Забава
Пиење кафе пред појадок го нарушува метаболизмот, тврдат британски научници
Тоа е најпопуларниот напиток во светот што дејствува како витален еликсир, особено за луѓе кои спијат малку.
Но, една нова студија сугерира дека пиењето кафе веднаш штом ќе се разбудите наутро, особено ако не сте спиеле доволно, значително го нарушува метаболизмот и контролата на шеќерот во крвта.
Истражувајќи ги ефектите на недоволен сон и утринско кафе низ низа различни метаболички маркери, научниците од Универзитетот во Бат, Велика Британија, откриле дека, иако една ноќ со слаб сон има ограничено влијание врз метаболизмот, во комбинација со кафе на гладен стомак, има негативно влијание врз контролата на гликозата во крвта.

Со оглед на важноста на одржување на нивото на шеќер во крвта во безбеден опсег за да се намали ризикот од состојби како што се дијабетес и срцеви заболувања, истражувачите веруваат дека овие резултати може да имаат далекусежни здравствени импликации.
Со одлагање на овој напиток сè до после појадок, според британските истражувачи, драстично е подобрена способноста на нашите тела здраво да ја разложат храната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Инстаграм“, конечно, ја добива функцијата што сите ја сакаат
Многу корисници ја бараа оваа функција, а „Инстаграм“, конечно, им ги исполни желбите.
„Инстаграм“, конечно, ги послуша своите корисници: популарната социјална мрежа воведува нова функција „Историја на гледање“, која ви овозможува да ги прегледате сите видеа од Reels што сте ги гледале претходно, дури и ако не сте ги лајкнале, зачувале или споделиле.
Досега, ако случајно сте „скролувале“ преку интересно видео од Reels и сте заборавиле да го зачувате, беше речиси невозможно повторно да го пронајдете. Новата функција го решава токму тој проблем.
Како што објаснува извршниот директор на „Инстаграм“, Адам Мосери, многу корисници барале начин да ги пронајдат видеата што претходно ги гледале, но не ги зачувале, а оваа функција е директен одговор на овие барања.
View this post on Instagram
Функцијата „Историја на гледање“ ќе биде достапна во делот „Ваша активност“. За да пристапите до неа, треба да го отворите вашиот профил, да ги допрете трите реда во горниот десен агол, потоа да изберете „Ваша активност“ и да ја пронајдете „Историјата на гледање“.
Корисниците ќе може да ги видат сите претходно гледани видеа подредени хронолошки, како и да ги сортираат според времето на гледање или авторот. Тие исто така ќе може да избришат поединечни ставки или целата историја одеднаш.
Новата функција се воведува постепено и треба да биде достапна за сите корисници во светот во наредните недели.
Фото: Принтскрин
Забава
(Фото) Забавата до зори ја уништува: познатата манекенка едвај оди, нејзиното лице ги растажи фановите
Познатата манекенка Кејт Мос се чини дека повторно почна да го живее својот стар начин на живеење, а во јавноста ја гледаме сè почесто и почесто под дејство на алкохол.

По скандалозното појавување на Неделата на модата во Париз кога беше придржувана пред еден клуб, сега ги имаше своите пет минути на роденденската забава на Ким Кардашјан.

Реалната ѕвезда организира забава за својот 45-ти роденден и собра многу познати холивудски ѕвезди, вклучувајќи ја и Кејт Мос.
Познатата манекенка ја напушти забавата со пријателка, а таа цело време се држеше за неа, наводно дури и не можела да стои. Според странските медиуми, Кејт се сопнала кога влегла во такси и изгледала многу поспано.

За роденденот на Ким Кардашјан манекенката избра краток црн фустан во комбинација со крзнено палто, но сето ова останало во сенка на нејзиното однесување по прославата, што ги навело фановите да помислат дека Кејт повторно пиела премногу.
фото: принтскрин
Забава
Постојат две причини зошто никогаш не треба да истурате масло во мијалникот?
Многу луѓе имаат навика да истураат употребено масло во мијалникот по готвењето, но експертите објаснуваат дека оваа практика може да предизвика големи проблеми.
Освен што ги затнува цевките во вашиот дом, насобирањето масло во вашиот канализациски систем може да создаде огромни наслојки од маснотии. Овие затнувања, составени од стврднато масло и влажни марамчиња, може да блокираат цели канализациски мрежи.
Многу луѓе не се сигурни што да прават со своето употребено масло, објаснува Сузан Мекензи, која рециклира масло за готвење.
„Маслото ги затнува одводите и канализацијата, што предизвикува голем број проблеми за компаниите за вода и животната средина. Поголемиот дел од отпадното масло што не завршува во одводот се фрла со обичниот отпад и завршува на депониите“, рече Мекензи.
Покрај затнувањето, излевањето масло е штетно и за реките и езерата.
„Кога маслото ќе влезе во водните патишта, тоа е катастрофално за дивиот свет. Го намалува нивото на кислород во водата, ги задушува живите суштества, ја прави водата токсична и го нарушува целиот екосистем“, рече Мекензи.
Некои веруваат дека течните масла, како што е маслиновото, се побезбедни затоа што остануваат течни на пониски температури. Мекензи, сепак, нагласува дека ова е погрешно.
„Никогаш не треба да се истура масло во одводот“, рече таа.
Дури и маслиновото масло бргу се стврднува на пониски температури, што го прави исто толку штетно како и поцврстите масти, како оние што остануваат од печење месо.
„Дури и маслата што остануваат течни на ниски температури ги обложуваат цевките, се стврднуваат со текот на времето, задржуваат други остатоци и предизвикуваат затнувања. На крајот, тие сепак ја загадуваат водата“, објаснува таа.
фото: принтскрин

