Забава
Половина милион „допаѓања“: Салма Хајек ги воодушеви обожавателите со фотографија во бикини

Салма Хајек на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која позира во црни бикини и ги воодушеви своите обожаватели. На фотографијата, која собра речиси половина милион „допаѓања“, 57-годишната актерка позира во плитко, а во описот откри дека фотографијата ѝ ја направила 16-годишната ќерка Валентина.
View this post on Instagram
„Секогаш е добро да се има фотограф во семејството“, се пошегува актерката, а некој во коментар ѝ одговорил: „Секогаш е добро да се има такво тело“.
Инаку, Салма често со обожавателите споделува видеа на кои знае да се пошегува на сметка на стареењето, како, на пример, видео во кое покажа трик со кој ја покрива седата коса за само неколку секунди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Тие се новиот совршен пар: разликата од 20 години е незабележлива

Додека сите зборуваат за доделувањето на наградите Еми, двајцата шетаат низ градот, одат на забави и уживаат во љубовта.
Холивудскиот пар, моделот Џиџи Хадид (30) и актерот Бредли Купер (50) одамна престанаа да ја кријат својата љубов.
Убавата манекенка ја потврди својата врска на социјалните мрежи за прв пат за време на прославата на нејзиниот 30-ти роденден, иако се во врска две години.
Наместо да присуствуваат на доделувањето на наградите „Еми“, двојката одлучи да оди во ресторан во Њујорк, а папараците ги фатија како си заминуваат од коктел забава.
Модното издание на убавата Џиџи веднаш привлече внимание, со оглед на тоа што таа се одлучи за впечатлив шарен фустан и сребрени потпетици.
Бредли Купер не заостануваше многу кога станува збор за мода. Класична црна комбинација, панталони и кошула, секогаш е хит, па холивудскиот заводник беше беспрекорен и овој пат.
Џиџи и Бредли ја држеа својата врска подалеку од очите на јавноста уште од самиот почеток. Никогаш не ја криеле, но не сакале да ги откриваат деталите од нивната врска. Се знае само дека се многу сериозни, но во исто време опуштени и уживаат во секој момент.
Двајцата имаат деца од претходни врски, Бредли има ќерка со Ирина Шајк, додека Џиџи има дете со Зејн Малик. Нивните ќерки наводно се сложуваат одлично, што им го олеснува заедничкиот живот уште повеќе.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Камила, Кејт и Меланија на едно место – но јасно е кој е главен

Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп пристигнаа во Обединетото Кралство. Трамп и Меланија патуваа со хеликоптер „Марин Уан“, а по слетувањето ги пречекаа принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон.
Набргу потоа, американскиот претседател и неговата сопруга се сретнаа со кралот Чарлс и кралицата Камила пред замокот Виндзор, а фотографиите од моментот станаа вирални.
Дури и модните критичари се вклучија, коментирајќи ги различните стилови на присутните дами. Јасно е дека кралицата Камила и принцезата Кејт уживаа во разговорот со првата дама Меланија Трамп, а светот беше воодушевен од нивните облеки.
Се чини дека сите три дами го следеа кодексот на облекување. Сепак, Меланија Трамп, како модна икона, ги прилагоди кралските норми на својот стил.
Иако се одлучи за темно сива облека што ја нагласуваше нејзината витка фигура, таа додаде и преголема виолетова шапка во својот стил што беше во контраст со нејзината монохроматска облека.
Како да сакаше да го скрие погледот од јавноста…
Што се однесува до кралицата и принцезата, Камила носеше кралски син макси фустан и шапка што совршено одговараше на нејзината облека.
Ниту Кејт не разочара со својата облека, одлучувајќи се за бордо фустан-палто кој го комбинираше со високи потпетици.
Нејзините долги кадрици беа исто така забележливи, давајќи му на целиот стајлинг допир на женственост.
Иако сите три дами шармираа со своите модни изјави, изгледа дека Меланија Трамп го презеде водството.
Таа е сè уште модна икона!
Фото: принтскрин
Забава
(Фото) Шокантно издание на контроверзната актерка

Иако доаѓа од Холивуд, можеби малку претера кога станува збор за црвениот тепих, но тоа е Џена Ортега.
Ѕвездата на хорор-филмовите се погрижи да биде главна тема на доделувањето на наградите „Еми“, а многумина дури ја вклучија и на листата на најлошо облечени ѕвезди.
Таа се појави во здолниште и малку чуден топ, кој требаше да претставува маица.
Џена носеше декоративни нитни, поголеми бисери и многу други предмети што личеа на скапоцени камења, кои го заменија горниот дел од нејзината облека.
Исто така, имаше силна вечерна шминка со нагласени очи, но и темен кармин, па не знаете каде попрво да погледнете со толку многу впечатливи детали.
Секако, не носеше ништо под горниот дел.
Својот моден изглед го комплетира со едноставни сандали на платформа со тенка лента и без никакви проблеми продолжи да позира за собраните фотографи.
фото: принтскрин