Забава
Поранешната девојка на Тајгер Вудс тврди дека ѝ должи 30 милион долари
Драмата продолжува меѓу славниот голф-играч Тајгер Вудс и неговата поранешна девојка Ерика Херман, која поведе тужба против него и бара отштета од 30 милиони долари за наводно непочитување устен договор.
Ерика и Тајгер живееја заедно на Флорида во текот на шестгодишната врска.
Додека биле заедно, Ерика, тогашна менаџерка на ресторан, наводно вршела услуги за спортската легенда наместо да плаќа кирија иако имало само устен договор за закуп меѓу парот. Таа тврди дека закупот требало да трае уште пет години по разделбата минатата есен.

Сепак, според документите до кои дојде ТМЗ, Ерика тврди дека минатата есен персоналот на Тајгер ја убедил да се спакува за кус одмор без него, но откога ја однеле до аеродромот, ѝ било кажано дека не ѝ дозволено да се врати во куќата.
38-годишната жена тврди дека еден од адвокатите на Тајгер ја пречекал на аеродромот со предлог за решавање какви било проблеми меѓу поранешната двојка. Таа исто така тврди дека ѝ биле одземени повеќе од 40.000 долари во готовина од куќата по обвинувањето дека прави нешто сомнително за да ги добие парите.
Ерика поведе тужба против фондацијата на Тајгер, сопственикот на куќата, и бара 30 милиони американски долари за кои тврди дека е разумна вредност за изнајмување на куќата на Тајгер за пет години за кои таа тврди дека преостануваат според нивниот устен договор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кејт Мос го покажа сексапилот на моделите од 90-тите
Миланската модна недела собра многу познати ѕвезди. Вниманието на јавноста го привлече и легендарната Кејт Мос, која се врати на модната писта.
Британската манекенка носеше ревија на Гучи, а за пригодата донесе ризично парче облека. Станува збор за тесен фустан со долги ракави што ја следи линијата на телото и ја нагласува витката фигура.
Сепак, ѕвездата на оваа креација беше отворениот грб, што беше и нејзин контроверзен дел. Фустанот го откри грбот на Кејт и танга гаќичките со впечатливо лого на куќата.
JUST IN: Milan Fashion Week, Italy 🇮🇹
At 52, Kate Moss makes a comeback on the runway for Gucci
Closing the show with a “galactic” walk destined to be iconic ✨pic.twitter.com/YtpnWiiEp5
— Mambo Italiano (@mamboitaliano__) February 27, 2026
Покрај тоа, таа го покажа своето легендарно одење кое ја краси од почетокот на нејзината манекенска кариера. Јавноста во првите редови остана без здив кога Кејт ја покажа целата своја грациозност.
Забава
„Убава е, штета е што не знае како да се облекува“: Георгина овој пат брутално им одговори на сите
Свршеницата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, објави неколку фотографии од Неделата на модата во Милано, каде што присуствуваше на ревијата на Гучи и се потсети на деновите поминати во нивната луксузна продавница во Шпанија.
И сега Георгина е мета на коментари за нејзините модни избори, но тоа не ја загрижи, како и обично. За ревијата на Гучи, таа избра луксузно крзнено палто кое го комбинираше со чипкани чорапи и црни чевли.
Чантата, секако, беше потпишана од нејзината омилена куќа, каде што некогаш работеше, а го запозна и познатиот Кристијано Роналдо.
Својот стил го комплетираше со впечатлив накит, а потоа го следеше трендот што неодамна доминираше на социјалните мрежи, а кој се однесува на споредбата на 2026 и 2016 година.
Убавата Георгина објави стара фотографија од себе од 2016 година кога сè уште работеше во продавницата на Гучи, а потоа и најновата од ревијата, каде што ужива во луксуз.
„Пак промаши, не вреди“, „Сите пари не ѝ помагаат“, „Убава споредба, но стилизирањето е катастрофа“, „Убава, штета што не знае да се облекува“, беа дел од коментарите, но имаше и такви што ја пофалија.
Забава
(Видео) Кралица на модата е само една: Совршениот капут постои и го носи Кејт Мидлтон
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, повторно ја зацврсти својата позиција на листата на најдобро облечени жени, барем во Европа, овој пат во Њутаун, Велс, каде што беше на кралска посета.
Иако избра монохроматски стил, бордо од глава до пети, Кејт не се „сопна“ на модната задача и воопшто не беше здодевна. Главната ѕвезда на нејзиниот стајлинг е бордо капут со двојни копчиња, модел од Александар Меквин.
Бордо бојата е вистински хит оваа година, и се чини дека ќе го означи самиот почеток на пролетта. Кејт го комплетираше палтото со шал во истата нијанса и кожни чизми, а додека одеше, под палтото се гледаше плисирано здолниште – повторно во бордо боја.
Единственото нешто што „истакнуваше“ беа обетките со жолт скапоцен камен и брош со нарцис, посветен на Велс, со оглед на тоа што нарцисот е нивен национален симбол.
Кејт Мидлтон долго време носи исклучиво подолги палта, што дополнително ја нагласува нејзината фигура, ја издолжува и го прави нејзиниот струк уште потенок.
Покрај тоа, принцезата од Велс се погрижи нејзината фризура да биде едноставна, но елегантна, нежните бранови, како и обично, совршено ѝ прилегаа на Кејт и го надополнуваа нејзиниот изглед.

