Забава
Полусестрата на војвотката Меган тврди дека таа ѝ е љубоморна на војвотката Кејт
Саманта Маркл, контроверзната полусестра на војвотката од Сасекс, Меган, повторно ѝ се нафрли на отуѓената сестра со тврдења дека Меган намерно го објавила планот на сопругот, принцот Хари, да се повлечат од кралските должности во пресрет на 38. роденден на Кејт на 9 јануари затоа што сакала да го уништи нејзиниот посебен ден.
Во изјава за „Дејли стар онлајн“, Саманта рече: „Тажно е што тоа го стори на роденденот на Кејт – верувам дека ѝ била љубоморна на убавата Кејт. Таа никогаш не може да се споредува со неа – Кејт е икона!“

„Совршен материјал за кралица, прекрасна како член на семејството, особено како мајка“, вели Саманта, постара полусестра на војвотката Меган.
„Бев импресионирана од тоа како Кејт може да направи фустан од 200 долари да изгледа како од два милиона долари“.
Минатиот јули – шест месеци пред кралскиот пар да го соопшти својот план да поминуваат повеќе време во Америка – се појави снимка на која Хари (35) зборува со директорот на „Дизни“, Боб Игер, на лондонската премиера на „Кралот лав“ (The Lion King), еден од најпопуларните анимирани мјузикли на „Дизни“.
Принцот, наводно, побарал од шефот на франшизата да ѝ даде некој ангажман на сопругата Меган затоа што таа била многу заинтересирана за работа.
Саманта остро ја критикува Меган велејќи дека таа му се понудила на „Дизни“ во обид да добие работа од нив.
„Потегот за ‘Дизни’ би бил во ред ако беше инициран по напуштањето на кралските должности, но се чини несоодветен предвреме. Тоа е непочитување на кралскиот протокол. Тоа е како да изневерувате сопружник и да давате телефонски број за романтична вечера пред да се разведете“, вели Саманта.
Кога решија да се оддалечат од кралското семејство, Меган и Хари се преселија во Канада со синот Арчи (девет месеци), а пријателите веруваат дека одлуката уште повеќе ги зближила.
Еден извор неодамна рече: „Тие се занесени и многу слатки еден со друг. Арчи е приоритет. Најважно од сè им да се грижат за него и да го постават семејството на прво место. Тој е среќно дете – сака да се смее. Арчи и Хари поминуваат многу време заедно и супер им е. Меган е одлична мајка. Таа многу сака да се грижи за Арчи. И Меган и Хари преферираат нормален начин на живеење. Се обидуваат да го живеат животот како нормални родители“.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кои хороскопски знаци се најстроги родители
Астрологијата сугерира дека одредени хороскопски знаци во улогата на родители не отстапуваат од своите принципи и воспитуваат со дисциплина, јасни правила и високи очекувања.
Јарец
Јарците се симбол на дисциплина. Под влијание на Сатурн, воспитувањето го сфаќаат како сериозна животна мисија. Очекуваат ред, одговорност и исполнување на обврските без изговори. Иако делуваат строги, нивната љубов се изразува преку стабилност и учење на вредноста на трудот и упорноста.
Девица
Перфекционистите на зодијакот поставуваат високи стандарди. Домот им е организиран, а од децата се очекува дисциплина, добри навики и посветеност. Критиките не им се злонамерни – целта е детето да го достигне својот целосен потенцијал.
Лав
Лавовите имаат големи очекувања од своите деца и ги поттикнуваат да блескаат. Иако се топли и дарежливи, бараат почит и одговорност. Веруваат во исклучителноста на своите деца и ги туркаат напред за да успеат.
Овен
Како родени лидери, Овните ги воспитуваат децата да бидат храбри, самостојни и борбени. Не толерираат откажување и ги учат директно да се соочуваат со предизвиците.
Шкорпија
Интензивни и заштитнички настроени, Шкорпиите бараат искреност и емоционална сила. Веруваат дека карактерот се гради преку соочување со тешкотии, па воспитуваат психолошки издржливи личности.
Забава
Владо Георгиев со голем концерт во Скопје
По четири Белградски арени, Владо Георгиев со голем концерт во Скопје
Еден од омилените балкански кантавтори, секогаш актуелниот Владо Георгиев на 20 март 2026 година ќе одржи голем солистички концерт во Скопје.
По три рекордно распродадени концерти во Белградска арена и четврт концерт на 7 март за кој побаравувачката е голема, „Господски“ концерт ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански“.
„На македонската публиката ќе ѝ биде претставена Господска музичка приказна што ги надминува рамките на традиционалната концертна изведба. Препознатливата комбинација од боемски сензибилитет, музичка елеганција и емоционална искреност на Владо ќе го направат овој концерт посебно искуство што ќе се памети долго време“, велат организаторите.
Влезниците се веќе достапни во продажба на ddtickets.rs.
Забава
Повеќе од пријатели, помалку од љубовен пар: пет хороскопски знаци се мајстори за врски без обврски
Ова е зоната каде што сте „повеќе од пријатели, но сè уште не сте пар“, каде што постои состанување, но „етикетата“ ја нема, а прашањето „каде води ова?“ изгледа како забранета мисла.
Ако често се наоѓате во такви „речиси врски“, можеби не е виновен само начинот на кој ги избирате партнерите, туку и вашиот знак.
Пет хороскопски знаци кои се кралеви на вакви врски:
1. Близнаци – мајстори за „нека оди се по својот тек“
Близнаците лесно се наоѓаат во врски без „етикета“. За нив, монотоната рутина и сериозните обврски се здодевни, додека „ситуацијата без обврски“ им носи ментална стимулација и забава. Сепак, тие постојано бараат нешто подобро зад аголот, па затоа нивната необврзаност служи како заштита од емоционален ризик.
2. Вага – кралици на балансирање и неодлучност
Вагата сака блискост, но избегнува конфликт. Поставувањето јасни граници или барањето ексклузивност им се чини како тежок разговор, па затоа претпочитаат да останат во „сивата зона“ отколку да уништат добро чувство. За нив, мирот и хармонијата се повредни од формалната врска.
3. Стрелец – слободата пред сè
Стрелците го гледаат зборот „приврзаност“ како затвор. Уживаат во излегувања, флертување и длабоки разговори, но кога нивниот партнер очекува планови за следната недела, тие исчезнуваат. Врските без обврски им овозможуваат да уживаат во придобивките од врската, а воедно да ја задржат апсолутната слобода – па дури и да купат билет за Бали без објаснување.
4. Риби – романса и „розова магла“
Рибите не ги доживуваат ваквите врски како привремени, туку во главата снимаат сцени од романтична приказна на Нетфликс каде што крајот е секогаш совршен. Се заљубуваат во потенцијалот, а не во реалноста, игнорирајќи ги црвените знамиња и останувајќи во „врската“ со надеж за чудо.
5. Водолија – Емоционално оддалечени визионери
На Водолијата и е сосема во ред да има „пријатели со бенефиции“. Тие тешко ги обработуваат длабоките чувства, па затоа лежерната ситуација им одговара совршено. Тие се плашат дека формалната врска би можела да ја загрози нивната слобода и индивидуалност, па затоа претпочитаат да кажат „се гледаме“ наместо „заедно сме“, дури и ако поминуваат ден и ноќ заедно.
Ваквите врски можат да бидат забавни и удобни, но секој знак има своја причина да остане во таа „сива зона“. Од Близнаци кои не сакаат етикети, до Рибите кои живеат во розова магла и Водолијата која ја чува својата слобода – астролошката перспектива дава добар увид во тоа зошто некои луѓе едноставно не се обврзуваат.

