Контакт

Забава

Пет хороскопски знаци кои се млади во срцето, без разлика на возраста

Објавено пред

Според астрологијата, некои луѓе се чини дека се вечно млади во срцето. Без оглед на нивната биолошка возраст, овие луѓе зрачат со жива енергија и жед за живот што му пркосат на времето.

dobivaj vesti na viber

Дали ви е познато тоа чувство кога ќе запознаете личност во зрели години и ве фасцинира нејзината енергија. Често мислите дека е помлада и се чудите кога ќе ви го кажат датумот на раѓање.

Тоа не е случајно бидејќи астролозите тврдат дека за тоа се погрижиле ѕвездите. Некои луѓе, едноставно, се родени со овој подарок.

Хороскопски знаци што остануваат млади во срцето засекогаш

Кои се знаците на Зодијакот што ја зрачат оваа прекрасна енергија. Впрочем, годините за нив се само бројка! Можеби и вие сте на оваа ласкава листа.

Овен
Бестрашни и ентузијасти, луѓето родени во овој хороскопски знак имаат вродено чувство за авантура. Токму тоа ги одржува млади во срцето. Под власт на Марс, планетата на акцијата и виталноста, Овните се секогаш тука кога ќе се случи нешто ново или, едноставно, тие се иницијатори.

Нивната страст за животот нема граници и на секој ден му пристапуваат со детско чудење и оптимизам. Не е ни чудо што тие се популарни и добредојдени во секое општество.

Близнаци
Близнаците имаат младешка љубопитност, која ги одржува во постојан контакт со светот околу нив. Со припадниците на овој знак владее Меркур, планетата на комуникацијата и интелектот. Ова ги прави Близнаците вечни студенти на животот, секогаш желни да учат и истражуваат нови идеи.

Владеат со полето на комуникација, весели и оптимисти, блескаат со својата страст и го задржуваат вниманието на соговорникот. Зарем овие квалитети не се за посакување.

Лав
Нема добра забава без Лав. Тие се смели и харизматични по природа и имаат младешка аура, која ги плени сите што ги среќаваат. Со припадниците на овој знак владее Сонцето, кое е знак на виталност и самоизразување.

Лавовите имаат заразна енергија и не може да останат незабележани кога ќе влезат во просторија. Нивната природна топлина и магнетизам никогаш не престануваат да привлекуваат.

Стрелец
Авантуристичките Стрелци се олицетворение на младоста благодарение на нивниот безграничен оптимизам и љубовта кон истражувањето. Со Јупитер, планетата на ширење и изобилство, луѓето родени во овој хороскопски знак се вечни трагачи по вистината и мудроста.

Нивната ненаситна желба за авантура ги носи во далечните краишта на светот во потрага по нови искуства и културно збогатување. Затоа е секогаш интересно да се биде со нив.

Водолија
Иновативни и неконвенционални, Водолиите поседуваат младешки идеализам, кој ги турка да ги оспоруваат нормите за да изградат подобар свет. Со Водолијата владее Уран, планетата на иновациите и напредокот.

Припадниците на овој знак се визионери. Нивната страст за социјална правда ги инспирира да се залагаат за каузи што се усогласени со нивните вредности.

И, конечно, иако астрологијата помага да се одредат особините на една личност, постојат и некои други фактори. Тие исто така помагаат во обликувањето на природата и личноста на една личност, како што се нивното воспитување, семејните врски и многу повеќе.

Забава

(Видео) Хрватскиот претставник на „Евровизија“ со радост го дочека пласманот на Србија во финалето

Објавено пред

Во моментот кога Србија беше прогласена за финалистка на Евровизија, Теја Дора и нејзиниот тим скокаа и се радуваа, а реакцијата на претставникот на Хрватска, Бејби Лазања го привлече вниманието на многумина, пренесуваат српските медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Тој беше пред нашата претставничка во бекстејџот, а кога слушна дека Србија оди во финале почна да се радува и удира со рака на подот, а потоа се поздравија со Теја Дора“, пишува „Сити магазин“.

Во големото финале на Евровизија, пласман од земјите од регионот обезбедија Србија, Хрватска и Словенија.

Прикажи повеќе...

Забава

Хороскопски знаци кои ги очекува голем прилив на пари до крајот на следната недела

Објавено пред

ОВЕН

dobivaj vesti na viber

Пред вас е уште една успешна недела за пари. Парите се лепат за вас, a покрај пари ќе добиете и вредни подароци.

БИК

Планетите во вашиот знак ви даваат одлични можности на сите полиња од животот. Моментално сте еден од најмоќните знаци на Зодијакот, па ќе имате и многу пари.

ЈАРЕЦ

Со помош на креативна енергија и уникатни идеи, можете да заработите пари на основа на големи проекти.

СТРЕЛЕЦ

Добрите аспекти на Сатурн ќе поттикнат да ги добиете парите што сте ги заработиле со напорна работа. Тоа може да биде работа што ја работите од дома, како и дополнителен проект со скратено работно време.

Хороскопскиот знак кој треба да игра игри на среќа е Риби.

Прикажи повеќе...

Забава

Принцот Вилијам зборуваше за здравјето на Кејт Мидлтон

Објавено пред

Принцот Вилијам (41) пристигна во пристаништето Сент Мери каде продолжи со своите обврски. Принцот од Велс за време на посетата на болницата разговарал за здравјето на својата сопруга и за прв пат открил како е Кејт Мидлтон.

dobivaj vesti na viber

„Добро е“, накратко рекол Вилијам за здравјето на Кејт Мидлтон.

Во емотивна видео порака, снимена во Виндзор на крајот на март, Кејт Мидлтон откри дека има рак.

„Добро сум и секој ден станувам посилна, се фокусирам на работи кои ќе ми помогнат да заздравам. Да го имам Вилијам покрај мене е исто така голема поддршка и утеха. Како и љубовта, поддршката и љубезноста што ја покажаа многумина од вас. На двајцата ни значи многу“.

Ракот на Кејт беше откриен дури откако таа беше подложена на операција на стомакот во клиника во Лондон во јануари. Кенсингтонската палата соопшти дека нема да споделува детали за тоа каков тип на рак има принцезата или во која фаза е ракот и побара од луѓето да не шпекулираат.

„Вилијам е исклучително горд на својата сопруга за храброста и силата што ги покажа не само во овој период, туку и од почетокот на годината. „Сега повеќе од кога било, тој е фокусиран на тоа дека неговата сопруга ја има потребната приватност за целосно закрепнување и дека неговите деца се заштитени“, рече изворот.

Се зборува и дека на двајцата им требало долго време да се соземат од веста, што воопшто не е лесно да се прифати. Исто така, голема задача било на кој начин ќе им ја соопштат на своите деца шокантната вест.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет30 минути

Израел ги повика Палестинците од централниот дел на Рафа да се евакуираат, повеќе од 150.000 луѓе веќе го напуштиле градот

Израелската армија утринава ги повика жителите на населбата во централниот дел на градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа...

Македонија1 час

Честитки од ЕУ и САД до Силјановска-Давкова за победата на претседателските избори

Пристигнуваат честитки од Европа и САД за големата изборна победа на Гордана Силјановска-Давкова. Вчера, со своја честитка за професорката Гордана...

Спорт1 час

„Тоа беше несреќа“ – Новак Ѓоковиќ проговори и откри како се чувствува по инцидентот со шишето

Новак Ѓоковиќ се огласи по непријатноста што ја доживеа кога го напушташе теренот во Рим, и потпишувајќи автограми случајно беше удрен...

Свет2 часа

ОН го предупредија Израел да не го напаѓа Рафа: Тоа би предизвикало епска хуманитарна катастрофа

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ја предупреди израелската армија да не го шири нападот врз градот Рафа во...

Свет2 часа

САД: Можно е Израел да го прекршил меѓународното право со нашето оружје

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден вчера објави дека Израел можеби користел оружје добиено од САД со кршење на меѓународното...

Македонија17 часа

ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат

Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува...

Македонија20 часа

Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“. Беше констатирано...

Македонија21 час

Пеевски до Мицкоски: Од вас се очекува правилно да го исполните договорот, Бугарија направи голема работа

Нема да дозволиме Бугарија да се користи за внатрешнополитички цели во Северна Македонија, наведува претседателот на ДПС од Бугарија, Дељан...

Македонија22 часа

Главчев: Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи европската перспектива, повеќе нема да правиме отстапки

Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата европска перспектива. Од наша страна, немаме каде да правиме повеќе отстапки....

Македонија22 часа

Џафери не кажа дали е подготвен да оди во опозиција: Тоа е прашање што зависи од исходот на преговорите за состав на нова влада

По отчетот за 100-те дена техничка Влада, техничкиот премиер Талат Џафери вели дека е фокусиран на обврските од сегашната Влада,...

Македонија23 часа

(Видео) Првиот премиер Албанец на Македонија: Со мирна совест можам да кажам дека она што го најавив пред сто дена и го спроведов

Претседателот на Владата, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека се обврзал пред граѓаните оти ќе овозможи слободно изразување на...

Македонија1 ден

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш за да можеме да победиме

„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за...

Скопје1 ден

Падна дрво во населбата Автокоманда во Скопје

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“...

Европа1 ден

Путин го избра премиерот

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот...

Свет1 ден

Германски министер: И Берлин размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни...

Свет1 ден

Орбан по средбата со кинескиот претседател: Ја прошируваме соработката и во нуклеарната индустрија

Кина и Унгарија ќе тргнат на „златно патување“ во билатералните односи, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со унгарскиот...

Македонија1 ден

Зеленски и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова

Денеска, 9 мај 2024 година, на социјалната мрежа „Икс“ по повод големата победа на професорката Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори,...

Македонија2 дена

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од одржаните претседателски и парламентарни избори. Гордана Силјановска Давкова...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалирање со партиите – во фокусот се три точки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека претпладнево одржал состанок, на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го...

Македонија2 дена

Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов

По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК. Во согласност...