Забава
„Пино силвестре“ се врати
Легендарниот „пино силвестре“ се враќа.
Препознатливите шишиња ги преплавија виртуелните продавници, парфимериите и аптеките.
Таму тоалетната вода Pino Silvestre може да се најде од 10 до 17 евра, во зависност од количината и продажната маржа. Покрај тоалетна вода, во понудата се и афтершејв (лосион по бричење) и дезодоранс.
Заедно со оригиналниот зелен Pino Silvestre се продаваат и црвени и сини верзии – Italian Citrus и Amber Woods.
Постарите, веројатно, се сеќаваат дека оригиналниот Pino Silvestre мирисаше на борова смола или на оние миризливи шишарки што се ставаат во автомобилите.
Модерната тоалетна вода, на која пишува „оригинал“, го нема тој мирис, иако во неа доминира борот, новиот „пино“ е нешто полесен и полимонест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Хрватскиот претставник на „Евровизија“ со радост го дочека пласманот на Србија во финалето
Во моментот кога Србија беше прогласена за финалистка на Евровизија, Теја Дора и нејзиниот тим скокаа и се радуваа, а реакцијата на претставникот на Хрватска, Бејби Лазања го привлече вниманието на многумина, пренесуваат српските медиуми.
„Тој беше пред нашата претставничка во бекстејџот, а кога слушна дека Србија оди во финале почна да се радува и удира со рака на подот, а потоа се поздравија со Теја Дора“, пишува „Сити магазин“.
See you in the Finals! ❤️
The strength is inside of us. Every person has their own Northen Star to guide them and inner Ramonda resilience to trive. 🌸
Vote for Serbia! 🇷🇸Srbija je u finalu Pesme Evrovizije 2024, a ovo je naš put! ✨
Hvala na podršci! 🫶 pic.twitter.com/MVXRagGBtp— RTS | Serbia ESC (@SerbiaESC) May 9, 2024
Во големото финале на Евровизија, пласман од земјите од регионот обезбедија Србија, Хрватска и Словенија.
Забава
Хороскопски знаци кои ги очекува голем прилив на пари до крајот на следната недела
ОВЕН
Пред вас е уште една успешна недела за пари. Парите се лепат за вас, a покрај пари ќе добиете и вредни подароци.
БИК
Планетите во вашиот знак ви даваат одлични можности на сите полиња од животот. Моментално сте еден од најмоќните знаци на Зодијакот, па ќе имате и многу пари.
ЈАРЕЦ
Со помош на креативна енергија и уникатни идеи, можете да заработите пари на основа на големи проекти.
СТРЕЛЕЦ
Добрите аспекти на Сатурн ќе поттикнат да ги добиете парите што сте ги заработиле со напорна работа. Тоа може да биде работа што ја работите од дома, како и дополнителен проект со скратено работно време.
Хороскопскиот знак кој треба да игра игри на среќа е Риби.
Забава
Принцот Вилијам зборуваше за здравјето на Кејт Мидлтон
Принцот Вилијам (41) пристигна во пристаништето Сент Мери каде продолжи со своите обврски. Принцот од Велс за време на посетата на болницата разговарал за здравјето на својата сопруга и за прв пат открил како е Кејт Мидлтон.
„Добро е“, накратко рекол Вилијам за здравјето на Кејт Мидлтон.
Во емотивна видео порака, снимена во Виндзор на крајот на март, Кејт Мидлтон откри дека има рак.
„Добро сум и секој ден станувам посилна, се фокусирам на работи кои ќе ми помогнат да заздравам. Да го имам Вилијам покрај мене е исто така голема поддршка и утеха. Како и љубовта, поддршката и љубезноста што ја покажаа многумина од вас. На двајцата ни значи многу“.
Ракот на Кејт беше откриен дури откако таа беше подложена на операција на стомакот во клиника во Лондон во јануари. Кенсингтонската палата соопшти дека нема да споделува детали за тоа каков тип на рак има принцезата или во која фаза е ракот и побара од луѓето да не шпекулираат.
„Вилијам е исклучително горд на својата сопруга за храброста и силата што ги покажа не само во овој период, туку и од почетокот на годината. „Сега повеќе од кога било, тој е фокусиран на тоа дека неговата сопруга ја има потребната приватност за целосно закрепнување и дека неговите деца се заштитени“, рече изворот.
Се зборува и дека на двајцата им требало долго време да се соземат од веста, што воопшто не е лесно да се прифати. Исто така, голема задача било на кој начин ќе им ја соопштат на своите деца шокантната вест.