Контакт

Забава

Повик од руската Дума до Русинките: Немојте со странците, ќе има многу деца

Објавено пред

Претседателката на руската Дума за семејни прашања, Тамара Плетнова им порача на Русинките за време на Светското првенство во фудбал, да не стапуваат во сексуални односи со странските навивачи. Според Плетнова, Русинките со таквото однесување ќе си создадат големи проблеми, како што е раѓање деца во семејства со еден родител или може татковците да си ги однесат децата со нив.

dobivaj vesti na viber

„Дури и да се создадат бракови по таквите ситуации, девојките не знаат да се извлечат од нив. Тогаш, доаѓаат во мојата комисија, одземено им е детето и така натака“ рекла Плетнова и потсетила што се случило по Олимписките игри одржани во Москва во 1980 година, кога драстично пораснал бројот на самохрани мајки.

Првенството ќе трае до 15 јули а се очекува Москва да ја посетат околу милион туристи, додека на официјалниот сајт на Фифа се продадени повеќе од два милиони влезници.

Забава

Фероинвест спонзор на меѓународниот натпревар во латино танци во Скопје

Објавено пред

Фероинвест беше спонзор на престижниот интернационален натпревар во латиноамерикански и стандардни танци, кој викендов се одржа во Скопје под покровителство на Светската федерација за спортски танц (World DanceSport Federation – WDSF).

dobivaj vesti na viber

Настанот, во организација на танцовиот клуб „Ритам Плус“, собра натпреварувачи и судии од Македонија, Србија, Турција, Австрија, Грција, Словачка, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Италија. Меѓународниот карактер и високите стандарди го вброија овој натпревар меѓу најзначајните танцови настани во регионот.

Натпреварот се одржа во спортската сала „Јане Сандански“, каде публиката имаше можност да ужива во настапите на врвни танчари и да биде дел од незаборавна вечер исполнета со енергија, емоции и танцова уметност.

Фероинвест и овој пат ја потврди својата определба за општествена одговорност, поддржувајќи активности од значење за заедницата. Компанијата редовно инвестира во области како што се образованието, здравството, спортот, уметноста, религијата и социјалните иницијативи.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Забава

Најинтимното време од годината штотуку пристигна за овие хороскопски знаци

Објавено пред

Есента, со својот мирис на дожд, шушкањето на лисјата под нозете и златно-црвената крошна на дрвјата, секогаш носи допир на носталгија и тивка меланхолија.

dobivaj vesti na viber

Додека некои хороскопски знаци бараат друштво и забава во ова време од годината, други се повлекуваат во себе, ги преиспитуваат своите одлуки и бараат подлабоко значење. За нив, есента станува најинтимното и најинспиративно време од годината.

Рак
Раковите се емотивни и поврзани со минатото, а есента им носи посебна доза на носталгија. Прошетката во парк полн со лисја често ги охрабрува да размислуваат за старите љубови и моменти што ги чуваат длабоко во себе. Есента станува сезона на интроспективна и тивка емоционална обнова за нив.

Девица
Девиците ја сакаат есента затоа што ја гледаат како можност за преиспитување и саморефлексија. Додека дождот нежно удира по прозорците надвор, тие ги анализираат сопствените одлуки и планираат за иднината. Есента е нивно идеално време да го стават својот внатрешен и надворешен ред во ред.

Шкорпија
Шкорпиите доживуваат вистинско цветање на интроспекција во есен. Интензивната атмосфера на оваа сезона совршено се совпаѓа со нивната природа, па затоа се повлекуваат во себе и ги откриваат скриените слоеви на сопствената психа. Есента им дава сила да се соочат со емоциите што инаку вешто ги кријат.

Риби
Рибите се сонувачи, а есента ги буди нивните најдлабоки мисли и чувства. Додека ги гледаат капките дожд на стаклото, тие замислуваат нови почетоци и го преиспитуваат патот што го одат. Оваа сезона отвора простори за интроспекција во нив, каде што наоѓаат инспирација, но и нова емоционална сила.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Неочекувано издание на Меган Маркл

Објавено пред

Меган Маркл се појави и на презентацијата на новата колекција на Баленсијага како дел од Неделата на модата во Париз, на изненадување на многумина, бидејќи ретко ја гледаме на модни ревии.

dobivaj vesti na viber

Ова е нејзино прво појавување на Неделата на модата во Париз, па и не е чудно што успеа да изненади многумина кога беше видена на презентацијата на колекцијата пролет-лето 2026 на „Баленсијага“.

И таа не избра што било за ова појавување, туку минималистичко, елегантно, модерно и инспиративно модно издание. Таа е инаку голем обожавател на овој моден бренд, особено на новиот директор со кого веќе соработувала.

Таа беше во бело од глава до пети; носеше креација направена специјално за неа и за оваа пригода, преголеми панталони и кошула, над која носеше долга бела свилена наметка.

Таа избра црни чевли со вртоглава потпетица, исто така од истата модна куќа, и кожна чанта исто така потпишана од француската „Баленсијага“.

Малку подоцна, на забава организирана од модната куќа, таа носеше црна верзија, што е секогаш совршен и непогрешлив избор.

Едноставен црн фустан со асиметричен горен дел и должина до глужд, исто така, совршено ѝ стоеше, а таа остана верна на чевлите на овој вечерен настан.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

„Водовод“: Поради прекини на струја дојде до два дефекти истовремено на главната водоводна линија

ЈП Водовод и канализација – Скопје известува дека поради повеќе краткотрајни прекини на снабдување со електричната енергија во регионот кај...

Регион55 минути

(Видео) Во Црна Гора убиен член на Шкаљарскиот клан: телото пронајдено во автомобил

33-годишниот Бобан Сјеклоќа беше убиен вчера околу 18 часот во продолжението на војната меѓу црногорските кланови. Телото на овој висок...

Европа2 часа

(Видео) Мерц: Русија стои зад дроновите над Германија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека се сомнева дека Русија стои зад серијата беспилотни летала видени над Германија во текот...

Свет3 часа

Рубио: Мислам дека Израел разбира дека заложниците не можат да бидат ослободени среде воздушните напади

Војната во Газа го оштети јавниот имиџ на Израел, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Според Ројтерс, американскиот државен секретар...

Свет3 часа

Трамп: Разговорите со Хамас за завршување на војната во Газа напредуваат брзо

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека преговорите со Хамас за прекин на израелската војна во Газа и ослободување на...

Европа3 часа

(Видео) Украинците го нападнаа Белгород: град со 300.000 жители остана без електрична енергија

Рускиот град Белгород и околните области беа погодени од прекин на електричната енергија синоќа. Причината беа нападите што ја оштетија...

Регион4 часа

(Видео) Мафијашка пресметка во Црна Гора, пронајдено тело на популарна плажа

Целосна полициска блокада е воспоставена во поширокото подрачје на плажата Јаз во близина на Будва вчера вечер поради убиство што...

Македонија13 часа

Мицкоски: Струмица е град на гуруто на Филипче, но времињата се менуваат, народот ќе победи, Струмица ќе победи

20 години Струмица чекаше на промени кои, еве, ви велам дека ќе се случат. Кога ве гледам во овој голем...

Македонија14 часа

Филипче: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места

„Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ работи за олигарсите, граѓаните за нив се само бројка во избирачкиот список“, оваа порака ја упати вечерва...

Македонија14 часа

Мицкоски: Завршува времето кога источниот сосед и неговиот премиер финансираше македонски политичари, за да овие му даваат подароци во форма на национални отстапки врз грбот на македонскиот народ

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот народен митинг во Радовиш, во рамки на изборната кампања за локалните...

Македонија15 часа

Филипче: Се бориме за 500 евра минимална плата и достоинство за секој работник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета на Пехчево од каде порача дека борбата на овие избори не...

Регион22 часа

Македонија ѝ понуди помош на Бугарија по катастрофалните поплави

Македонија е подготвена да обезбеди поддршка за справување со последиците од поплавите, објави претседателот на Бугарија, Румен Радев, на „Икс“,...

Свет24 часа

(Фото+видео) Масовен руски напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Русија изврши серија напади врз Украина во текот на ноќта, при што беа убиени и повредени неколку лица. Полска распореди...

Свет1 ден

Израел се согласи на почетната линија на повлекување, се чека потегот на Хамас, објави Трамп

По повеќенеделни преговори, Израел се согласи на почетната линија на повлекување, објави на социјалната мрежа “Truth” лидерот на САД Доналд...

Македонија1 ден

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од утре пад на температурите

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во...

Македонија1 ден

Мицкоски: Црвените линии на Венко се тројанскиот коњ, Бојко зборуваше дека дал пари, сега што ли е во игра?

На денешниот народен митинг во Куманово во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор!...

Македонија2 дена

Мисајловски: Куманово дополнително ќе биде град на можности

Владо Мисајловски, носител на изборна единица 2 од ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на народниот митинг, кој се одржа во Куманово,...

Македонија2 дена

Филипче од Свети Николе: Борбата за 500 евра минимална плата е за достоинство на секој човек

Вечерва од Свети Николе, каде се одржа граѓанската трибина од караванот „Се бориме за нашиот дом“, Претседателот на СДСМ, Венко...

Македонија2 дена

Филипче од Велес: Маја Хеско за урбан ред во Велес, нова сала, затворен базен и средено Езеро Младост

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина во Велес го истакна разочарувањето на граѓаните од владеењето...

Македонија2 дена

Ѓорѓиевски: Ние ќе ги решаваме проблемите на скопјани, оваа битка не е само битка за поубави и почисти улици и паркови, ова е битка за душата на нашиот главен град

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори, се обрати од денешниот народен митинг,...