Забава
Пит Дејвидсон во љубовна прегратка со Емили Ратајковски
Пит Дејвидсон ја потврди најновата романса со супермоделот Емили Ратајковски и тоа го направи на својот роденден со прегратка полна љубов.
Комичарот и манекенката синоќа заедно го прославија неговиот 29. роденден.
Поранешната ѕвезда на Saturday Night Live и 31-годишната манекенка, а во поново време и актерка, беа забележани пред станот на Емили во Вест Вилиџ, Њујорк.
Ова се случува неколку месеци откако Пит ја прекина деветмесечната романса со Ким Кардашјан, а Емили се раздели од својот сопруг.
Всушност, младиот комичар има долга историја со некои од најатрактивните жени во светот на шоу-бизнисот – Аријана Гранде, Кејт Бекинсејл, Каја Гербер, Маргарет Квали и Фиби Диневор.
За Пит велат дека не изгледа воопшто привлечно и не може да се спореди со најголемите холивудски заводници, но се чини дека некои од најубавите жени не може да му одолеат на неговиот шарм.
Повеќето ги нагласуваат неговата искреност и добрината, но и одличната смисла за хумор – одлики што често може да бидат поважни од физичкиот изглед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Ова е непримерно“: Хајди Клум позира со ќерката во кампања за долна облека
Поранешната манекенка Хајди Клум на „Инстаграм“ се пофали со фотографиите на кои позира со својата ќерка Лени во кампања за долна облека, а нејзиното објавување предизвика бурни реакции.
51-годишната Хајди и нејзината 20-годишна ќерка позираа заедно во тантелена долна облека, а Хајди откри дека уживале во снимањето.
View this post on Instagram
„Лени и јас се забавувавме додека го снимавме ова. Најдете нè на билбордите низ цела Германија и на телевизија“, рече таа во објавата што ја сподели и ќерка ѝ.
Како дел од објавата има и видео на кое Хајди и ги допира гаќите на ќерка си и ја снима додека таа позира во долна облека. Објавата предизвика многубројни негативни реакции.
View this post on Instagram
„Прилично е чудно што го правиш ова со мајка ти“, „Чудно е што мајка ти ги допира гаќите“, „Ова е несоодветно“, „Изгледа како почеток на филм од 18+“, „Да, нема ништо подобро од тоа да позираш полугола со мајка ти“, „О, тато и јас го правиме тоа постојано, само во боксери“, се дел од коментарите под објавата.
Забава
Актерот од филмот „Сам дома 2“ снимен на прошетка, глетката ги растажи фановите
Тим Кари, британскиот актер запаметен по улогата во филмот „Сам дома 2“, е снимен по долго време. Во еден од најпопуларните божиќни филмови тој го глумеше рецепционерот во хотелот Плаза.
Сега тој беше фотографиран додека шеташе во Лос Анџелес придружуван од асистент, а оваа сцена ги растажи неговите обожаватели.
Кари (78) во 2012 година доживеа мозочен удар, поради што сега користи инвалидска количка и има потреба од помошник.
Неговото семејство долго време го чуваше неговото здравје во тајност.
Забава
Сергеј Трифуновиќ и Исидора се венчаа кај матичар: Ова можам да го правам еднаш месечно
Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ вчера на својот инстаграм-профил објави фотографии од венчавката во матично.
View this post on Instagram
Во три одделни објави сподели моменти од церемонијата на која се ожени со Исидора, неговата сопруга, која е 24 години помлада од него.
View this post on Instagram
„Со тебе можам да се венчавам секој месец“, напиша тој во описот на една од објавите, каде што заедно позираат во лифт.
View this post on Instagram
Исидора Мијановиќ за оваа пригода облече долг виолетов сатенски фустан, со виолетова јакна во слична боја и бели чевли, а актерот избра црни панталони и бела кошула.
View this post on Instagram