Забава
Пет начини да го намалите опаѓањето на косата
Експертите истакнуваат дека е сосема нормално да губите помеѓу 50 и 100 влакна дневно, но ако забележите зголемено опаѓање на косата, можеби е време да обрнете внимание на вашите навики и нега.
Губењето на косата е проблем со кој се соочуваат многу луѓе, без оглед на полот и возраста. Експертите нагласуваат дека е сосема нормално да губите помеѓу 50 и 100 влакна дневно, но ако забележите зголемено опаѓање на косата, можеби е време да обрнете внимание на вашите навики и нега на косата.
Ви донесуваме пет докажани совети од дерматолози и трихолози за тоа како да го намалите опаѓањето на косата и да го подобрите нејзиното здравје.
1. Обрнете внимание на вашата исхрана
Експертите нагласуваат дека косата, како и остатокот од телото, зависи од правилната исхрана. Недостатокот на железо, цинк, витамини Д и Б комплекс може значително да придонесе за зголемено опаѓање на косата.
Вклучете храна богата со протеини во вашето мени – јајца, риба, јаткасти плодови и мешунки. Не заборавајте на зелениот зеленчук, бидејќи придонесува за подобра циркулација и исхрана на коренот на косата.
2. Избегнувајте прекумерно стилизирање
Користењето пегла за коса, виткање и фен за коса на високи температури ја ослабува структурата на косата и доведува до кршење.
Експертите препорачуваат да ја сушите косата природно секогаш кога е можно, а доколку користите топлински алатки, не заборавајте да нанесувате производи за заштита од топлина.
Исто така, избегнувајте премногу често врзување на косата во тесна опашка или пунџа, бидејќи затегнувањето може дополнително да го оштети фоликулот.
3. Масирајте го скалпот
Масирањето на скалпот ја подобрува микроциркулацијата и им помага на фоликулите да добијат повеќе кислород и хранливи материи. Дерматолозите препорачуваат дневна масажа од само 5 минути, со прсти или специјален масажер.
Можете да користите и природни масла, како што се рицинусово или кокосово, бидејќи тие дополнително го хранат коренот на косата.
4. Справете се со стресот
Хроничниот стрес е една од најчестите причини за зголемено опаѓање на косата. Експертите советуваат воведување техники за релаксација во вашата рутина – прошетки во природа, медитација, јога или која било активност што ви се допаѓа.
Добриот сон е исто така клучен, бидејќи за време на одмор целото тело се регенерира, вклучително и вашата коса.
5. Користете благи производи за коса
Агресивните шампони и третмани што содржат сулфати и парабени можат дополнително да го иритираат скалпот и да доведат до зголемено опаѓање на косата.
Се препорачува да се користат благи шампони без штетни хемикалии, а идеално е да се изберат оние збогатени со билни екстракти и витамини. Експертите нагласуваат дека не е потребно секојдневно да ја миете косата, освен ако немате особено мрсен скалп.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашијан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашијан, како нејзина мајка, трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – „тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува“.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тикток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокираше сите.
@kimandnorth
Таа носеше целосно црна комбинација што ја комбинираше со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следеше лавина од коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тикток“, додека друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth 💧💧
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, искоментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од чипка
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на „Saturday Night Live“ по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната „Madeline“ и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето „правило“.
За сцената, таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни стајлинзи на Дакота Џонсон, поради кои речиси ја остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се вери
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Џуниор, се вери со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а наскоро се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата нова свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е трет пат Доналд Трамп Џуниор да се вери. Претходно 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина започна минатата година, приближно во исто време кога Дон Џуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

