Забава
Полиаморните врски сè почести
Брачната мултилатерала е сѐ почеста во денешно време. Таа добила и свое име – полиаморија.
Пoлиаморијата психолозите ја сметаат за еден вид консензуална немоногамија, односно отворени врски во кои и двајцата партнери имаат согласност од другата страна да се гледаат со други луѓе.
Најновите истражувања откриваат дека околу 21 процент од испитаниците би се вклучиле во некаква форма на консензуална немоногамија, а околу пет проценти се веќе во таква врска.
„Се сеќаваш ли дека беше со друга на Денот на вљубените? Излезе и имаше секс со неа токму на празникот. Првин мислев дека не е важно, но потоа се изнервирав“, се сеќава Анита Касиди пред камерите на Би-би-си.

„Разговаравме за ова“, одговори нејзиниот партнер Андреа Солза.
Анита била мажена, а Андреа имал девојка кога ја почнале љубовната врска. „Бев со една девојка една година. По шест месеци, ѝ кажав дека не сум моногамен, решивме да се обидеме и да видиме дали ќе ни успее. Се утврди дека не можеме, но тогаш ја запознав Анита“, раскажа тој.
Неговата врска со Анита станала сериозна, па нејзиниот сопруг сфатил дека таквата ситуација не му одговара. „Се разведовме по две години моногамен брак, бевме во брак седум или осум години, а јас бев сè повеќе фрустрирана поради неусогласеноста на нашето либидо и потребите“, открива Анита.
Психологот и сексуален едукатор Лори Бет Бизбеј изјави за Би-би-си: „Понекогаш луѓето велат: како можеш да сакаш повеќе од една личност? Ги прашувам колку деца имате. Колку кучиња имате? Тоа е иста работа. Дали сакате некого помалку? Љубовта не е ограничена, времето и енергијата се ограничени“.

„Истражувањата покажуваат дека луѓето се посреќни во врски што не се моногамни. Можеби е поврзано со фактот дека во ваква врска можете да кажете што сакате и поголеми се шансите тоа да го добиете“, вели психологот.
Според неа, луѓето сакаат ново и мистериозно, а тоа е невозможно во долги врски. „Кога не сте моногамни, тоа можете да го најдете во нови врски и да си ја освежите старата“, објаснува докторката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

