревет, облечена само во маица.
И не е било каква маица, туку една со ликот на Рајан Гослинг, а со овој гест го поддржа неговиот најнов филм „Project Hail Mary“.
Маицата е неколку броеви поголема, но дури и во неа Ева Мендес изгледа неверојатно секси, па, како што се очекуваше, на Инстаграм следеше лавина од комплименти.
И не е прв пат таа да го поддржи својот сопруг на овој начин, бидејќи ова е убава традиција за познатиот пар – да се поддржуваат еден со друг на овој начин – со одбрани маички.
Забава
(Фото/Видео) Ќерката на Синди Крафорд остава без зборови во „гол“ фустан
Моделот Каја Гербер, ќерка на познатата мајка Синди Крафорд, се појави на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Independent Spirit“ во смел фустан во кој изгледаше божествено, докажувајќи дека е свесна за модата и е вистинско олицетворение на еден од најбараните модели на сите времиња.
@voguespain #KaiaGerber y la demostración de que un vestido con transparencias puede ser el look más sofisticado. La modelo y actriz estuvo anoche en los Independent Spirit Awards ✨ #SpiritAwards #modaentiktok ♬ original sound – nj.audios
Каја избра целосно транспарентен, тесен фустан од чипка без ракави кој ја истакна нејзината совршена фигура, а тоа смело модно парче е од престижната куќа „Живанши“.
Во впечатлив фустан, таа привлече и погледи и воздишки, и самоуверено позираше за фотографите и снимателите, вешто правејќи ги најдобрите пози.
Фустанот доаѓа од колекцијата пред есен 2026.

