Забава
Полиција во мандрак открила речиси 20 милиони долари

Канцеларијата на американскиот државен обвинител објави многу интересна фотографија, по фасцинантното откритие на речиси 20 милиони долари под душекот на еден стан во Масачусетс.
Истражните органи веруваат дека парите потекнуваат од таканаречената пирамидална шема, односно измама во која е вклучена компанијата TelexFree, која тврдеше дека на корисниците им нуди интернет услуги. Полицијата уште додава дека пирамидалната шема била функционална од јануари 2012 до март 2014 година.
TelexFree регрутираше илјадници ‘промотори’ кои преку интернет поставуваа огласи за компанијата. Пред да се вклучат, ‘промоторите’ морале да купат удел во компанијата, по што TelexFree им компензирал сè додека на интернет ги објавувале огласите за VOIP услугата на споменатата компанија.
Сопственикот на станот во кој се пронајдени парите е 28 годишен маж, кој веднаш е уапсен и обвинет за учество во перење пари.
TelexFree во 2013 година пријави повеќе од милијарда долари приходи од продажба, иако постои сомнеж дека поголем дел од тие пари се заработени од луѓе што учествувале во пирамидална шема, јави ABC. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Откриена причината за смртта на Ози Озборн

Легендарниот рок пејач и фронтмен на групата Блек Сабат, Ози Озборн, почина на 22 јули на 76-годишна возраст, опкружен со своето семејство. Сега вистинската причина за смртта е официјално откриена.
Според официјалниот извештај, причина за смртта била акутен миокарден инфаркт и срцев застој, пишува „Дејли Мејл“.
Ози, кој во 2019 година откри дека боледува од Паркинсонова болест, беше погребан минатата недела на имотот на неговото семејство, за време на приватна церемонија на која присуствуваа членови на семејството и бројни претставници на рок сцената, вклучувајќи ги Мерилин Менсон и гитаристот на Ози, Зак Вајлд.
Фото: ЕПА
Забава
Денис Ричардс упаднала кај поранешниот по кучето, има забрана за приближување

Актерката Денис Ричардс е видена како разговара со полицијата откога неочекувано влегла во куќата на поранешниот сопруг Арон Фајперс и покрај тоа што има изречена забрана за приближување.
Според медиумски извештаи, Ричардс во неделата попладне упаднала во куќата во Калабасас, Калифорнија, каде што моментно живее Фајперс со неговите родители и со братот наводно за да го земе својот милениче – кучето. Извор близок до настанот за ТМЗ изјавил дека таа тропала на задната врата по што родителите на Фајперс ѝ отвориле. Потоа, според истиот извор, таа почнала да им вика да ја напуштат куќата.
Се тврди и дека 54-годишната актерка им покажувала со прст на родителите на поранешниот сопруг, се обидела да го удри брат му, а наводно фрлала и пошта кон зетот.
По интервенцијата, полицијата заклучила дека нема основано сомнение за кривично дело и не презела дополнителни мерки.
Адвокатот на Ричардс, Брет Берман, негира каква било вина на својата клиентка. За магазинот „Пипл“ изјави дека Ричардс не ја прекршила забраната за приближување бидејќи претходно се уверила дека Фајперс „не бил присутен во нејзината куќа“.
„Госпоѓа Ричардс влезе во куќата за да си го земе кучето откога дозна дека господинот Фајперс, без нејзино знаење и дозвола, успеал да однесе едно од нејзините миленичиња“, рече Берман.
Од друга страна, извор близок до Фајперс ги нарече овие тврдења 100 отсто лажни.
Ова е само последниот развој во контроверзната врска меѓу Ричардс и Фајперс. Минатиот месец актерката доби привремена забрана за приближување до Фајперс откога тој поднесе барање за развод по шест години брак.
Ричардс го обвини Фајперс за психичко и физичко насилство тврдејќи дека ја удирал, ја давел и ѝ се заканувал со убиство.
Претставниците на Денис Ричардс сè уште не дале официјална изјава за медиумите.
Забава
Мел Би се омажи вторпат за истиот маж во Мароко

Поранешната членка на поранешната група „Спајс грлс“, пејачката Мел Би, го кажа судбоносното „да“ вторпат на Рори Мекфи.
Мел Би и нејзиниот партнер Рори Мекфи се венчаа првпат на почетокот на јули во Лондон, а двојката не можеше да одолее на желбата да се венчаат втоерпат во Мароко во луксузниот хотел „Селман Маракеш“.
Поранешната „спајсица“ објави фотографии од уште една гламурозна прослава на „Инстаграм“ со опис:
„Се венчавме! Повторно! Свадбата беше толку добра што моравме да ја продолжиме прославата со нашите најблиски на нашето омилено место“, напиша Мел.
Ова можеби е трета среќа за Мел Би. Таа беше во брак со Џими Гулзар (1998 – 2000) и со Стивен Белафонте (2007 – 2018).
Таа е во врска со Рори од 2017 година, а се свршија во 2022 година. Тој е фризер по професија, а пред тоа ѝ беше долгогодишен пријател на пејачката.