Забава
Пола Абдул претера со фотошоп, фановите реагираат: „Тоа е сосема поинакво лице!“
Пола Абдул беше исмејувана на социјалните мрежи на почетокот на оваа недела по споделувањето фотографии на „Инстаграм“, на кои се гледа претерано филтрирано лице.
„Пола Абдул изгледа децении помладо од својата реална возраст на фотографиите од божиќната забава кај Кети Килтон, претерала со филтрите за лице“, коментираат таблоидите, кои веднаш ги објавија фотографиите заедно со реакциите на повеќето фанови.
„Што се случи со нејзиното лице? Пола Абдул (60) изгледа како тинејџерка во низа премногу фотошопирани фотографии од празничната забава кај Кети Хилтон, што ги натера нејзините фанови да ја исмеваат“, пишува „Дејли мејл“.
Пола – која ја покажа својата младешка фигура минатиот месец додека настапуваше на Парадата на Мејси за Денот на благодарноста – изгледа значително помлада од 60 години и нема потреба вештачки да се подмладува.
Се чини дека поранешната судијка на „Американскиот идол“ нанела филтер само на себе на фотографијата со Хилтон бидејќи ѕвездата на Real Housewives оf Beverly Hills изгледа сосема природно, без никакво разубавување.

И покрај неуспехот на фотошопот, неколку пријатели и гости на забавата со одобрување коментираа на нејзината објава на „Инстаграм“, но фановите беа многу поискрени.
„Некој ѝ го украл ‘Инстаграм’ на Пола, ова е сосема поинакво лице!“, напиша корисник на социјалната мрежа.
„Ова изгледа како сосема друга личност“, напишаа повеќето од нив.

„Дали профилот е хакиран? Во кого воопшто гледам?“, се пожали друг корисник.
Едно лице се обиде да сподели совет за пејачката. „Пола, нема потреба да ги уредуваш твоите фотографии до тој степен што луѓето не те препознаваат“.
„Не го разбирам ова. Сите знаат како всушност изгледаш. „Количината филтри овде е срамно очигледна“.

Еден фан ја задеваше: „Пола, сите го знаеме твоето лице од порано, а ова не е тоа“,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Како изгледале сестрите Кардашијан пред славата, oбјавена серија фотографии
Кортни Кардашијан сподели носталгични фотографии од 1999 година, од периодот пред семејството да стане светски познато. На Инстаграм објави серија од седум стари фотографии, меѓу кои најмногу внимание привлече божиќна слика на која таа, Ким и Клои позираат во исти пижами со леопардов дезен, држејќи подароци со идентичен украсен папир.
Во текстот се споменува и подкаст-интервју во кое Ким зборувала за раните години на славата и признала дека жали што таа и Кортни не застанале јавно многу порано во одбрана на Клои, бидејќи медиумите различно ја третирале поради изгледот.
Семејството Кардашијан стекна глобална популарност во 2007 година со стартот на реалити-серијалот „Keeping Up with the Kardashians“, коe брзо стана културен феномен и ги отвори нивните денешни медиумски и бизнис-успеси.
View this post on Instagram
Забава
Хороскопски знаци коишто најмногу растат преку болка
Промените ретко доаѓаат од удобност. Некои хороскопски знаци најмногу созреваат токму кога поминуваат низ тежок период. Шкорпија, Риби и Девица се знаци кои излегуваат посилни од болката.
Шкорпијата не избегнува темнина – таа свесно минува низ тешките искуства, знаејќи дека носат важна лекција. Губитоците и предавствата за неа не се крај, туку пресвртница.
Рибите силно ги чувствуваат ударите на животот. Најчесто тивко се трансформираат – се повлекуваат, учат да простуваат и преку духовноста наоѓаат смисла дури и во големите загуби.
Девицата во тешки моменти не бара виновни, туку учи од сопствените грешки. Болката ја тера да стане подобра верзија од себе. Иако не сака хаос, знае како од него да создаде ред. За Девица, секоја болка е лекција.
Забава
Скандал на „Мис универзум“: судијaта што поднесе оставка тврди дека Мексиканката победила поради деловни врски
Изборот за мис универзум 2025 е потресен од невиден скандал. Победата на Фатима Бош од Мексико беше оспорена од еден од судиите, а обвинувањата ги изнесе јавно на „Инстаграм“. Станува збор за Омар Харфуш, кој се повлече од жирито само неколку дена пред финалето.
Харфуш тврди дека победата на мексиканската претставничка била однапред договорена поради деловни интереси. Во својата објава тој изјави: „Мис Мексико е лажна победничка“. Тој тврдеше дека 24 часа пред крунисувањето во ексклузивно интервју открил дека таа ќе победи поради нејзината деловна заднина.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
„24 часа пред финалето на ‘Мис универзум’ реков дека мис Мексико ќе победи бидејќи сопственикот на ‘Мис универзум’, Раул Роча, е во бизнис со таткото на Фатима Бош“, рече Харфуш.
Тој додаде дека сопственикот на организацијата вршел притисок врз него.
„Раул Роча и син му пред една недела во Дубаи ме натераа да гласам за Фатима Бош бидејќи им требало таа да победи затоа што тоа ќе биде добро за нивниот бизнис!“
Либанско-францускиот композитор беше првиот од осумте члена на жирито што поднесе оставка наведувајќи ги како причина тајното гласање и одбивањето да учествува во нелегитимен процес.
„Одлучив да се повлечам од мојата улога како финален судија на ‘Мис универзум 2025’ и сметам дека е важно да објаснам зошто“, напиша тој во објавата. Тој го наведе тајното гласање како прва причина. „Два дена пред финалето се одржа тајно гласање за претходна селекција на 30 натпреварувачи од 136“, објасни тој нагласувајќи дека гласовите ги дале лица што не биле официјални судии.
„До ден-денес никој не знае кои се избраните 30, освен едно лице, кое ги поседува резултатите. Истата таа личност е поврзана со националната организација на земјата учесничка, што е јасен конфликт на интереси“, рече поранешниот член на жирито.
Харфух заклучи дека не може да учествува во таков настап за јавноста.
„Не можев да стојам пред јавноста и пред телевизиските камери преправајќи се дека легитимизирам гласање во кое никогаш не сум учествувал“, рече тој и предупреди дека таков процес може да им наштети на кандидатките што се борат за важни цели.
„Некои од земјите елиминирани преку овој процес може да бидат во војна, дискриминирани или геополитички чувствителни. Гледачите би претпоставиле дека жирито ги донело тие одлуки и дека не можам да бидам одговорен за процес во кој не сум бил дел. Преправањето дека е поинаку би било нечесно“.
Организацијата „Мис универзум“ ги негира обвинувањата.
По оставката на Харфуш и сериозните обвинувања, Организацијата „Мис универзум“ (МУО) издаде соопштение во кое негира дека импровизирано жири претходно ги селектирало финалистките.
„Организацијата „Мис универзум“ повторува дека сите процедури за оценување за 74. избор на мис универзум остануваат официјални, транспарентни и целосно водени од протоколите на МУО. Програмата „Надвор од круната“ работи независно и не е дел од процесот на оценување на изборот“, се вели во нивното соопштение.
Сепак, Харфуш ја критикува нивната изјава тврдејќи дека тие речиси ги признале обвинувањата и дека никогаш порано не слушнал за споменатата програма.
„Пол Роча и организацијата ‘Мис универзум’ во официјално соопштение штотуку признаа постоење таен ентитет наречен ‘Надвор од круната’, кој елиминира 100 натпреварувачки на финалната церемонија. Јас, Омар Харфуш, член на жирито на ‘Мис универзум’, го сметам ова за нелегално“, напиша тој во одговорот.
Целата приказна ќе добие свој епилог и на малите екрани бидејќи наградуваниот режисер Пет Мекги снима документарец за наводната изборна измама. Харфуш објави дека сите детали ќе бидат прикажани во мај 2026 година на „Ејч-би-о“. Организацијата за мис универзум сè уште не ги коментира обвинувањата дека победничката е наместена.

