Забава
Пет недели по породувањето, холивудската актерка блесна во фустаните на Мајкл Корс
Пет недели по раѓањето на ќерката Рани Роуз со музичарот Дани Фуџикава, 39-годишната актерка Кејт Хадсон се појави во јавноста на настан во Лос Анџелес по повод новата улога во Светската програма за храна на Обединетите нации.
На Кејт Хадсон, која се породи на 2 октомври, ѝ се приклучија познатиот американски дизајнер Мајкл Корс и актерката Натали Моралес, која беше модератор на споменатиот настан.
Првиот работен настан за Кејт Хадсон следуваше за помалку од една недела откако беше назначена за амбасадорка на добра волја, како дел од Светската програма за храна на Обединетите нации. Оваа хуманитарна организација со седиште во Рим обезбедува храна за повеќе од 90 милиони луѓе во 80 земји.
Разговорот на Кејт Хадсон и американскиот дизајнер Мајкл Корс на свечената вечера не сакаа да го пропуштат бројни холивудски ѕвезди и колеги на 39-годишната актерка, а на споменатиот настан, Кејт заблеска во два фустана на познатиот американски дизајнер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хороскопски знаци кои ќе ве полудат: со нив е како да сте на емотивен ролеркостер
И покрај тоа што ги сакаме, понекогаш изгледа како да се родени да бидат тешки. Хороскопот потсетува дека овие два знака често се на врвот на листата кога станува збор за ситничарење и тврдоглавост.
Девица
Ако има еден збор кој совршено ја опишува Девицата, тоа е „зошто“. „Зошто не го направи тоа подобро?“, „Зошто не размисли за секоја можна последица?“, „Зошто не го следеше планот? итн. Девиците имаат неверојатен талент и можат да ја забележат секоја мала мана и нема да застанат додека не ви укажат на тоа.
Нивната потреба за совршенство може да биде исцрпувачка, особено затоа што не разбираат зошто сите други не ја споделуваат нивната визија. Иако нивните напори честопати се добронамерни, нивната тенденција да се жалат и анализираат може да ги излуди дури и најтрпеливите. Ако сакате да и угодите на Девицата, подгответе се за огромна листа на задачи.
Овен
Ако Девицата троши енергија на перфекционизам, Овенот ја троши на сопственото мислење. Овој огнен знак не го знае зборот „компромис“ и често влегува во ситуации со менталитет на генерал. Без разлика дали се работи за избор на филм, ресторан или глобална политичка ситуација, Овнот е уверен дека најдобро знае. Кавга со Овен? Заборавете.
Овнот не е само досаден поради тврдоглавоста, туку нивната импулсивна природа често ве става во ситуации за кои не сте ни знаеле дека постојат. Со Овен, секогаш сте на емотивен тобоган.
Забава
Стинг: Седум часа сексуален однос вклучува вечера, филм и пет часа молење
Музичарот Стинг е во брак со Труди Стајлер од 1992 година. Во раните 90-ти, тој зборуваше во медиумите за нивните „седумчасовни секс маратони“. Сега откри дека тоа е лага и дека само се шегувал.
„Седум часа вклучува вечера, филм и пет часа молење“, рече тој во интервју за „Тајмс“.
Иако тоа дури сега го призна, неговата сопруга уште во 2011 година рече дека изјавата за седумчасовен секс е „пијано фалење“ и се пошегува дека „тоа го прават цел ден“.
„Стинг го кажа тоа пред 21 година. Неодамна наполни 60 години и претпоставувам дека таа тантричка приказна ќе трае додека не умре. Знаете кој е виновен за тоа? Боб Гелдоф. Тој и Стинг отидоа на интервју со рок новинар што прерасна во ‘пиенка’, а во еден момент, новинарот ги праша колку долго им трае сексот. Гелдоф рекол дека е „маж од три минути“. Бидејќи Стинг практикува јога, веројатно би можел да издржи со часови, па тој рекол: „Дали сте слушнале за тантричкиот секс“, рече Труди.
Во новото интервју Стинг сподели и други детали за бракот. Тој вели дека тантричкиот секс за него е духовен чин.
„Не знам почист и подобар начин да ја изразам љубовта кон друга личност од споделувањето на тој убав настан, кој јас го нарекувам „света тајна“. Не е седум часа, но идејата стои“, рече тој.
Стинг и Труди се запознале во 1982 година, додека музичарот сè уште бил во брак со неговата прва сопруга Френсис Томелти. Отпрвин биле пријатели, но се заљубиле. Откако се разведе од Френсис во 1984 година, тој започна врска со Труди.
Забава
Камерон Дијаз за паузата од актерството: Најдобрите десет години од мојот живот
Филмската ѕвезда на Холивуд, Камерон Дијаз, која се враќа на големото платно овој месец во новиот шпионски трилер со колешката Џејми Фокс наречен Back in Action, изјави дека десетте години што ги поминала во привремено актерско пензионирање досега биле најдобрите десет години во нејзиниот живот.
Не е познато дали ова е нејзино трајно враќање на актерството, но, како што рече во емисијата на Би-Би-Си, ова можеби е само почеток.
На прашањето дали и се допаѓа анонимноста и тоа што се вратила чекор назад, таа одговорила: „О, Боже, да, ми се допадна“, додавајќи дека тоа и овозможило слободно да ја исполни својата улога на мајка и сопруга, но таа е „навистина среќна и благодарна“ што повторно глуми.
Нејзината последна улога, онаа на Ханиган во римејкот на филмот Ени, беше во 2014 година. Но, Дијаз (52) официјално го потврди своето повлекување од актерството во 2018 година.
Зборувајќи за нејзината пауза од снимањето филмови, Дијаз рече дека тоа биле „најдобрите 10 години од нејзиниот живот“. Иако целото ова време ги одбиваше улогите, таа рече дека и денес чувствува дека е привилегија да глуми.
„Би била навистина глупава да го пуштам ова сега, сета добра волја што расте во мене толку долго, страста за правење филмови што ќе ги забавуваат и насмеат луѓето, ако не се вратам во тоа, ако не ја искористам оваа прилика. Благодарна сум“, објасни таа.