Забава
Помладата ќерка на Трамп во врска со момче од Нигерија
Тифани Трамп (25), помладата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, и нејзиното момче Мајкл Булос, беа забележани во Лондон само една недела по откривањето на својата врска, пренесува „Пипл“.
Двојката изгледаше расположено додека одеше на вечера, каде што им се придружи британската пејачка Мица Париз.
Тифани ја откри нивната врска на 4 јануари кога ја објави заедничката фотографија направена во Црвената соба во Белата куќа. Овој дел од Белата куќа не спаѓа на приватната резиденција на претседателското семејство.
Не е познато дали нејзиното момче го запознало татко ѝ, американскиот претседател Доналд Трамп, во таа пригода. Пред објавувањето на врската двојката беше снимена на 8 септември на модна ревија во Њујорк.
Медиумите известуваат дека Булос, наводно, го запознал семејството на Тифани за време на Денот на благодарноста.
Инаку, тие се запознале минатото лето на Миконос во Грција во еден клуб на плажа во сопственост на актерката Линдзи Лохан.

Булос е, како и Тифани, дете од богато семејство.
За многумина овој однос е исклучително интересен, најмногу поради тоа што Мајкл е роден во Нигерија.
Трамп во една пригода ја навреди државата Нигерија нарекувајќи ја „ус*ана дупка“ додека минатата година зборуваше за имиграцијата.
Тој го негира ова бргу, но рече дека употребил поостар речник. Властите на Нигерија го оценија неговиот говор како длабоко навредлив и неприфатлив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Ај кју“ со Pay the Price го продолжуваат музичкиот континуитет
Дуото составено од Бојан и Марија го продолжуваат својот музички пат со песни испеани на англиски јазик, а најнова во низата е песната „Pay the Price“. Музиката и аранжманот е целосно дело на Бојан, а текстот го напишаа заедно со Марија и уште една нивна редовна соработничка од Лондон.
Песната опишува едно типично секојдневие на партнери кои живеат заедно и низ шармантен и духовит начин ги доловува ситуациите кои се предизвици на партнерите.
Песната е снимена во Лондон во студиото во кое творат последните неколку години и на оваа песна ја продолжија соработката со ко-продуцентите од Шведска и Италија.
Забава
(Видео) Враќање во иднината со Јован Јованов и Елвир Мекиќ
Јован Јованов и Елвир Мекиќ повторно ги споија своите гласови и енергија, 16 години откако ја испеаја „Слаба точка“.
Музички позрели од претходно, а сепак со истата страст, тие ја снимија песната „Адреналин“, која ќе биде вистински хит, а ќе почнете да си ја пеете и да играте во нејзин ритам уште на првото слушање.
Премиерата на песната е закажана за 01.11.2025 (сабота) во 15:00 часот.
Забава
Заборавете на црното: овој капут е хит за зимата и тешко е да се победи
Оваа сезона ќе се оддалечиме од вечниот класик – црниот капут, кој е неопходен дел од зимскиот гардеробер, и ќе носиме таков што е малку потежок за одржување, но ја воздигнува секоја комбинација во студените денови.
Постигнувањето елегантен зимски изглед често се сведува на едно клучно парче облека – совршениот капут. Бидејќи ја дефинира целата силуета, добриот капут ви овозможува да носите речиси сè под него, а сепак да изгледате беспрекорно. Токму затоа модните експерти посветуваат посебно внимание на изборот на идеалниот модел секоја сезона.
Оваа зима еден стил и една боја особено се издвојуваат и привлекуваат внимание со својата ненаметлива софистицираност, а тоа е кремастиот капут.

Фактот дека капутите во оваа боја се вистински хит го потврдија многу познати личности, вклучувајќи ги Селена Гомез, Ема Вотсон и други, кои избраа вакви капути за разни пригоди во изминатите неколку недели, а истиот тренд го прифатија и многубројни инфлуенсери.
Одлична алтернатива на белата
За разлика од чисто белата, кремастите нијанси нудат помек и потопол изглед и создаваат посуптилен контраст на потемните бои внесувајќи доза елеганција, што е тешко да се победи.

Секако, клучниот предизвик со овој тренд е одржувањето. Бидејќи кремастите палта се чувствителни на нечистотија, се препорачува да се чуваат за суви денови и за посебни пригоди, а за дождливи и ветровити денови потемните модели се сепак попрактичен избор.
Свежо, елегантно и несомнено софистицирано, кремастото палто е парче што веднаш го воздигнува секој зимски гардеробер. Од популарни брендови до дизајнерски класици – понудата е побогата од кога било досега оваа сезона.
фото: принтскрин

